АКТИВНОСТИ НА АМБАСАДАТА ВО 1995 И 1996 ГОДИНА 1.Охрид, 04.-07.05.1995. Децата членови на Првата Детска Амбасада: Невена Зупчевиќ, Весна Додевска, Душко Арсовски и Горан Димитровски, учествуваа на семинар за Правата на децата организиран од Здружението за заштита на децата.
2.Охрид 06.06.1995. беше одржан традиционалниот Детски ликовен караван во Охрид, во организација на координаторот Никола Киселинов Боздоганов. Програмата беше збогатена со настап на хорот и играорната група на Домот на културата "Григор Прличев". 3.Скопје, 27 - 28.06.1995. нашиот делегат др. Илија Глигоров учествуваше на "Семинар за планирање и пишување проекти за НВО" организиран од Католичките служби за помош. 4.Кратово 10 - 12.07.1995. Се одржа Еколошки Семинар за подигање на ефикасноста во работата на невладините организации, во организација на РЕЦ од Македонија, на кој учествуваше нашиот делегат Горан Димитровски. 5. Од 4 Август до крајот на Септември во Скопје престојуваа двајца волонтери од хуманитарната организација Курње-Вустров од Германија. Тие учествуваа во програмата на Првата Детска Амбасада за културно-рекреативна анимација на децата-бегалци во камповите. Оваа програма со успех ја реализиравме минатата година, а овојпат ја прошируваме и со спортски и литературни наградни активности. Волонтерите ќе партиципираат во програмата со донации од Германија (топки, јажиња за скокање, бадмингтони, боици, фломастери, хартија и сл.). Исто така за време на нивниот престој во еден камп ќе биде организиран курс по англиски јазик. 6 Во рамките на проектот за социјална интеграција и подршка на децата од Босна и Херцеговина згрижени во Македонија во работна посета во месец август, септември и октомври преку партнерската органицација ЦФД од Франквурт -Германија не посетија волонтерите Ралф, Тобијас, Стеван, Катрин, Корин, Катја и Феликс. Волонтерите од Германија беа први странски волонтери кои ја започнаа работата со децата бегалци во камповите во Македонија. Подоцна се придружија волонтери од Франција и Белгија. 7. Во средината на Август, Првата Детска Амбасада ја посети делегација од солидарните граѓани на Лабессони-Монтредон од Франција. Оваа организација со свои финансиски средства учествуваше во дел од опремувањето на Амбасадата и во спроведувањето на дел од активностите. Ова е прва директна средба со членовите на организацијата. Тие беа донатори на 1Т едукативни материјали. 8.Струмица 27.08.1995. во организација на Координаторите Радмила Ќосева, Сузана Стоилкова и Никола Киселинов Боздоганов беше организирана дводневна посета на 40 деца членови од Струмица кај децата членови од Охрид. Програмата опфати: запознавање, дружење, посета на аеродромот во Охрид и на културно-историските споменици. 9.Скопје, 29.08.1995. Во просториите на Првата Амбасада на Децата во Светот во Скопје ќе се одржи прес конференција по повод најголемата донација што ја прими Амбасадата. Подарокот е автобус адаптиран за научни екскурзии за децата во Македонија и е опремен со телевизор, видео рекордер и стерео систем, во просторија прилагодена за изведување на телевизиски промоции на наставни содржини. Видеотеката е во состав на автобусот и содржи 75 видео едукативни и педагошки касети и 125 компакт дискови со едукативна и културна содржина. Донацијата на Солидарните граѓани од градот ВАУЛХ-ЕН ВЕЛИН ќе ја подари градоначалникот на овој град г-дин МАУРИЦЕ ЦХАРРИЕР. Ова е трета донација што солидарните граѓани од Во - Ан - Волен ја упатуваат на децата во Македонија. По прес конференцијата беше извршена видео презентација. 10.Скопје 28.09.1995. Во Министерството за надворешни работи, Амбасадата го предаде Меморандумот - Прилог кон Иницијалниот извештај на Република Македонија до Комитетот за правата на детето при ООН. 11.Струмица 07.10.1995. По повод Детската недела, во организација на Кординаторите Радмила Ќосева и Сузана Стоилкова во Струмица се одржа Детски ликовен караван. 12.Вустров-Германија 19.- 22.10.1996. се одржа семинар во Вустров - Германија на кој учествуваа претставници од невладини организации кои волонтерски работат во мировните движења и во давањето подршка на бегалците од поранешна Југославија. На семинарот учествуваше Гордана Пирковска Змијанац. 13.Струмица 24.10.1995. во организација на координаторите на Амбасадата: Радмила Ќосева и Сузана Стоилкова од Струмица, беШе одржан Хуманитарен концерт како подршка на активностите на АМБАСАДАТА.
