Почетна » За Амбасадата » Прва Детска Амбасада во Светот - Меѓаши - социолошки и политички димензии и аспекти


Проф. Д-р, Стојан Т. Томиќ - Светот се одржува со духот на невините деца - Талмуд - Ниту за една задача не постои подобро вложување од давањето млеко на децата - Черчил 
  Прва Детска Амбасада во Светот - Меѓаши 
социолошки и политички димензии и аспекти 
 
Децата не треба да се виновни што се (родени) живи 


            Човекот уште од самиот почеток на својот живот е немоќен. Тој не одлучува дали сака или не сака да се роди, кој ќе го роди  (дали родителите ќе бидат од бела, црна или жолта раса), во какви услови и во кое време ќе се роди, во сиромаштија и војна, во мир и богатство. Самиот тој факт, немоќта на детето, уште на почетокот го става малиот детски свет во драматични или трагични услови. Едно дете почнува да живее (живурка) во сите видови социјална и човечка сиромаштија, а друго во услови на општествен раскош. Така, едно дете, и тоа не по негова вина (само што е родено), ќе тагува и плаче гладно, голо и босо, а друго ќе пее весело и сито.

            Хуманите социјални движења, организации и институции ја имаат и таа задача да ја намалат, ако неможат и да ја запрат споменатата неправда, колку-толку да ги стават децата во приближно еднакви услови за  живот  барем во раната младост (да можат сите деца да одат на училиште, да пијат чаша млеко,  да имаат можност за лекување). Таква и слична задача презеде Првата Детска Амбасада во Светот - Меѓаши. Велиме ја презеде, а ниту самата не е доволно свесна за големината и тешкотиите од таквата задача. За да реализира барем  мал дел од преземената задача,  Амбасадата ќе се пробива од вистинската (навистина тешка и бедна) состојба кон онаа замислената односно идеална или приближно идеална состојба.

            Во тоа пробивање Детската Амбасада по многу нешта е слична на децата - таа со ситни, мали, несигурни  чекори, детски ќе се  искачува и пробива и единствено така ќе го покаже и докаже  своето постоење  (постоењето се покажува и докажува чекорејќи). А какви ќе бидат тие први чекори на Амбасадата со хумана цел зависи од многу нешта, па и од тоа како споменатото движење ќе биде “снабдено” со идеи, модерни мисли и територии, колку и како ќе биде заштитено од сите можни девијации и расипувања (судбината на големите идеи е да се расипат уште на почетокот - постои закон за расипување на идеи, а Првата Детска Амбасада во Светот - Меѓаши е голема идеја, неопходна и е и голема адекватна заштита).

            Со тоа, неопходно е уште на самиот почеток на дејствување на Амбасадата да се размислува за тоа како да се избегнат и заобиколат сите невнимателности, секоја замка, секоја грешка, а сe со намера детското чекорење да биде што поисправно, што похумано, да не заталкува, да не се сопнува, да не се компромитира. Во тој правец одат и нашите намери - сакаме да изучуваме, а не  да подучуваме еден проект. 
 
Несебични движења восебично (егоистичко) време

Хуманите социјални движења  на крајот од ХХ и на почетокот на XXI век се лоцирани во незгодно време, во време на разновиден егоизам  и себичност, омраза и поделеност, во време на неправда и нееднаквост.. Хуманитарно-социјалните движења се распнати меѓу вредноста и антивредноста - меѓу себичноста и несебичноста, меѓу солидарноста и егоизмот, меѓу еднаквоста и нееднаквоста, меѓу правдата и неправдата. Сето тоа ја неметнува неопходноста на  адекватна локација на Првата детска амбасада  како хумано движење, а тоа, пред сe, значи дефинирање на темелите врз основа кои е втемелено споменатото движење.  Во потрагата по хумани и стабилни темели на Детската Амбасада,  се неопходни  два столба - а тоа е адекватен систем на вредности и адекватен систем на потреба (детски). Со вредностите треба да се стабилизираат однесувањето и делувањето на Амбасадата и како нешто свето треба да  се заштити Амбасадата од можните девијации и компромитирања - хуманититарните движења се склони на компромитации, злоупотреби, измами, криминал. Покрај несебичност и солидарност како две вредности, на врвот од скалилото на вредносниот систем на Амбасадата треба да се стави, и тоа како стандарт за однесување, вредноста почитување на помошта која спречува злоупотреба и неверство дури и на еден денар, долар. Оние кои даваат помош на хуманитарните организации со право се сомневаат во тоа дали помошта ќе стигне до оние за кои е наменета или ќе дојде до злупотреба. Таква компромитација во движењето  може да настане ако се случи некој да изневери, украде, задржи нешто од помошта и да си ја присвои.

