Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа
Воведна конференција за презентација на регионалната програма Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа
Денес, 28 февруари 2013 година, во просториите на Клубот на новинари во Скопје, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ - Република Македонија, ја одржа воведната Конференција за промоција на новата програма Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа.
Конференцијата имаше цел да даде преглед за сѐ она што ќе се случува во рамките на програмата во наредните две години, како на национално така и на регионални ниво.
На настанот, присуствуваа претставници од сродните граѓанските организации како и претставници од државните институции. Настанот беше медиумски покриен.
Конференцијата беше фасилитирана од страна на проект координаторот д-р Васка Цветаноска Панова, а говореа Ана Битољану, член на Управен одбор одбор и тренерка за ненасилна разработка на конфликти заедно со Катерина Конеска раководителот на програми на ПДАС Меѓаши.
Конференцијата резултираше со заеднички заклучоци за формирање на национално партнерство кое ќе се залага за промоција на прифаќање на другите и почитување на различноста преку раното детско образование во Македонија и во регионот.
Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа
(ПРЕЦЕДЕ)
Во последно време, во медиумите и јавниот живот значајно место заземаат информациите за се поизразената тенденција за поделба по етничка основа во училиштата. Постојат многу истражувања и претпоставки за главните причини за ваквата тенденциja кои укажуваат на голем број слабости на национално и училишно ниво. Имајќи предвид дека мултикултурализмот и добрите меѓуетнички односи се важни карактеристики на квалитетното образование, Првата детска амбасада во светот Меѓаши од декември 2012 година започна со спроведување регионална ЕУ ИПА Програма- Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа – ПРЕЦЕДЕ.
Носител на Програмата е граѓанската организација Помош за децата (Pomoć deci) од Србија, а во истата се вклучени уште 4 организации од Западен Балкан и Европа. Покрај ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СЕТОТ МЕЃАШИ, како имплементирачки партнери се јавуваат организациите: Балкански сончогледи од Косово, Партнери за децата (Partnerë për Fëmijët) од Албанија, Центар за граѓанска иницијатива (Center for Civil Initiatives) од Хрватска и Рани години – организација за мали деца од Северна Ирска (Early Years – the organisation for young children).
Главната цел на Програмата е да се зајакнат капацитетите на организациите од граѓанскиот сектор во Балканскиот регион и во Европа кои ќе работат во насока на процесите за помирување и единство преку едукација во раните години. Преку програмата ќе се формираат одржливи национални мрежи и регионална мрежа од граѓански организации, чија целна група се децата и младите. Исто така, програмата предвидува промовирање на прифаќање на другите и почитување на различностите преку раното детско образование во регионот на Западен Балкан. Програмата ќе овозможи поврзување на националните и регионалната ПРЕЦЕДЕ Мрежа со Меѓународната мрежа за деца во конфликтни и пост-конфликтни земји (International Network for Young Children in Conflict and Post-conflict Countries).
Програмата е со времетраење од две години. Во периодотот, ќе се спроведат активности поврзани со анализа на постоечки алатки за градење на мирот и помирување на национално и меѓународно ниво. Активностите ќе се однесуваат на: истражувања, обуки, градење на капацитетите за истражување, следење и анализа, развој и имплементација на стратегии и алатки за застапување на регионално и државно ниво и т.н.
Програмата се организира во рамките на регионалниот ЕУ ИПА проект Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа.
Мислењата изразени во оваа информација се на единствена одговорност на Прва детска амбасада
во светот Меѓаши и на никој начин не ги рефлектираат мислењата на Европската Унија
Програмата се организара во рамките на Годишната програма поддржана од CIVICA Mobilitas програмата, спроведена од Центар за Институционален развој – ЦИРа, финансиски поддржана од Швајцарската Агенција за развој и соработка – SDC.