14 Скопје, 13.11.1995, Во издание на Колегиумот на Првата Детска Амбасада во Светот "Меѓаши", во тираж од 3000 примероци од печат излезе Билтенот-Годишник бр.3 со наслов "Ние сме иднината". Годишникот на Амбасадата "Меѓаши" ги опфаќа содржините: Работиме за децата, Се за децата, Светот за нас, Центар за другарување, С.О.С. телефон за деца и млади, Целијакија, Детски работилници, Моја творба, репортажи и интервјуа. Во прилог на Годишникот поместени се Повелбата, Основниот акт, Програмските задачи и Статутот на Првата Амбасада на Децата на Светот. 15.Скопје, 15.11.1995. Прес конференцијата по повод одбележувањето на двегодишнината од работата на С.О.С. телефонот за деца и млади на Првата Детска Амбасада во Светот "Меѓаши". На прес конференцијата беше доставен Извештајот за работата на Првиот дежурен С.О.С. за деца и млади во Македонија, а новинарите беа информирани и со бројот на разговорите, бројот на јавувачите, стуктурата на јавувачите, половата застапеност, проблемите за кои децата се јавуваат, идните планови и остварената соработка со други С.О.С. телефони од странство. Исто така, на прес конференцијата новинарите беа запознати со структурата на стручната служба, соработката со домашни специјализирани институции за заштита и грижа на децата, како и за процесот на вклучување и едукација на волонтери. 16.ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА НА СВЕТОТ во соработка со хуманитарната организација "ЕКИЛИБР"-Франција и Заводот за здравствена заштита од Кочани на 1.12.1995 одржа предавања за превенција од СИДАТА во два средноучилишни центри во Кочани.. На предавањето зема учество и г-н Алаин Боннинеау, регионален координатор во АИДЕС форматион и Проф Др Љубинка Салтирова директор на Центарот од Кочани. 17.Скопје, 22.12.1995. Прес конференцијата по повод двегодишнината од работата на Центарот за другарување формиран пред две години на иницијатива на средношколците и студентите членови на Амбасадата.Членовите поднесоа Извештај за работата на Центарот за другарување и новинарите беа информирани со работата на Оделот за превенција од зависности и СИДА, Оделот за меѓународна размена, Одделот за коресподенција, Детската дописна школа, Новинарскиот клуб, Оделот за компјутерска обработка на податоци, Одделот за дружење и Одделот за медиумска презентација кои работат во рамките на Центарот за другарување. 18. Скопје, декември/јануари 1995/96. Проектот за меѓународна размена на деца Македонија - Белорусија организиран во две фази: првиот како Летен детски камп кога 30 деца од Македонија престојуваа во Минск во Олимпискиот комплекс "Стајки" од 3 до 21 јуни 1995 година и втората фаза како Зимски Детски Камп за 36 деца од Белорусија - деца погодени од нуклеарната катастрофа на Чернобил. Овој проект опфати почетни курсеви на јазиците на двете држави, активно учество на децата во детските работилници на Амбасадата како и културно забавен живот и посета на знаменитости во Струга и Охрид. Во овој проект беа вклучени се деца кои живеат во еколошки загадени региони а повеќето деца се болни и без родители. Возраста на децата е од 10 до 14 години и сите трошоци ги покрива Првата Детска Амбасада на Светот "Меѓаши". 19.Скопје декември и јанураи 1995/96 во Соработка со ЦФД од Франкфурт по втор пат пристигнаа во работн посета на Амбасадата волонтерите од нашата парнерска органзиација Ралф, Тобис и Штефан со колешката Марија. Тие работеа со децата бегалци од Капот "Катланово", "Радуша" и "Чичино село". 20. Реализирани активности во Февруари 1996: - Февруар. "Заводот за здравствена заштита" - Штип пристапи како колективен член на Амбасадата и се вклучи во заеднички активности во интерес на здравјето на децата. -Скопје 3.02.1996. Се одржа Прес конференцијапо повод две години од работата во Центарот за деца заболени од Целијакија што работи во рамките на Амбасадата. Беше истакнат извештајот за работата на Центарот, досегашните резултати во набавувањето на безглутенското брашно и производи од него за 145 деца регистрирани во овој Центар. Исто така, на овој прес родителите ќе ги елаборираат проблемите со кои се среќаваат во континуираното снабдување на безглутенското брашното, што за овие деца всушност преставува - лек. -Скопје, 3.02.1996. Во просториите на Првата Детска Амбасада во Светот продулжуваат со работа детските работилници: за дизајн, оригами, литература и јазик, филателија, радиоаматерство, здраство и ликовната работилница. Со започнување на второто полугодие Амбасадата воведува и неколку нови работилници: француска детска работилница, англиска детска работилница и актерска детска работилница. -Скопје, 19.02.1996. пристигна хуманитарна пратка од Монако со посредство на г-дин Мартин Ромањони-почесен Конзул од Монако. Пратката од 6 пакети системи за дијализа ја подаривме на Републичкиот Завод за Трансфузиологија, а 6 пакети играчки ќе бидат подарени како новогодишни подароци во Детските домови во Македонија. - По повод 11 Февруари - Прв светски ден на акции против климатските промени и глобалното затоплување, Првата Детска Амбасада го подржа Е.Д. "Опстанок" во повеќе конкретни барања до градското собрание и Претседателот на Собранието на град Скопје, за заштита на животната средина - На 25.02.'96 во Струмица се одржа Детскиот Карневал на кој со свои маски учествуваа децата членови на Амбасадата од Скопје и Струмица. За маките на децата членови се погрижија Радмила Ќосева и Сузана Стоилкова - координатори на Амбасадата во Струмица и Дејан Спасовиќ раководител на ликовната работилница. - Февруар. Волонтерите на Амбасадата: Јулија Поповска и Даниела Наумовска учествуваа на Семинарот "Оценка на програми" воден од др. Шимон Е. Спиро, а организиран од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", Министерството за труд и социјална политика и УНПРЕДЕП во Македонија. - Првата Детска Амбасада во Светот "МЕЃАШИ" за свите членови обезбеди попуст од 50% за посета на Базенот "Младост" во Карпош 3 и до крајот на зимската сезона да користат попуст од 50% и за посета на лизгалиштето "Кале" во Скопје. 