Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34


Информатор бр. 34


Дупло повисоки казни за педофилите
Се менува кривичниот законик

Во Данска педофилите се кастрираат
Интервју: Драги Змијанац, директор на првата детска амбасада во светот Меѓаши

ВО СТРУШКОТО СЕЛО ЛАБУНИШТА
Деветгодишно девојче силувано од пријател на мајката

Силуваните деца препуштени сами на себе
Ниту некој не' побарал ниту не' прашал како сме по грозоморната сексуална тортура низ која поминало моето девојче, вели нашата соговорничка

СУДИИТЕ СЕ ПРЕМНОГУ ТОЛЕРАНТНИ КОН ПЕДОФИЛИТЕ
Казната доживотен затвор се уште само на хартија

МЦМС
Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) финансиски ги поддржа активностите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши за превенција и заштита на децата од педофилија и сексуална злоупотреба.

Судиите се обучуваа за процеси со деца жртви на сексуална злоупотреба
Во организација на Академијата за обуки на судии и обвинители и Првата детска амбасада- Меѓаши денеска во Скопје се одржа семинар на тема „Сексуалната злоупотреба на децата и нивната кривично правна процедура.

Хуманитарен телефон
Од хуманитарниот Телефон „Сонувај мирно”, кој се одржа на 23 ноември 2008 г., на МРТВ, собрани се вкупно 185.400 денари, наменети за Фондот за поддршка на деца и млади жртви на сексуална злоупотреба. 

"Сонувај" - химна на кампањата за поддршка на децата и младите жртви на сексуална злоупотреба
Музика, текст, аранжман и продукција: Александар Масевски Пеат: Александра Пилева, Браво Бенд, Gemini, Бени Шаќири, Мартин Србиновски, Деана Николовска, Next Time, Елена Петреска, Даниел Стојмановски, Мартин Вучиќ, Андријана Јаневска, Иле Спасев, Танја Б и Александар Масевски

Хуманитарен штанд во „Рамстор“
Хуманитарен штанд на Центарот за институционален развој (ЦИРА) и првата детска амбасада „Меѓаши“ ќе биде отворен во Рамстор од денеска до крајот на месецот, секој ден од 12 до 20 часот, како продолжение на Кампањата за креирање фонд за поддршка на деца и млади жртви на сексуална злоупотреба.

реакција за негрижа на деца сместени во Детскиот дом ”11 Октомври” како и несоодветна постапка на Центарот за социјална работа Берово.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши континуирано реагира за одредени случаи на насилство и негрижа врз децата, особено кога станува збор за потешки случаи. За жал некои од нив оставаат подолготрајни последици врз здравјето и развојот на детето, а се предизвикани од оние кои се должни да се грижат за децата или од институциите на системот на кои им се доверени за грижа и нега.

Братче и сестричка тепани во Домот „11 Октомври“, надлежните негираат
Единаесетгодишното момче со тумор на мочниот меур било тепано секогаш кога ја барало мајка си

Сивиот дом
Шлаканици наместо љубов им делеле воспитувачи на штитениците од Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Дете болно од рак добило ќотек само затоа што барало да си оди дома, кај својата мајка. Побегнало од тортурата во Домот, а сега се заканува дека ќе се убие ако го вратат назад. 

Малиот Атанаско живее во страв дека повторно ќе биде вратен во домот „11 Октомри“
Затворен во себе под постојан притисок и страв дека ќе биде повторно однесен во домот „11Октомври“ живее малиот Атанаско. Спие со мајка му, не се дружи со децата, не оди на училиште. 

По братчето, и сестричката побегна од Домот „11 Октомври“
Двете деца се кај своите родители во Пехчево, од кои беа одземени пред еден и пол месец

Народниот правобранител одговори на писмената преставка на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Република Македонија во врска со случајот на Агуш Салиоски.
„Министерството за здравство го известило Народниот правобранител дека при стручниот надзор Комисијата утврдила и стручни пропусти, односно не била навреме извршена хируршка обработка на раната, ненавремено биле регистрирани промените на состојбата на раката на детето, гипсот не бил отстранет во целост,...“

Реакција во врска со написот лиферуван од Првата детска амбасада ,,Меѓаши,,
Министерството за труд и социјална политика информира дека семејството за кое што станува збор во написот е добро познато на Центарот за социјална работа во Берово, како и на органите за внатрешни работи на територијата на Општина Берово, поради нарушени семејни односи. 

Започна кампањата Види, слушни, кажи
На 07 Ноември, во 11 часот, во просториите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши се одржа прес конференција по повод започнување на кампањата „Види, слушни, кажи”.

Децата и телесното казнување
1 месец по започнувањето на кампањата "ВИДИ, СЛУШНИ, КАЖИ"

И наставниците се жалат во Детската амбасада
„Меѓаши“ ги презентираше резултатите од кампањата „Види, слушни, кажи“

Ќотекот и натаму популарна „воспитна мерка“ за децата во Македонија
вторник, 25 ноември 2008

УЖАС СРЕД БЕЛ ДЕН
Деца се дрогираат на Плоштад!

