Факултативен протокол кон Конвенцијата за правата на детето кој се однесува на продажба на деца, детска проституција и детска порнографија
Земјите членки на овој протокол. Земајки предвид дека, со цел Конвенцијата за правата на детето и спроведувањето на нејзините одредби, особено членовите 1, 11, 21, 32, 33, 34, 35 и 36, би било соодветно да се прошират мерките кои земјите членки би требало да ги преземат за да гарантираат заштита на децата од продажба на децата и детска порнографија.
Земајки исто така предвид дека Конвенцијата за правата на детето го признава правото на детето да биде заштитено од економско искористување и од извршување на било која работа која би можела да биде опасна или да го попречи неговото образование, или би била штетна за детското здравје или детскиот физички, ментален, духовен, морален или социјален развој. Сериозно загрижени за значителната и зголемена меѓународна трговија со деца заради продажбата на деца, детска проституција и детска порнографија. Длабоко загрижени за широко распространетата и постојана пракса на сексуален туризам, на кој децата се особено подложени, бидејки истиот поттикнува продажба на деца, детската проституција и детската порнографија.
.....повеќе.....PDF
|