21.Скопје, 12.03.1996.одржавме две трибини за едукација за СИДА, во: Гимназијата "Никола Карев" и во О.У."Ѓорче Петров". 22. Во Март повторно продолжи соработката со Детско-младинскиот Центар на Каритас бирото во Скопје. Проектот опфаќа заедничко едукативно-рекреативна програма наменета за 300 деца од населбата Шуто Оризари.Активностите опфаќаат: - советувања од областа на здравственото воспитување (лична хигиена, заштита од инфективни болести, забоздравствена заштита, посети на детски диспанзери, проверка на здравјето на забите); - трибини за сидата, алкохолизмот и наркоманијата, наменети за младите и родителите; - ликовни наградни карвани и рачни изработки од хартија и други материјали. - посета на музеи, театарски и кино претстави, зоолошка градина, забавен парк и културно-историски споменици. На 19.03 и 26.03.'96 беше одржана едукација на децата за забоздравствената заштита од страна на Др. Милка Моцан - педодонт 23.Свети Николе,16.03.1996.во соработка со Центарот за превенција од зависности од Кисела вода одржавме трибина за превенција од Алкохолизмот, никотинизмот и СИДАТА неменета за педагозите и воспитувачите од Свети Николе. Организатор Зоран Вучев-координатор на Амбасадата во Свети Николе. 24.Скопје.29.03.1996.членовите од Центарот за другарување и д-р Благоја Алексоски од Амбасадата одговорни за Проектот"Малдите и превенција од СИДА" одржаа две трибини во:Детско-младинсиот ценатр на Каритас и во О.У."Лазо Трповски" во Скопје, во соработка со Екилибр. 25.Скопје 10. до 12.04.1996. беше одржан семинар за "Обука за извршни/управни одбори на невладини организации" во организација на Католичките служби за помош од Скопје. На семинарот учествуваше Драги Змијанац - Директор за односи со јавноста и маркетинг при Првата Детска Амбасада. 26.Штип, 11.04.1996. одржавме две трибина за едукација за СИДА во: Институт за социјална политика и социјална работа при Филозофскиот факултет во Скопје и во Штип за учениците од С.У.Ц. "Славчо Стојменски" во соработка со Екилибр 27.Скопје, 20.април 1996. Во согласност со Статутот чл.1, чл.3 и чл.14 на Првата Детска Амбасада на Светот а и во согласност со Конвенцијата за правата на детето (членови: 19,32,34,35,37,39 и 40) чиј потписник е Република Македонија, Амбасадата одржа прес конференција со цел да се запозане да се запозне јавноста со случајот на сексуална злоупотреба на ученици во О.У."Коле Неделковски"во Скопје и барање за утврдување на одговорноста преку инспекциските служби на Министерството за образование и физичка култура на Република Македонија. 28.Скопје- 29.04.1996. РОДЕНДЕН НА АМБАСАДАТА. Беше одржано Четвртото Годишно Собрание (изборно и реизборно) на Првата Детска Амбасада. На сите волонтери и соработници им беа доделени Благодарници - кои ги добивме како подарок од волонтерот Лидија Балтовска. Програмата беше збогатена со етиди исполнети од децата членови на Театарската работилница при Амбасадата. - 01.05.1996. децата членови од Скопје беа на дводневна посета на децата членови од Радовиш. 28.Скопје 16.05.1996. одржавме две трибини за едукација на младите за СИДА во: О.У. "Дане Крапчев" и О.У."Вера Јоциќ" во Скопје, во соработка со Екилибр. 29.Прилеп, 17.05.1996. Првата Детска Амбасада на Светот "Меѓаши"со седиште во Скопје во Прилеп формира Конзуларно Одделение. Во Одборот на Конзуларното Одделение за свои членови Амбасадата во наредниот четиригодишен период до 29.04.2000 година со право на избор и реизбор ги избра следните членови: д-р Благоја Алексоски- епидемиолог, е номиниран за Претседател на Конзуларното Одделение; Благоја Спиркоски Џумерко- актер и досегашен координатор на Амбасадата е номиниран за Заменик Претседател и Даме Стојаноски, ученик во Гимназијата "Мирче Ацев" во Прилеп е избиран за Секретар на Конзуларното Одделение. Останатите членови на Одборот на Конзуларното Одделение се: Мирјана Славеска, Менка Печијареска, Јане Џингоски, Снежана Силјаноска, Марија Переска, Елизабета Ангелоска Атанасовска, Проф Др Никола Митрески и Раде Стојаноски. Конзуларното одделение е сместено во бараката во кругот на Старата болницата во Прилеп на ул."Александар Македонски" бб. 30..ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА НА СВЕТОТ во рамките на Проектот за едукација на децата и младите за превенција од СИДА,на 29.05.1996 во Училиштето за англиски јазик "НОВА" во Скопје одржи трибина на тема "Младите и превенција од СИДАТА". Со трибината раководеше д-р Благоја Алексовски, епидемиолог од Прилеп. Овој циклус на едукација на учениците Амбасадата го спроведува во соработка со хуманитраната организација "ЕКИЛИБР" од Франција. 31.