Почетна » Архива » 2011

Во најновиот број на електронскиот информатор на Амбасадата БУШАВКО бр 41 (Мај 2011 - Декември 2011) можете да ги прочитате следните содржини:
1. Дневен центар за деца кои не посетуваат училиште при Првата детска амбасада во светот Меѓаши. 2. Глобална кампања за образование – Недела за акција. 3. Борба против сексуална злоупотреба на деца, педофилија и родосквернавење. 4. Светски ден за превенција од злоупотреба на децата (19 Ноември) и Светски ден на детето (20 Ноември). 5. По скандалот во посебните училишта. 6. Насилство во училиштата. 7. Програма за Мировно образование. 8. Семејно насилство. 9. Мониторирање на детските права. 10. СОС телефон за деца и млади 0800 1 22 22 и бесплатна правна служба. 11. Поддршка на ранливите групи на деца во Македонија. 12. Исчезнати и грабнати деца. 13. Злоупотреба на детскиот труд. 14. Безбедно на интернет. 15. 2011 година, година на волонтеризмот. 16. Од Дом на Свое!

Од дом на свое!” (“From Foster to Prosper”) имплементиран од страна на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши
,,Кога ќе кажеш дека си дете од дом, не ти даваат можност да се покажеш во која било работа, не ти даваат да одиш напред, оти немаат доверба, оти мислат дека децата се криминалци, децата се вакви-такви. А има деца што завршуваат за полицајци и сега се инспектори, значи големи луѓе што станале, кои покажале дека можат да бидат и они луѓе како секој граѓанин.” - изјава од И.Ј., еден од младинците кој ја напуштил установата за згрижување на деца и младинци без родители и родителска грижа на 18 годишна возраст, вклучен во спроведените интервјуа во рамките на проектот ,,Од Дом на свое“.

Седма година по ред Првата детска амбасада во светот – Меѓаши спроведува – Продажба на новогодишни честитки за реализирање на активностите на Амбасадата.

Со купувањето на новогодишните честитки ги поддржувате активностите на Детската Амбасада - Меѓаши. Честитките се единствени со уникатен дизајн кој што не може да се најде на ниту едно друго место. Средствата кои што ќе бидат собрани од честитките ќе бидат наменети за: - СОС - телефон за деца и млади 0800 1 22 22 (бесплатна линија) - Дневен центар за деца кои не одат на училиште - Бесплатна правна служба

Очув силувал ќерка и нејзината другарка
08 октомври 2011 15:19 Во полициската станица во скопската населба Гази Баба, вчера мајка на малолетно девојче пријавила дека во средата нејзиниот сопруг извршил силување врз девојчето на кое е очув.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот во кој 51-годишникот од Гази Баба е пријавен дека утрото во средата, околу 07,30 часот, во семејната куќа извршил кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Домаќин на г-ѓа Емине Ердоган, сопруга на Премиерот на Република Турција и г-ѓа Боркица Груевска, сопруга на Премиерот на Република Македонија
На ден 29.09.2011 година Првата детска амбасада во светот Меѓаши беше посетена од страна на г-ѓа Емине Ердоган, сопруга на Премиерот на Република Турција г-дин Реџеп Таип Ердоган и г-ѓа Боркица Груевска, сопругата на Премиерот на Република Македонија г-дин Никола Груевски. Тие беа придружени од сопругата на Амбасадорот на Република Турција во Македонија Н.Е. г-инот Арслан Хакан и сопругите на неколку турски министри.

Центар за изчезнати и експлоатирани деца во Југоисточна Европа (Southeastern Europe Centre for Missing and Exploited Children) – (SEEC)
На ден 29.09.2011 година Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Центарот за исчезнати и експлоатирани деца во Југоисточна Европа (Southeastern Europe Centre for Missing and Exploited Children) – (SEEC) во просториите на Детската амбасада Меѓаши имаа работна средба на која се разговараше за можностите за воведување на посебен 116 000 број за помош на исчезнати деца во Република Македонија, како и за можностите за формирање на Македонски Национален Центар за исчезнати и експлоатирани деца.

СОС телефон за деца и млади 0800 1 2222 (бесплатна линија) Јануари-Јули 2011та година
1. Децата се незаштитени и постојано изложени на насилство и злоупотреба претежно од страна на возрасни лица.

П О В И К
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши спроведува Програма за мировно образование со цел промовирање на мирот и ненасилството. Мировното образование се темели на потребата од превенција на насилството и превенција на можни нови судири. На полето на превенцијата не се преземаат доволно активности во училиштата и тоа е една од причинините што младите од различни етнички групи се оптоварени со предрасуди, а тоа често завршува со конфликтни ситуации, тепачки, навредувања...а некои за жал со уште потешки последици.

ШВЕДСКА МАКЕДОНИЈA МОБИЛИЗАЦИЈА ЗА ДЕЦАТА БЕСА И БЕСИЈАН
2 август 2011 Гостин колумнист Јана Зенговска координатор на СОС телефонот за деца и млади при Првата детска амбасада во светот Меѓаши Македонија

Писмо со апел до Владата на Република Македонија да го слушне гласот на младите, да ги разгледа нивните барања и да разговара со нив на конструктивен начин.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши денес упати писмо со апел до Г-дин Никола Груевски, Премиер на Влада на Република Македонија, Г-дин Ѓоргe Иванов, Претседателот на Република Македонија и Г-ѓа Гордана Јанкулоска, Министер за внатрешни работи да се побара одговорност од надлежните институции за смрта на младинецот Мартин Нешковски, да се слушне гласот на младите кои демонстрираат поради прекумерната употреба на сила од полициските единици ТИГРИ при Министерството за внатрешни работи, да се разговара со младите за нивните барања и на конструктивен начин да се слушне нивното мислење и револт.



