Почетна » За Амбасадата » Основен акт на првата детска земја во светот ”Меѓаши”


О С Н О В Е Н  А К Т  НА ПРВАТА ДЕТСКА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ 
”М Е Ѓ А Ш И”

Член 1.

 

Првата детска земја во светот е територија од 30.000 м2 подарена на сите деца на светот и се наоѓа во Меѓаши на тромеѓето Босна и Херцеговина, Србија и Хрватаска.

Член 2.

Првата детска земја во светот како претсавништва на децата-детскиот народ има Амбасада, територии на децата во други држави, Меморијали на “Рането детство”, Светски детски градови, Детски опсерватории, Парк на континентите, Патишта на добрината, Детски улици, Улици на тишината, Слатки патишта, Улица на смеата, Цветни патеки,Детски културни центри, Детски ликовни студија и др.

Член 3.

Првата детска земја во светот “МЕЃАШИ” е детска теритотрија која е формирана на 8.06.1991 година во Меѓаши.

Член 4.

Првата Детска Амбасада во Светот “Меѓаши” од Република Македонија е формирана на 29. 04. 1992 и ја претставува, застапува и штити Првата детска земја во светот. Првата Детска Амбасада во Светот е меѓународна невладина, неполитичка, непрофитна хуманитарна асоцијација и дејствува во интерес на децата на светот “ДЕТСКИОТ НАРОД” без разлика на нивната расна, национална, верска, полова и државна припадност, се обидува животот на децата да го збогати со содржини кое детсвото го прават среќно, радосно и творечко, се стреми да придонесе во олеснување на комуникацијата со возрасните.

Член 5.

Повелбата и Програмските задачи на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ се засноваат врз Декларацијата на Организацијата на Обединетите нации за правата на детето.

Член 6.

Првата детска амбасада во светот ја претсавуваат децата Амбасадори и децата Конзули, односно лица овластени од Амбасадорот. За деца Амбасадори и деца Конзули се бираат истакнати деца дејци и мандатот важи до наполнети 18 години.

Во составот на Амбасадата дејствува Дипломатски кор составен од деца Амбасадори од другите земји и деца Конзули од Република Македонија.

Орган на Првата детска дмбасада во дветот е Извршниот Колегиум во состав Амбасадорот, Вице Амбасадорот, детето Амбасадор, Програм Менаџерката и Извршниот Директор. Колегиумот е избран на Првото Основачко Собарание на Амбасадата. Начинот на работата, односно правата и обврските на Колегиумот и Извршниот Колегиум се предвидуваат со Статутот на Амбасадата.

Член 7.

Првата детска дмбасада во светот МЕЃАШИ - Македонија има свои Генерални Конзулати во други држави, Конзулати или Канцеларии во градови и Конзуларни претсавништва во помали места.Со Генералниот Конзулат и Конзулатот раководи Колегиум составен од Генерален конзул, Конзул, Вице конзул, Дете Конзул, Секретар и членови. За Дете Конзул се бираа истакнат дете деец, односо активист. Начинот на избор и работа на Колегиумот се утврдува со посебен документ.

Член 8.

Член на Амбасадата може да стане секое дете до 18 години и возрасни лица кои покажуваат хуман однос спрема децата.
 
 
ДЕТЕ АМБАСАДОР                                                  

Стефан Плескониќ
 
А М Б А С А Д О Р                                              

Н.Е. Коле Ангеловски
 
ОСНОВАЧ И ПРОГРАМ МЕНАЏЕР          

Гордана Пирковска Змијанац
 
ОСНОВАЧ И ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР                    

М-р.  Драги Змијанац