Лајпциг-Германија. Од 30 Мај до 1 Јуни по повод одржувањето на Конференцијата за детска заштита во Лајпциг (Цлосинг Цонференце оф тхе Цхилдхоод Полициес Пројецт) Првата Детска Амбасада испрати свој делегат: Илина Христова (14). Трошоците за нејзиното учество беа обезбедени од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија. 32.Демир Хисар, 31.05.1996. во О.У. "Гоце Делчев' одржавме трибина за делото на Крсте Петков Мисирков - со излагање на г-ѓа Ката Мисркова Руменова и за "Детските години на Кирил и Методиј" со излагање на проф.др. Вера Стојчевска Антиќ. Во С.У.Ц. "Крсте Петков Мисирков" во Демир Хисар одржавме трибина за едукација за СИДА, во соработка со Екилибр. 33..Охрид, 8.06.1996, На плочникот пред Домот на културата "Глигор Прличев" во организација на Првата Детска Амбасада на Светот и Канцеларијата на Амбасадата во Охрид со помош на координаторот Никола Киселинов Боздоганов одржаа традиционалнен по третпат Детски ликовен карван. Оваа ликовна манифестација се одржува по повод петгодишнината од прогласувањето и формирањето на Првата Детска Земја во Светот "МЕЃАШИ" на тема "Животната средина и нејзината заштита". На овој Карван учествуваа членови на Амбасадата од Скопје, Велес, Прилеп, Радовиш и Охрид. 34.Скопје, 10.06.1996, Во организација на Првата Детска Амбасада на Светот се одржи Ликовен хепенинг во О.У."Лазо Ангеловски" во Скопје по повод две години од прогласувањето на Првата детска улица на светот што се наоѓа во непосредна близина на училиштето. На оваа свеченост ќе присуствуваат децата членови на Амбасадата од Детската ликовна работилница, учениците на Ликовното студио "Дега" и учениците на О.У."Лазо Ангеловски".Темата на ликовниот хепенинг е:"Како ја замислувам мојата улица". 35.Скопје,17.06.1996.одржавме трибина за едукација за СИДА за членовите на Сојузот на организација на жените на Македонија, во соработка со Екилибр. 36.Скопје 20.06.1996. По повод полугодишниот извештај од работата на Ѕ.О.Ѕ. телефонот за деца и млади на Првата Детска Амбасада во Светот "Меѓаши" се одржа прес конференција. Дежурниот Ѕ.О.Ѕ. телефон за деца и млади започна со работа на 15.11.1993 година. Во првите две години од функционирање на Ѕ.О.Ѕ. службата беше регистрирана осаменоста, агресијата и отуѓеноста меѓу децата и младите. Алармантноста од најновите податоци и шест месечниот извештај што беше приложен на новинирите на оваа прес конференција укажува на се позачестено насилство врз децата како и кршење на правата на децата во семејството и училиштето.Поради тоа, волонтерите на СОС теклефонотупатија Апел до јавноста за повеќе внимание кон децата и почитување на нивните права. 37.Скопје, 21.06.1996. одржавме трибина за едукација за СИДА за членовите на Организацијата на жени на општина Центар, во соработка со Екилибр. 38.Скопје, 24.06.1996 Во рамките на активностите на Првата Детска Амбасада на Светот започнаа со работа Психолошките работилници. Работилниците се одржуваат секој понеделник од 18 часот, а темата на првите три беше: "Ослободување на личноста преку креативни вежби, сонот и фантазијата". Психолошките работилници се наменети за деца и малди со цел да им се исполни слободното време со креативни активности. Раководители на работилниците се: м-р Елена Ачковска Лешковска-асистент на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Вера Глаткова психолог и волонтер на С.О.С. телефонот за деца и млади при Амбасадата. Работилниците се отворени за сите заинтересирани деца, родители и воспитувачи. 39.Скопје, 28.06.1996 пристигна хуманитарна пратка (140 кг.) од г-ѓа Ангела и г-дин Јоше Билјановски од Германија. Пратката од 12 пакети (облека, лекови, витамини) е распределена на болни и сиромашни деца. 40..Во просториите на Првата Детска Амбасада на Светот во Понеделник, 1 Јули 1996 година, се одржуваат Психолошките работилници наменети за адолесценти. Работилниците се одржуваат на тема: "Ослободување на личноста преку креативни вежби, сонот и фантазијата". 41опје, 4.07.1996. Во 21 дневна работна посета на Првата Детска Амбасада на Светот, пристигнаа волонтерите (2 актери-акробати и 4 воспитувачи) на Асоцијацијата на Солидарните Граѓани на Лабесони предводени од Мартин Февр - Секретар на Асоцујацијата. Оваа партнерска организација повеќе години и помага на Амбасадата со размена на волонтери, хуманитарна помош и финансиска подршка на Амбасадата. Солидарните Граѓани на Лабесони на Амбасадата подари 450 кг. хуманитарна помош во лекови, облека, играчки и школски прибор кои се распределени во детските болници, домови и кампови за деца бегалци. Во рамките на работната посета присутна е телевизиска екипа која подготвува ТВ емисија за Амбасадата наменета за Франција. Режисер и сценарист е Бернард Бесак новинар од Тулуз. Куса историја на соробтката: Асоцијацијата на Солидарните граѓани на Лабесони Монтредон е регистрирана на 19 Мај 1993 година во Франција како невладина хуманитарна организација. Нивната основна задача е да и помагаат на Првата Детска Амбасада на Светот во остварувањето на целите дефинирани во Статутот и со Програмските задачи. Тие се вторпат во Македонија, со хуманитарна помош и со програма наменета за децата бегалци, децата во Детските домови, болници и одморалишта. 