активности 1999-2000
Во соработка со Институтот за трајни заедници и со негова финансиска поддршка во јануари 2001 год. го започнавме проектот Омасовување и зајакнување на невладиното организирање за правата на детето во Република Македонија. Со овој проект, меѓудругото е предвидено оформување на Сојуз на детски организации и објавување на брошурата "Моите права" наменета за деца од 9 до 12 годишна возраст. 5.3. ПДАСМ е основач на Здружението за заштита на правата на детето (ЗПД) - невладина организација на која секогаш го пренесуваме нашето најдобро искуство. Еднаш месечно ЗПД организира состаноци на управниот одбор во кој париципираме со двајца членови. Здружението за заштита на правата на детето на 26.11.1999г. организираше симпозиум на тема:"Правата на детето". 5.4. со Каритас - Есен имаме размена на волонтери за нивните проекти кога им е потребно, а до минатата година заедно работевме како партнерски организации на два проекти за поддршка на децата бегалци. Хуманитарната организација Каритас од Есен, Германија, претставништво Скопје во период од 24 до 28.05.1999г. одржа семинар од Проектот "Деца во стрес". На овој семинар земаа учество нашите волонтери кои секојдневно работеа со децата бегалци од Косово: Андреа Лазаревски, Фатмире Абдурамани и Сузан Нуредини. Од 25-29.11.1999 и 17-19.12.1999 во организација на Каритас - Есен, под раководство на Проф.Др Младен Лончар од Медицинскиот центар за човекови права од Загреб и експерти од Приштина се одржа програма за едукација во рамките на проектот "Деца во стрес". На овие семинари земаа учество нашите волонтери од проектот за работа со децата бегалци: Фатмире Абдурамани, Сузан Нуредини, Љуљзиме Абдурамани, Ваљон Ќерими, Спасе Димовски, Илчо Бундалевски и Суде Топољани. Соработката продолжува.; 5.5. Пријатели на децата без родители - нивниот член Валеријан Моневски (кој пред три месеци беше избран за претседател на коалицијата) на наш предлог беше испратен на специјализација во НВО групата за правата на детето во Женева (2000); Во овој контекст би ја споменале соработката и со Центарот за деца и млади - Прилеп, со кој редовно сме во контакт и им помагаме со нашето искуство како менторска организација - за подготовка на предлог проекти и воопшто за се што ги интересира; 5.6.Македонски центар за меѓународна соработка - учествувавме во проектот на МЦМС "Цело е кога има се", со подготовка на изложба на детски цртежи. Волонтерот на ПДАСМ - Митко Ѓорѓиев учествуваше на обука за дизајнирање предлог проекти преку МЦМС во ноември 2000, а во декември 2000. Драги Змијанац учествуваше на обуката за организациско јакнење. На 20.03.2001 година потпишавме со МЦМС Договор за поддршка на проект со наслов "Организациско финансирање". Зоштосе јавивме на овој конкурс? Познато е дека секоја НВО поминува низ неколку типични фази или меѓуфази на организациониот развој (фаза на идеја; почетна фаза; неформална/доброволна фаза; фаза на формализација; фаза на професионализација или институционализација; фаза на транзиција во водството; фаза на реформулација...). Анализата на развојот на ПДАСМ покажува дека таа се наоѓа во фазата на професионализација или институционализација. Од оваа фаза зависи дали организацијата ќе продолжи да работи успешно. Дали ќе успее да вработи повеќе луѓе кои имаат соодветни професионални или раководни способности, како еден од основните предуслови за градење на внатрешниот капацитет на НВО. Јасно е дека опстанокот и успехот на НВО зависат пред се од способностите на нејзиното раководство. Зголемувањето на капацитетот на персоналот најчесто значи поефикасно изведување на програмските активности и зголемување на успехот во пронаоѓање фондови, но исто така и мотив и можност да се развијат сопствени капацитети за управување и раководење. Спроведувањето на сите овде наведени активности резултираше со зголемување на обемот на работата и ориентирање на развојот на нашата НВО. Како основен проблем во оваа ситуација се јави прашањето како ПДАСМ да зајакнува организациски без доволно финансиски средства за таа намена, бидејќи сите финансиери покриваат трошоци само за одредени проекти. Најпосле, по осум години развивање на граѓанското движење во Република Македонија, за првпат беше објавен конкурс за организациско јакнење на НВОи. ПДАСМ се пријави и беше една од ретките организации која успеа да ја добие довербата од страна на МЦМС, а веруваме и дека ќе ја оправдаме повеќе од очекуваното. 