Претставници и претставнички од Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието и Државен просветен инспекторат учествуваа на Напреден тренинг за градење мир и мировно образование
Првата детска амбасада во светот Меѓаши - Програма за мировно образование, од 11 до 13.04.2019 година во хотел Мираж, Струга ја одржа третата обука за претставници/чки од Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието и Државен просветен инспекторат, на тема Градење мир и мировно образование. Една од целите на обуките е учесниците/чките да се запознават подлабоко со активностите и методологијата според која работиме за да можеме заедно да ја постигнеме долгорочната цел на проектот, мировното образование да стане составен дел на воспитно-образовниот систем. Во таа насока неопходна е соработката со институциите.