42.Скопје, 06.07.1996. во рамките на Еколошката регата организирана од радио "Оаза", Првата Детска Амбасада учествуваше на централната свеченост од Скопје со организирање ликовен караван на платото пред Камениот мост во Скопје и со жонглерско претставување на волонтерите од Франција. 43Охрид и Струга, 11.07.1996. во просториите на Црвениот крст во Охрид одржавме трибина за едукација за СИДА за членовите на Организација на жени од Охрид, во соработка со Екилибр. 44.Скопје. 26.07.1996. со посредство на Екилибр и хуманитарниот оддел на Европската Унија, пристигна ПРИСТИГНА ХУМАНИТАРНА ПРАТКА од 4350 кг. безглутенско брашно за 145 деца членови на Центарот за деца алергични на глутен при Првата Детска Амбасада. На секое дете ќе му биде доделено по 30 кг. од ова брашно-лек. 45.Скопје. 04.08.1996 започна програмата за меѓународна размена на волонтери меѓу ВИА ИЈУ оддел на Сервис Цивил Интернатионал од Белгија и Првата Детска Амбасада. Четири волонтери од Белгија 21 ден работеа со децата бегалци во камповите Чичино Село и Катланово, а 5 волонтери - активни членови на Амбасадата работеа во летни кампови во Белгија. 46.Скопје,9.08.1996.Пристигна сисанието на Центарот за плурализам на Институтот за демократија во Источна Европа со седиште во Варшава Полска во кое беше претставена и Првата Светска Детска Амбасада од Македонија. АКТИВНОСТИ НА АМБАСАДАТА ВО 1995 И 1996 ГОДИНА 1. Од 4 Август до крајот на Септември во Скопје престојуваа двајца волонтери од хуманитарната организација Курње-Вустров од Германија. Тие учествуваа во програмата на Првата Детска Амбасада за културно-рекреативна анимација на децата-бегалци во камповите. Оваа програма со успех ја реализиравме минатата година, а овојпат ја прошируваме и со спортски и литературни наградни активности. Волонтерите ќе партиципираат во програмата со донации од Германија (топки, јажиња за скокање, бадмингтони, боици, фломастери, хартија и сл.). Исто така за време на нивниот престој во еден камп ќе биде организиран курс по англиски јазик. 2 Во рамките на проектот за социјална интеграција и подршка на децата од Босна и Херцеговина згрижени во Македонија во работна посета во месец август, септември и октомври преку партнерската органицација ЦФД од Франквурт -Германија не посетија волонтерите Ралф, Тобијас, Стеван, Катрин, Корин, Катја и Феликс. Волонтерите од Германија беа први странски волонтери кои ја започнаа работата со децата бегалци во камповите во Македонија. Подоцна се придружија волонтери од Франција и Белгија. 3. Во средината на Август, Првата Детска Амбасада ја посети делегација од солидарните граѓани на Лабессони-Монтредон од Франција. Оваа организација со свои финансиски средства учествуваше во дел од опремувањето на Амбасадата и во спроведувањето на дел од активностите. Ова е прва директна средба со членовите на организацијата. Тие беа донатори на 1Т едукативни материјали. 4.Скопје, 29.08.1995. Во просториите на Првата Амбасада на Децата во Светот во Скопје ќе се одржи прес конференција по повод најголемата донација што ја прими Амбасадата. Подарокот е автобус адаптиран за научни екскурзии за децата во Македонија и е опремен со телевизор, видео рекордер и стерео систем, во просторија прилагодена за изведување на телевизиски промоции на наставни содржини. Видеотеката е во состав на автобусот и содржи 75 видео едукативни и педагошки касети и 125 компакт дискови со едукативна и културна содржина. Донацијата на Солидарните граѓани од градот ВАУЛХ-ЕН ВЕЛИН ќе ја подари градоначалникот на овој град г-дин МАУРИЦЕ ЦХАРРИЕР. Ова е трета донација што солидарните граѓани од Во - Ан - Волен ја упатуваат на децата во Македонија. По прес конференцијата беше извршена видео презентација. 5 Скопје, 13.11.1995, Во издание на Колегиумот на Првата Детска Амбасада во Светот "Меѓаши", во тираж од 3000 примероци од печат излезе Билтенот-Годишник бр.3 со наслов "Ние сме иднината". Годишникот на Амбасадата "Меѓаши" ги опфаќа содржините: Работиме за децата, Се за децата, Светот за нас, Центар за другарување, С.О.С. телефон за деца и млади, Целијакија, Детски работилници, Моја творба, репортажи и интервјуа. Во прилог на Годишникот поместени се Повелбата, Основниот акт, Програмските задачи и Статутот на Првата Амбасада на Децата на Светот. 6.Скопје, 15.11.1995. Прес конференцијата по повод одбележувањето на двегодишнината од работата на С.О.С. телефонот за деца и млади на Првата Детска Амбасада во Светот "Меѓаши". На прес конференцијата беше доставен Извештајот за работата на Првиот дежурен С.О.С. за деца и млади во Македонија, а новинарите беа информирани и со бројот на разговорите, бројот на јавувачите, стуктурата на јавувачите, половата застапеност, проблемите за кои децата се јавуваат, идните планови и остварената соработка со други С.О.