            Покрај наведените вредности во системот на Амбасадата треба да се вградат уште неколку добри особини како што се правда и праведност, еднаквост, законитос, скромност и други.

            Паралелно со инсталирањето на адекватен вредносен систем во социјалниот систем на Амбасадата, треба да се размисли и за тоа како целосното делување (и верување) на Амбасадата да се лоцира кон адекватен систем на потреба - детска.  Детската Амбасада  е инструмент, средство за задоволување на неки потреби на децата од светот, Амбасадата не е самата за себе цел и треба да се спречи Амбасадата да стане цел на самата за себе (непотребни скапи патувања, нерационални материјални и други трошоци во канцелариите на Амбасадата и нејзините Конзулати, преголеми плати на службениците, раскошна опрема во канцелариите и друго). Сите трошоци на Амбасадата и Конзулатите треба да се проценат според условите и според критериумот на условите - да се троши онолку колку што е неопходно да се извршат виталните функции на Амбасадата и Конзулатите. Во социјалниот систем на Детската Амбасада треба да се вгради  систем на потреба од широк распон и богата содржина, а тоа значи дека Детската Амбасада ќе ги задоволи како елементарните така и потребите од висок ред - оние духовни, модерни, секундарни, а не само примарните. За волја на вистината треба, пред сe, гладните да се нахранат, голите облечат, босите обујат, неослободните ослободат, но паралелно треба да се задоволат другите потреби - социјалното движење на Детската Амбасада  ќе стане и ќе се развие како модерно движење (за модернизација и иновација ќе има уште некој збор). Сe што е претходно кажано упатува на заклучокот дека системот на потреба како темелна ориентација на Амбасадата, секогаш проучува, иновира, модернизира, хуманизира, особено да се избегнат лажните, вештачки и штетни потреби, меѓу нив и потребата за престигнување (што кај децата е присутно). Човекот е цел на човекот, детето е цел на детето, а не средство, а сето тоа е во спротивно со поребите на престигнување.
 

Идејно гледање и институционално - нормативно решение

            Во изградбата, развојот, промените (Амбасадата како проект не само што ќе се развива туку и ќе се менува) и модернизација на амбасадата како социјално хумано движење, неопходно е уште на самиот почеток да го усклади идејното гледање од институционални и нормативни решенија (станува збор за идејно, духовно, а не за идеолошко гледање). Неадекватните институции обично ги малтретираат, компромитираат добрите идеи, па треба да се внимава да не се редуцира од некое одбрано организационо, нормативно и институционално решение, и да не ги запостави првобитните идејни хоризонти на Амбасадата.

            Во Детската Амбасада, како движење, (акцентот е на движењето, а не на институцијата) ќе се сплотат следните конститутивни елементи:

ИДЕЈА*ИНСТИТУЦИЈА*НОРМА*СОЦИЈАЛНА*АКЦИЈА*РЕЗУЛТАТИ

            Идејата за Детската Амбасада не лебди во воздухот, таа е лоцирана во институции и организации на кои што им одговара (институцијата Амбасада, Конзулат, Канцеларии), а институциите имаат свои пишани норми со кои се регулира однесувањето на институцијата, а сe со намера да се стимулира саканата социјална акција - движење и да се постигнат саканите резултати. Меѓутоа, познато е дека ниедна институција ниту норма не може да го искаже сето богатство на идеи, дека институцијата и нормата ги кова и заковува идеите, ги замрзнува, ги става во “институционален фрижидер”. Сето тоа води кон намалување на можните резултати, односно кон дестимулација на социјалните акции, до преголеми напори, а премали резултати.

            Должни сме да го илустрираме најавениот проблем (на релација идеја - институција - норма - социјална акција - резултати), и тоа не со намера да нудиме решенија и рецепти, туку да помогнеме при операционализација на најавениот проблем. Земаме неколку прашања за илустрација:

 
            1 идеја: Нема метрополи ниту провинција, постои само провинциско     мислење и однесување