Загрижувачки бројки на малолетничка деликвенција Катерина Гетева
Малолетните деликвенти најчесто завршуват во Шутка

Реакција по повод штрајкот на СОНК
Првата детска амбасада во светот Меѓаши бара СОНК и Министерството за образование и наука на Република Македонија (МОН) да ја почитуваат Конвенцијата за правата на детето (КПД) потпишана и ратификувана од Република Македонија каде јасно е дефинирано дека во сите активности кои се однесуваат на децата од примарно значење се најдобрите интереси на детето (член 3 од КПД).

Соработка со други организации

Милица Панева и Методија Најчевски добитници на сертификат
Резултати од конкурсот за доделување на златен, сребрен и бронзен Волонтерски сертификат на Младински културен центар- Битола (Волонтерски центар на Македонија) за 2008

Извештај за состојба со каси и честитки
Каси информатор

Детската Амбасада во учебникот за Запознавање на околината за 3то одделение

Посета од училишта

Промоција на проектот ,,Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет,,
Општината Кисела Вода дава поддршка за имплементација и реализацијата на проектот ,,Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет,, организирана од страна на фондацијата ,,Метаморфозис,, која се одвива во соработка со Првата детска амбасада во светот ,,Меѓаши,,.

Дедо мраз
Првата детска амбасада во светот Меѓаши na 31.12.2008 во 11 и 12 часот во просториите на амбасадата на ул.“Коста Новаковиќ‘‘ бр 22 организираше забава со подароци за децата со присуство на Дедо Мраз. 

НОВОГОДИШНИ РАБОТИЛНИЦИ ВО РАМСТОР
Во периодот од 15 до 30 Декември, во просториите на трговскиот центар Рамстор, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, учествуваше со новогодишни работилници.

Доверба
Првта детска амбасада во светот Меѓаши е во групата на Препознаени граѓански организации кои придонесуваат во борбата против Сиромаштијата, Успешни граѓански организации и Препознаени граѓански организации кои придонесуваат во развојот на граѓанското општство.

Мултидисциплинарен пристап
Во периодот од 10 до 12 Декември, 2008 година, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во Хотел Поречки Бисер, во Самоков одржа тренинг на тема Мултидисциплинарен пристап во областа Насилство и негрижа врз децата – Препознавање, разбирање, интервенција.

Меѓународна конференција
Интердисциплинарен пристап во решавањето случаи на злоупотреба врз децата

ЛОКАЛЕН ТРЕНИНГ
Во периодот од 26 до 28 Декември, 2008 година, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во Хотел Цар Самол, во Банско одржа тренинг на тема Специфики на контакт со трауматизирано дете ( Препознавање на емоционално, физичко и сексуално насилство и негрижа врз децата ).

СУБРЕГИОНАЛЕН ТРЕНИНГ
Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во соработка со Фондацијата “Ничии деца” од Полска, од минатата година реализира проект под име Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа.

Дипломати

Првата дама на Словенија Барбара Миклиќ - Тирк во посета на Првата детска амбасада
Првата дама на Словенија госпоѓата Барбара Миклиќ – Тирk  имаше средба и со децата кои се вклучени во Дневниот ценар за деца на улица, со децата од Детските работилници и со работниот тим во Амбасадата

Листа на подржувачи 2009
Добротворен прилог за Дневниот центар за деца на улица

Донаторска конференција
На 05.11.2008 Националната Канцеларија одржа Донаторска Конференција во насока на оддржливост на Коалицијата и проектите кои се реализираат или постои идеа да се реализираат во иднина.

Тренинг во Кочани
Од 9-13.01.2008 во хотел Градче Кочани, беше одржан базичен тренинг од областа на ненасилната разработка на конфликти во рамките на проектот Развивање на демократски уЕилишта-уЕејќи и живеејќи го мирот.

Интернационална конфернција на СОС телефоните за деца
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ од 2004. е член на CHI (Child Helpline International) светска мрежа на СОС телефони за деца и млади.

СУПЕРВИЗИЈА
На 25 Декември, 2008 година, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во просториите на Клиниката за Психијатрија, одржа тренинг на тема "Препознавање различни облици на злоупотреба и запоставување на децата

„Да не дозволиме телевизорот да ни ги воспитува децата“
Скопје, 28 ноември (МИА) - „Да не дозволиме телевизорот да ни ги воспитува децата“ е кампањата што ја промовира денеска Советот за радидодифузија со цел да ја зголеми свеста за заштита на малолетната публика од програми што влијаат штетно на нејзиниот физички, психички и морален развој.

Заврши циклусот на работилници за дигитални приказни
Викендот на 31 јануари и 1 февруари се одржа последната од циклусот од три работилници за дигитални приказни, кои беа организирани од Британскиот совет и Cre8ive8, во партнерство со фондацијата Метаморфозис.


Бушавко бр. 34

Преземи
PDF 676 KB