Почетна » Промоција на безбедна училишна средина » Водич за родители


В О Д И Ч

УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА

Секое дете има право да живее без насилство, експлоатација и злоупотреба. Затоа и во нашата држава во прв план е заштитата на децата која е гарантирана со Конвенцијата за правата на детето, која ги обврзува државите потписнички да ги преземат сите соодветни законoдaвни, административни, социјални и образовни мерки за заштита на децата од сите форми на насилство. Детската добросостојба и нивната безбедност се од најголема важност за сите, односно за родителите, училиштето, заедницата. Сепак, сè уште имаме ранливи деца, деца кои доживеале трауми и имаат негативни детски искуства заради доживеана одредена форма на насилство. Современото семејството доживува длабоки промени во својата структура, функционирање и динамика, се соочува со кризи на повеќе нивоа како што се сиромаштија, дискриминација, насилство, социјална исклученост, разводи. Но, и покрај сè, децата сè уште се исти и бараат многу љубов, грижа и внимание од родителите.

Во светот во кој растат децата, покрај семејството, и училиштето треба да биде безбедно и поддржувачко место каде секое дете може да се развива и учи во стимулативно и безбедно опкружување. Но, за жал, реалноста ја става заедницата пред предизвикот поврзан со превенција и справување со насилство во училиштата.

Децата поминуваат по 6 до 8 часа дневно во училиште или над 200 ‒ 250 денови во годината. Времето поминато на училиште е долго, а учењето и животното искуство кое се стекнува на училиште е едно од највредните.

PDF...