            Современиот свет, посебно оној техничкиот, технолошкиот и научниот, инсистираат на споменатата идеја, а Првата Детска Амбасада во Светот - Меѓаши се зафати со реализација на споменатата идеја така што една современа, модерна идеја ја лоцира и развива во “провинција” во регионот Семберија, во малото село Меѓаши. Да не биде нескромно, идејата за едно движење отиде од едно село до метрополите до Њујорк, Париз, Токио, Белград и други. Затоа треба да се спомене идејата да се заштити од компромитација  на неадекватни институционални решенија, а тоа значи дека изворот на иновација и модернизација и натаму ќе остане во споменатото село, главната содржина да се негува во селото, а околината, па и онаа високоурбана да партиципира во сето тоа на модерен начин. Затоа треба да се внимава на дислоцирањето (преместувањето) на некои социјални функции од село во градовите - на пример, преместување на Амбасадата од село Меѓаши во град Сараево,Скопје од практични причини. Поделба на работите - да, но не и поделба на содржината на центарот на Амбасадата. Убавината и задоволствата на Детската Амбасада ќе траат до тогаш додека таа успее да ги сочува руралните инспирации, содржина и локација, не бегајќи од урбаната модернизација (треба да се чуваме од имитацијата, како и квазимодернизација). Патем да кажеме, регионот Самберија е типично селски социјален систем, по многу нешта е специфичен и како таков е склон на иновации и модернизации - треба да му се помогне на овој реон во тоа.

            2 идеја : Да се сочува детскиот стил на верување и делување

            Детската Амбасада е детска по намерата, целите и смислата, таа ги задоволува детските потреби и интересирања, без оглед што Амбасадата ја водат и предводат возрасни луѓе. Затоа треба да се размислува за тоа како да се негува и заштити споменатата идеја, а се со намера да не се западне во стари - мали обрасци на делување и однесување. Детските проблеми треба да се третираат на детски начин, но не и на старечки начин. Сето тоа упатува на потребата за преиспитување на институциите и организација на состаноците, договорите, симпозиумите, донесувањето заклучоци, придобивање нови членови и водење на работите. Во тоа добредојдена би била сугестијата од детскиот психолог, педагог, социолог, лекар. Единствено така сите детски институции ќе бидат научно втемелени, но по форма раскошни, лесни и блиски до децата.

 3 идеја: За трите фази на развојот на движењето

            Детската Амбасада како социјално движење и како нституција ќе помине низ три неизбежни фази на развој и промени, така наречена детска фаза, потоа цветна фаза и кризна фаза.

            Затоа треба да се води уште сега, на почетокот сметка што подолго да потрае почетната детска фаза од развојот, зад неа онаа цветната, а да се одложи онаа кризна фаза - одложи, ако не и да се спречи.

            Првата фаза од развојот на проектот настанува тогаш кога движењето го поставува прашањето ШТО треба да се работи, кога ги најавува целите, смислата, плановите, а се уште нема одговор како сето тоа да се постигне. Во таа фаза движењето триумфира (Детската Амбасада сега е во фаза на триумфирање). Другата цветна фаза настанува тогаш кога движењето се обидува да одговори на прашањето КАКО да се постигнат целите, по кои методи и средства тоа да се прави, како да се усогласат целите и методите, како да се заштитат благородните цели од недозволените методи за реализација (движењето западнува во кризи кога ќе почне да служи на недозволените методи). Сето тоа упатува на заклучокот дека Амбасадата како движење треба да    го резервира прашањето ШТО треба да се работи, а прашањето КАКО тоа да се постигне да се остави на науката, вклучените во Амбасадата, на нивната фантазија и самоиницијатива.

            Целите на Амбасадата може да бидат единствени (но и разновидни), а начините на реализација на целите плуралистички, алтернативни, а до алтернативни сценарија најдобро ќе стигнат две сили - со помош на умот (науката) и волја (демократија)  приврзаници на Амбасадата, така Амбасадата како движење мора да биде и демократска и научно заснована. Единствено така движењето ќе се заштити од кризните методи на реализација на целите и програмите, бидејќи претераниот институционализам и педантна организација на сегментот КАКО да се делува доведува до загушување на социјална акција, до кризана партиципацијата.

            Третата фаза е кризна фаза во развојот на движењето и институцијата  настанува во оној момент кога движењето ќе почне да се брани од напади од надвор и од внатре, кога,  значи, ќе го изгуби полетот и сe помалку ќе го поставува прашањето што треба да се прави И да се помине во дефазива, бранејќи го својот опстанок, својата програма, своите методи. Ако движењето е витално, во полет тоа нема причина да се брани, движењето тогаш “напаѓа”. Само себеси  си прави нов пат и го шири просторот на своето делување.

4 идеја: За иновациското јадро и за социјалниот замор и премор на движењето  и неговиот институционален ансамал

            Секое движење се одржува, развива, менува и модернизира со помош на така нареченото иновациско јадро кое движењето го одржува не само кога е во кондиција, туку постојано да го освежува.  Со исчезнувањето на иновациското јадро или предолгото задржување на имитацијата наместо иновацијата (имитацијата е смртта на иновацијата) движењето се доведува до социјален  замор и до премор, до сронета и изнемоштена состојба. Од тука постојаните барања за свежо иновациско јадро, а тоа може да се квантицифира  - се верува дека е неопходно околу 30% програмата и деловности секоја година да се менуваат, иновираат. Тоа ќе биде голема, да не кажеме и преголема обврска  - секојдневно да се иновираат содржините и формите на делување на Амбасадата. Тоа не се постигнува со реорганизација, туку со нови идеи, свежи потреби и витални форми на делување.