С. телефони од странство. Исто така, на прес конференцијата новинарите беа запознати со структурата на стручната служба, соработката со домашни специјализирани институции за заштита и грижа на децата, како и за процесот на вклучување и едукација на волонтери. 7.ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА НА СВЕТОТ во соработка со хуманитарната организација "ЕКИЛИБР"-Франција и Заводот за здравствена заштита од Кочани на 1.12.1995 одржа предавања за превенција од СИДАТА во два средноучилишни центри во Кочани.. На предавањето зема учество и г-н Алаин Боннинеау, регионален координатор во АИДЕС форматион и Проф Др Љубинка Салтирова директор на Центарот од Кочани. стр.10 8.Скопје, 22.12.1995. Прес конференцијата по повод двегодишнината од работата на Центарот за другарување формиран пред две години на иницијатива на средношколците и студентите членови на Амбасадата.Членовите поднесоа Извештај за работата на Центарот за другарување и новинарите беа информирани со работата на Оделот за превенција од зависности и СИДА, Оделот за меѓународна размена, Одделот за коресподенција, Детската дописна школа, Новинарскиот клуб, Оделот за компјутерска обработка на податоци, Одделот за дружење и Одделот за медиумска презентација кои работат во рамките на Центарот за другарување. 9. Скопје, декември/јануари 1995/96. Проектот за меѓународна размена на деца Македонија - Белорусија организиран во две фази: првиот како Летен детски камп кога 30 деца од Македонија престојуваа во Минск во Олимпискиот комплекс "Стајки" од 3 до 21 јуни 1995 година и втората фаза како Зимски Детски Камп за 36 деца од Белорусија - деца погодени од нуклеарната катастрофа на Чернобил. Овој проект опфати почетни курсеви на јазиците на двете држави, активно учество на децата во детските работилници на Амбасадата како и културно забавен живот и посета на знаменитости во Струга и Охрид. Во овој проект беа вклучени се деца кои живеат во еколошки загадени региони а повеќето деца се болни и без родители. Возраста на децата е од 10 до 14 години и сите трошоци ги покрива Првата Детска Амбасада на Светот "Меѓаши". 10.Скопје декември и јанураи 1995/96 во Соработка со ЦФД од Франкфурт по втор пат пристигнаа во работн посета на Амбасадата волонтерите од нашата парнерска органзиација Ралф, Тобис и Штефан со колешката Марија. Тие работеа со децата бегалци од Капот "Катланово", "Радуша" и "Чичино село". 11. Реализирани активности во Февруари 1996: - Февруар. "Заводот за здравствена заштита" - Штип пристапи како колективен член на Амбасадата и се вклучи во заеднички активности во интерес на здравјето на децата. -Скопје 3.02.1996. Се одржа Прес конференцијапо повод две години од работата во Центарот за деца заболени од Целијакија што работи во рамките на Амбасадата. Беше истакнат извештајот за работата на Центарот, досегашните резултати во набавувањето на безглутенското брашно и производи од него за 145 деца регистрирани во овој Центар. Исто така, на овој прес родителите ќе ги елаборираат проблемите со кои се среќаваат во континуираното снабдување на безглутенското брашното, што за овие деца всушност преставува - лек. -Скопје, 3.02.1996. Во просториите на Првата Детска Амбасада во Светот продулжуваат со работа детските работилници: за дизајн, оригами, литература и јазик, филателија, радиоаматерство, здраство и ликовната работилница. Со започнување на второто полугодие Амбасадата воведува и неколку нови работилници: француска детска работилница, англиска детска работилница и актерска детска работилница. -Скопје, 19.02.1996. пристигна хуманитарна пратка од Монако со посредство на г-дин Мартин Ромањони-почесен Конзул од Монако. Пратката од 6 пакети системи за дијализа ја подаривме на Републичкиот Завод за Трансфузиологија, а 6 пакети играчки ќе бидат подарени како новогодишни подароци во Детските домови во Македонија. - По повод 11 Февруари - Прв светски ден на акции против климатските промени и глобалното затоплување, Првата Детска Амбасада го подржа Е.Д. "Опстанок" во повеќе конкретни барања до градското собрание и Претседателот на Собранието на град Скопје, за заштита на животната средина - На 25.02.'96 во Струмица се одржа Детскиот Карневал на кој со свои маски учествуваа децата членови на Амбасадата од Скопје и Струмица. За маките на децата членови се погрижија Радмила Ќосева и Сузана Стоилкова - координатори на Амбасадата во Струмица и Дејан Спасовиќ раководител на ликовната работилница. - Февруар. Волонтерите на Амбасадата: Јулија Поповска и Даниела Наумовска учествуваа на Семинарот "Оценка на програми" воден од др. Шимон Е. Спиро, а организиран од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", Министерството за труд и социјална политика и УНПРЕДЕП во Македонија. - Првата Детска Амбасада во Светот "МЕЃАШИ" за свите членови обезбеди попуст од 50% за посета на Базенот "Младост" во Карпош 3 и до крајот на зимската сезона да користат попуст од 50% и за посета на лизгалиштето "Кале" во Скопје. 12.Скопје, 12.03.1996.одржавме две трибини за едукација за СИДА, во: Гимназијата "Никола Карев" и во О.У."