Почетна » Права на детето » Десет нешта што децата можат да ги сторат за да се стави крај на најлошите видови детски труд


Десет нешта што децата можат да ги сторат за да се стави крај на најлошите видови детски труд

1. Кажи & НЕ! на работата што може да те повреди и да те омаловажи.

 

2.За проблемот што го имаат децата кои се експлоатирани или пак за својот проблем, разговарај со некој кој ти е најблизок и во кој имаш доверба: родител, наставник, педагог, психолог, другар ...

 

3.Пријави го случајот во најблискиот Центар за социјални работи, а ако тоа не бид еуспешно, јави се на ЅОЅ телефонот за деца и млади – 091 365 460.

 

4.Замоли го твојот наставник да одвои часови на кои ќе разговарате за детскиот труд и за законите против него.

 

5.Упати писма до Владата и до Министерството за труд и за социјална политика на Република Македонија за да ја ратификува и потполно да ја применува Конвенцијата на најлошите форми на детскиот труд.

 

6.Напиши писмо до медиумите повикувајќи на итна акција за да се стави крај на најлошите форми на детскиот труд.

 

7.Повикај ги другарите, пријателите и формирај група против тој проблем.

 

8.Организирајте активности за поддршка на децата чиј труд се експлоатира. Ако ти треба каква и да е помош, јави се во Првата детска амбасада на светот МЕЃАШИ на телефон 0800 12222.

 

9.Волонтирај во слободното време и помагај ги организациите кои работат за заштита на децата.

 

10.Залагај се да ги продолжиш твоите напори с# додека секое дете не ги ужива своите права на детство.



Права на детето