Дрогата е побрза од државата
Датум: 05.06.2011, 19:45 ДНЕВНИК, Новинар Марија ТАСЕВ НЕМА ЛЕК ЗА ДЕЦАТА НАРКОЗАВИСНИЦИ Четиринаесетгодишно момче од Шуто Оризари, кое најмалку две години било тежок зависник од хероин, пред неколку дена починало во страшни болки и агонија. Ова е втор трагичен случај. Само пред неколку недели умрело уште едно малолетно момче кое подолго време било зависник од дрога. Информациите на активистите од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ се уште позагрижувачки - лошата судбина му се заканува на уште едно десетгодишно девојче кое е хероински зависник веќе цели две години и чија здравствена состојба е с` позагрижувачка.

Во најновиот број на електронскиот информатор на Амбасадата БУШАВКО бр 40 (Февруари 2011 - Април 2011) можете да ги прочитате следните содржини:
1. 19 години Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија 2. Рекоа за нас: 3. Доверба во граѓанското општество 4. Насилство во училиштата 5. Неефикасна работа на ЦСР 6. СОС телефон за деца и млади 0800 1 22 22 7. На Детската амбасада од Прилеп и се забранува користење на името 8. Мировно образование 9. Одложено протерувањето на децата од Шведска 10. Глобална недела на акција 2011 11. Борбата против сексуална злоупотреба на деца,педофилја и родосквернавење продолжува 12. Деца без матичен број 13. Трговија со луѓе 14. Малолетничка бременост 15. Семејно насилство 16. Детето жртва и сведок 17. Списание на Народниот правобранител бр. 3, 2011.  Випро ја поддржа Првата детска амбасада со 1 денар од купен производ

Започна Глобалната недела на акција 2011
Ни претставува особено задоволство да Ве поканиме да ни се придружите во Глобалната недела на акција која започнува денес (2 -9 мај). Кампањата се организира секоја година од 2001. на меѓународно ниво, а национален координатор за Република Македонија е Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

19 ти роденден на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ-РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Утре (Скопје, 29.април 2011), Првата детска aмбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија го одбележува 19тиот роденден од постоењето и делувањето.

Изолацијата не е лек за насилните ученици
Психолозите и педагозите сметаат дека учениците што имаат проблематично однесување не треба да се изолираат во посебни училишта, туку со нив треба да работат стручни лица

Реакција за последните случаи на насилства во повеќе училишта во изминатите месеци и последниот случај со трагичен епилог и смрт
Во врска со последните случаи на насилства во повеќе училишта во изминатите месеци и последниот случај со трагичен епилог и смрта на Мухамед Али Јашари, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ го изразува својот револт и загриженоста за недоволната безбедност и сигурност на децата во училиштата. Воедно го изразуваме нашето длабоко жалење за смрта на Мухамед Али Јашари. 

Неефикасно постапување на Центрите за социјална работа во случај на 9 годишно дете.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши повеќе пати до сега има увидено нефункционалност во работата на Центрите за социјална работа и прекршување на правата на детето. Последниот пријавен случај на СОС телефонот за деца и млади при Детската амбасада Меѓаши, повторно ја посочува недовоната ефикасност, ригидноста и неодговорноста на Центрите за социјална работа во постапување во најдобар интерес на детето.

ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ Е НА ПРВО МЕСТО ВО СПРОВЕДЕНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ДОВЕРБАТА ВО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Првата детска амбасада во светот меѓаши во истражувачкиот извештај„довербата во македонија“, кои се однесуваат на „довербата во граѓанското општество“ и „познавањето и мислењата за граѓанските организации“ е на прво место во однос на довербата кај граѓаните. за првата детска амбасада во светот меѓаши имаат позитивно мислење 53,6%, граѓани при што односот позитивно/негативно мислење е 20.3 спрема 1

Годишен извештај за работата на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 (бесплатна линија) и на бесплатната правна служба при Првата детска амбасада во светот Меѓаши (Јануари – Декември 2010)
· Децата и понатаму молчат и трпат насилство! Само 30 деца во 2010 година, собраа храброст и проговорија за насилството на кое се изложени. · Најголем дел од пријавените случаи во 2010 година, се поврзани со кршење на правата на децата при бракоразводни постапки · И во 2010 година забележан е пораст од 0,13% на пријавени случаи на сексуална злоупотреба врз деца и педофилија · Расте насилството во воспитно – образовните институции · 17,99% од пријавените случаи се случаи на насилство во семејството · Во 2010 година на СОС телефонот за деца и млади регистрирани се 239 пријави на кршење на правата на децата и непочитување на детската личност

Во најновиот број на електронскиот информатор на Амбасадата БУШАВКО бр 39 (Јуни 2010 - Јануари 2011) можете да ги прочитате следните содржини:
1. Борбата против педофилијата и родосквернавењето продолжува 1.2. Случај на сексуална злоупотреба во манастирот „Трескавец“ - Прилеп 1.3. Сеуште нема разрешница за осомничениот преставник во ОБСЕ инволвиран во педофилски скандал 1.4. Скандалозна негрижа на прилепските институции за силуваното девојче во Прилепско 1.5. „Нестручноста на институциите ги остава педофилите на слобода“ 2. Дневен центар за деца кои не посетуваат училиште при Првата детска амбасада во светот Меѓаши 2.1. Новогодишни пакетчиња и подароци за децата од Дневниот центар при Детската амбасада Меѓаши 2.2. „Осумнаесет илјади деца не одат во училиште“ 3. „Правото на топол дом за децата, најзагрозено во Македонија“ 4. Недела на детето – 04.-10. Октомври 2010 5. Еднодневна работилница – студија на случај