Ѓорче Петров". стр.12 13. Во Март повторно продолжи соработката со Детско-младинскиот Центар на Каритас бирото во Скопје. Проектот опфаќа заедничко едукативно-рекреативна програма наменета за 300 деца од населбата Шуто Оризари.Активностите опфаќаат: - советувања од областа на здравственото воспитување (лична хигиена, заштита од инфективни болести, забоздравствена заштита, посети на детски диспанзери, проверка на здравјето на забите); - трибини за сидата, алкохолизмот и наркоманијата, наменети за младите и родителите; - ликовни наградни карвани и рачни изработки од хартија и други материјали. - посета на музеи, театарски и кино претстави, зоолошка градина, забавен парк и културно-историски споменици. На 19.03 и 26.03.'96 беше одржана едукација на децата за забоздравствената заштита од страна на Др. Милка Моцан - педодонт 14.Свети Николе,16.03.1996.во соработка со Центарот за превенција од зависности од Кисела вода одржавме трибина за превенција од Алкохолизмот, никотинизмот и СИДАТА неменета за педагозите и воспитувачите од Свети Николе. Организатор Зоран Вучев-координатор на Амбасадата во Свети Николе. 15.Скопје.29.03.1996.членовите од Центарот за другарување и д-р Благоја Алексоски од Амбасадата одговорни за Проектот"Малдите и превенција од СИДА" одржаа две трибини во:Детско-младинсиот ценатр на Каритас и во О.У."Лазо Трповски" во Скопје, во соработка со Екилибр. 16.Скопје, 20.април 1996. Во согласност со Статутот чл.1, чл.3 и чл.14 на Првата Детска Амбасада на Светот а и во согласност со Конвенцијата за правата на детето (членови: 19,32,34,35,37,39 и 40) чиј потписник е Република Македонија, Амбасадата одржа прес конференција со цел да се запозане да се запозне јавноста со случајот на сексуална злоупотреба на ученици во О.У."Коле Неделковски"во Скопје и барање за утврдување на одговорноста преку инспекциските служби на Министерството за образование и физичка култура на Република Македонија. 17.Скопје 16.05.1996. одржавме две трибини за едукација на младите за СИДА во: О.У. "Дане Крапчев" и О.У."Вера Јоциќ" во Скопје, во соработка со Екилибр. 18.Прилеп, 17.05.1996. Првата Детска Амбасада на Светот "Меѓаши"со седиште во Скопје во Прилеп формира Конзуларно Одделение. Во Одборот на Конзуларното Одделение за свои членови Амбасадата во наредниот четиригодишен период до 29.04.2000 година со право на избор и реизбор ги избра следните членови: д-р Благоја Алексоски- епидемиолог, е номиниран за Претседател на Конзуларното Одделение; Благоја Спиркоски Џумерко- актер и досегашен координатор на Амбасадата е номиниран за Заменик Претседател и Даме Стојаноски, ученик во Гимназијата "Мирче Ацев" во Прилеп е избиран за Секретар на Конзуларното Одделение. Останатите членови на Одборот на Конзуларното Одделение се: Мирјана Славеска, Менка Печијареска, Јане Џингоски, Снежана Силјаноска, Марија Переска, Елизабета Ангелоска Атанасовска, Проф Др Никола Митрески и Раде Стојаноски. Конзуларното одделение е сместено во бараката во кругот на Старата болницата во Прилеп на ул."Александар Македонски" бб. 19..ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА НА СВЕТОТ во рамките на Проектот за едукација на децата и младите за превенција од СИДА,на 29.05.1996 во Училиштето за англиски јазик "НОВА" во Скопје одржи трибина на тема "Младите и превенција од СИДАТА". Со трибината раководеше д-р Благоја Алексовски, епидемиолог од Прилеп. Овој циклус на едукација на учениците Амбасадата го спроведува во соработка со хуманитраната организација "ЕКИЛИБР" од Франција. 20.Лајпциг-Германија. Од 30 Мај до 1 Јуни по повод одржувањето на Конференцијата за детска заштита во Лајпциг (Цлосинг Цонференце оф тхе Цхилдхоод Полициес Пројецт) Првата Детска Амбасада испрати свој делегат: Илина Христова (14). Трошоците за нејзиното учество беа обезбедени од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија. 21.Демир Хисар, 31.05.1996. во О.У. "Гоце Делчев' одржавме трибина за делото на Крсте Петков Мисирков - со излагање на г-ѓа Ката Мисркова Руменова и за "Детските години на Кирил и Методиј" со излагање на проф.др. Вера Стојчевска Антиќ. Во С.У.Ц. "Крсте Петков Мисирков" во Демир Хисар одржавме трибина за едукација за СИДА, во соработка со Екилибр. 22.Охрид, 8.06.1996, На плочникот пред Домот на културата "Глигор Прличев" во организација на Првата Детска Амбасада на Светот и Канцеларијата на Амбасадата во Охрид со помош на координаторот Никола Киселинов Боздоганов одржаа традиционалнен по третпат Детски ликовен карван. Оваа ликовна манифестација се одржува по повод петгодишнината од прогласувањето и формирањето на Првата Детска Земја во Светот "МЕЃАШИ" на тема "Животната средина и нејзината заштита". На овој Карван учествуваа членови на Амбасадата од Скопје, Велес, Прилеп, Радовиш и Охрид. стр.14 23.Скопје, 10.06.1996, Во организација на Првата Детска Амбасада на Светот се одржи Ликовен хепенинг во О.У."Лазо Ангеловски" во Скопје по повод две години од прогласувањето на Првата детска улица на светот што се наоѓа во непосредна близина на училиштето. На оваа свеченост ќе присуствуваат децата членови на Амбасадата од Детската ликовна работилница, учениците на Ликовното студио "Дега" и учениците на О.