5 идеја: За избор и селекција на партициентите

            Движењето брилјира не тогаш кога има масовна, туку селективна, квалитативна партиципативна основа  (тоа не значи дека треба се секташи  и од движењето да се одбиваат партиципантите). Меѓутоа, за секое движење претставуваат поголема опасност несаканите сојузници - партиципиенти, отколку недостатокот од партиципиентите. Несаканите сојузници - партиципиенти со своите дела го компримитираат движењето, му ги  менуваат првобитните цели, смислата. Идејата за Првата Детска Амбасада може да се употреби и злоупотреби ( за профитерски цели и намери, за антихумани цели, несаканите партиципиенти  можат да ја трансформираат Амбасадата од институција  за задоволување на потребите на децата во институција  за задоволување  на потребите на партиципиентите - помагачите и некои членови).

            Според некои научни истражувања, а меѓу нив и според нашите истражувања, движењето одржува мал процент партициенти во  материјален па и во духовен поглед: 3-5%, според нашето истражување, односно околу 8% партиципиенти, според другите истражувања, задоволува околу 80% од потребите на проектот. Ако наведените сознанија  се приближно вистинити, тогаш се наметнува потребата за внимателна селекција на партиципиентите по принципот: “Подобро малку, но добро” (како да се однесуваме, на  пример, кон големите фирми - партиципиентите, кои нудат голема материјална помош во вид на реклама  и на други начини, а чии цели не се во склад со  целите на Амбасадата, дали да се прифати или одбие политичката подршка на Амбасадата и движењето, како би се заштитило движењето од  напотребната и штетна политизација (минимална политизација е неизбежна).

            Паралелно со селекција на партиципиентите - оние кои се борат за движењето, неопходна е згрижувачка и хумана селекција на оние на кои движењето им помага, а сe со намера да се избегне секава дискриминација, да не се западне под доминација на некој приоритет - како меѓу гладни да се одберат оние најгладни, како меѓу загрозените да се одберат оние најзагрозените. Затоа е неопходно да се биде опремен со вредности (како стандардите на однесување) и критериуми за тоа кому да се даде, а кому моментално или никако да не се даде помош и поддршка од Амбасадата, зошто Амбасадата собира еден слој  на деца, а не другите - прашања кои ќе бидат сe почести,  пожешки, раздразнувачки. Познато е почуствително е прашањето за делење на помошта, за разлика од прашањето за собирање на помошта. Поединците, социјалните групи и институциите не се толку раздразливи кога даваат  колку што се кога се дели помош.

                                    *   *   *

Не се овде наведени сите, ниту пак најважните прашања конституирањето и функционирањето на Првата Детска Амбасадса во Светот-  Меѓаши - изборот е случаен и илустративен, а не сеопфатен. Имавме намера  да размислуваме за некои општи, потоа посебни, како и за поединечни неопходни луѓе за социјална акција, насобрани околу Детската Амбасада (паралелно некои десетина општи  функции, односно може да функционираат и неколку стотини посебни  и поединечни услови за социјална акција,   а за тоа може да се поведе дополнителна расправа).

            Овде не стана збор за една многу важна тема - за водењето на Амбасадата, за водењето на работата и за управувувањето  на едно движење и систем, доста сложен (како да се совлада сложеноста, а да не се западне во компликација, да речеме, и тоа е едно од прашањата). Науката, без вообразување, може и на наведениот сегмент да понуди некои видувања кои имаат тенденција за модернизација  на управувањето на системот и подсистемот на Амбасадата. Водењето е битен конститутивен елемент на секое движење и може да се очекува дека ќе се појават одредени прашања, ако не и проблеми во наведената област (да речеме, како да се предводи, а не да се владее, како во движењето да се воведат наука и демократија, како да се интегрираат големиот број иницијативи и самоиницијативи, а не да се централизира и бирократизира работата на Амбасадата, како да се обезбеди секоја единица - Конзулат и други единици, да имаат оптимална автономија, но и оптимална друштвеност, единство, како во рамките на Амбасадата како движење и како сложена институција да се врши поделба на работата, а да се избегне поделбата на големи функционери - тоа се само некои прашања за расправа).

            Да и посакаме на Амбасадата успешни први чекори  - само со чекорите таа ќе го покаже и докаже своето постоење.

                                                                                                        текстот е напишан 1991 година.