У."Лазо Ангеловски".Темата на ликовниот хепенинг е:"Како ја замислувам мојата улица". 24.Скопје,17.06.1996.одржавме трибина за едукација за СИДА за членовите на Сојузот на организација на жените на Македонија, во соработка со Екилибр. 25.Скопје 20.06.1996. По повод полугодишниот извештај од работата на Ѕ.О.Ѕ. телефонот за деца и млади на Првата Детска Амбасада во Светот "Меѓаши" се одржа прес конференција. Дежурниот Ѕ.О.Ѕ. телефон за деца и млади започна со работа на 15.11.1993 година. Во првите две години од функционирање на Ѕ.О.Ѕ. службата беше регистрирана осаменоста, агресијата и отуѓеноста меѓу децата и младите. Алармантноста од најновите податоци и шест месечниот извештај што беше приложен на новинирите на оваа прес конференција укажува на се позачестено насилство врз децата како и кршење на правата на децата во семејството и училиштето.Поради тоа, волонтерите на СОС теклефонотупатија Апел до јавноста за повеќе внимание кон децата и почитување на нивните права. 26.Скопје, 21.06.1996. одржавме трибина за едукација за СИДА за членовите на Организацијата на жени на општина Центар, во соработка со Екилибр. 27.Скопје, 24.06.1996 Во рамките на активностите на Првата Детска Амбасада на Светот започнаа со работа Психолошките работилници. Работилниците се одржуваат секој понеделник од 18 часот, а темата на првите три беше: "Ослободување на личноста преку креативни вежби, сонот и фантазијата". Психолошките работилници се наменети за деца и малди со цел да им се исполни слободното време со креативни активности. Раководители на работилниците се: м-р Елена Ачковска Лешковска-асистент на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Вера Глаткова психолог и волонтер на С.О.С. телефонот за деца и млади при Амбасадата. Работилниците се отворени за сите заинтересирани деца, родители и воспитувачи. 28.Скопје, 28.06.1996 пристигна хуманитарна пратка (140 кг.) од г-ѓа Ангела и г-дин Јоше Билјановски од Германија. Пратката од 12 пакети (облека, лекови, витамини) е распределена на болни и сиромашни деца. 29..Во просториите на Првата Детска Амбасада на Светот во Понеделник, 1 Јули 1996 година, се одржуваат Психолошките работилници наменети за адолесценти. Работилниците се одржуваат на тема: "Ослободување на личноста преку креативни вежби, сонот и фантазијата". 30.Скопје, 4.07.1996. Во 21 дневна работна посета на Првата Детска Амбасада на Светот, пристигнаа волонтерите (2 актери-акробати и 4 воспитувачи) на Асоцијацијата на Солидарните Граѓани на Лабесони предводени од Мартин Февр - Секретар на Асоцујацијата. Оваа партнерска организација повеќе години и помага на Амбасадата со размена на волонтери, хуманитарна помош и финансиска подршка на Амбасадата. Солидарните Граѓани на Лабесони на Амбасадата подари 450 кг. хуманитарна помош во лекови, облека, играчки и школски прибор кои се распределени во детските болници, домови и кампови за деца бегалци. Во рамките на работната посета присутна е телевизиска екипа која подготвува ТВ емисија за Амбасадата наменета за Франција. Режисер и сценарист е Бернард Бесак новинар од Тулуз. Куса историја на соробтката: Асоцијацијата на Солидарните граѓани на Лабесони Монтредон е регистрирана на 19 Мај 1993 година во Франција како невладина хуманитарна организација. Нивната основна задача е да и помагаат на Првата Детска Амбасада на Светот во остварувањето на целите дефинирани во Статутот и со Програмските задачи. Тие се вторпат во Македонија, со хуманитарна помош и со програма наменета за децата бегалци, децата во Детските домови, болници и одморалишта. 31.Скопје, 06.07.1996. во рамките на Еколошката регата организирана од радио "Оаза", Првата Детска Амбасада учествуваше на централната свеченост од Скопје со организирање ликовен караван на платото пред Камениот мост во Скопје и со жонглерско претставување на волонтерите од Франција. 32Охрид и Струга, 11.07.1996. во просториите на Црвениот крст во Охрид одржавме трибина за едукација за СИДА за членовите на Организација на жени од Охрид, во соработка со Екилибр. 33.Скопје. 26.07.1996. со посредство на Екилибр и хуманитарниот оддел на Европската Унија, пристигна ПРИСТИГНА ХУМАНИТАРНА ПРАТКА од 4350 кг. безглутенско брашно за 145 деца членови на Центарот за деца алергични на глутен при Првата Детска Амбасада. На секое дете ќе му биде доделено по 30 кг. од ова брашно-лек. 34.Скопје. 04.08.1996 започна програмата за меѓународна размена на волонтери меѓу ВИА ИЈУ оддел на Сервис Цивил Интернатионал од Белгија и Првата Детска Амбасада. Четири волонтери од Белгија 21 ден работеа со децата бегалци во камповите Чичино Село и Катланово, а 5 волонтери - активни членови на Амбасадата работеа во летни кампови во Белгија. 35.Скопје,9.08.1996.Пристигна сисанието на Центарот за плурализам на Институтот за демократија во Источна Европа со седиште во Варшава Полска во кое беше претставена и Првата Светска Детска Амбасада од Македонија. |