5.7.Во декември 2000. бевме НВО член на координативното тело во кампањата против семејното насилство - проект на Хуманитарната организација за солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ. Во февруари 1999г. во Тетово се одржа семинар со тема "Ментални и здравствени ефекти на децата- сведоци и жртви на семејно насилство", организиран од "хуманитарната асоцијација за еманципација, солидарност и еднаквост на жените". На овој семинар земаа учество две волонтерки од ПДАСМ: Рената Јаневска - волонтер на ЅОЅ телефонот за деца и млади и Јулијана Стевановска - раководител на работилницата "Клуч". Во мај 1999г. во Струга беше одржан семинар на тема "Ментални и здравствени ефекти на децата- сведоци и жртви на семејно насилство", организиран од "здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените". На овој семинар учествуваше Лидија Станојоска - волонтер на ЅОЅ телефонот за деца и млади. Во јули 2000 Хуманитарната организација за солидарност, еднаквост и еманципација на жените организираше 7 дневна обука (во Струга) за заштита на правата на децата и жените, на која учествуваа нашите волонтери: Лидија Станојоска, Рената Јаневска и Русков Горан (од правната служба на ПДАСМ). 5.8. Од 21 - 30 октомври 1999 во Хаваи се одржа Милениумски конгрес на младите на кој земаа учество двајца членови на ПДАСМ: Ѓакуш Кабаши (15) и Лиле Јандревска (17). Конгресот беше организиран од Пеаце Цхилд Интернатионал од Лондон, чиј национален координатор за Македонија е Ѓакуш Кабаши - Дете амбасадор на ПДАСМ. 5.9.Во ноември 1999 ПДАСМ доби покана да учествува со свој делегат на обуката за "Промовирање позитивни пораки преку медиумите". Проектот беше организиран во рамките на системот на Ројамон процесот, спонзориран од Големото Војводство Луксембург, иницијатива на Европската Унија. На оваа обука од ПДАСМ зема учество нашата волонтерка-коресподент Нина Котевска. 5.10.Во периодот од 08.11.1999 до јануари 2000г. во организација на Меѓународната Католичка Комисија за Миграции се одржуваа два типа обуки: за менаџмент на невладини организации и за менталното здравје на децата. На оваа обука земаа учество: Атанас Стојаноски (координатор на правната служба), Радмила Јанковска, Вера Калимановска, Михаило Апостолов, , Ана Јанковска, Авни Азири, Лидија Станојоска, Маја Даниловска (волонтери во проектот Едукација за човекови вредности), Спасе Димовски (волонтер во работата со децата беглаци од Косово), Марија Стеваноска (волонтер во службата за коресподенција). 5.11. Во период од 19-22.11.1999 се одржа трилатерален семинар со тема "Интеграција на малцинствата во општеството" организиран од страна на Информацискиот и Документациски центар на Советот на Европа. На овој семинар земаа учество волонтерите од ПДАСМ: Александра Ничевска (раководител на работилницата по англиски јазик) и Ваљон Ќерими (вклучен во работата со децата бегалци). Во соработка со канцеларијата на Советот на Европа, исто така објавивме Прирачник за работата на ЅОЅ телефонот за деца и млади по повод пет годишнината од работата на оваа служба. 5.12.На 21.01.2000 г. во организација на Директна детска помош започна реализацијата на проектот "Ежот Ваму-таму". Во проектот земаа учество волонтерите: Билјана Пеоска, Лидија Станојоска и Борче Стојановски - Џеронимо. Организацијата Директна детска помош организираше и обука за менаџмент на невладините организации. Од ПДАСМ учествуваа тројца волонтери: Ирена Миланова (волонтер-стажист од Институтот за социјална работа - во проектот Едукација за човековите вредности), Билјана Пејоска (раководител на работилницата по германски јазик) и Борче Стојаноски - Џеронимо (волонтер во проектот за поддршка на децата бегалци). 5.13.ПДАСМ во соработка со Интернатионал Глобал Марцх Организатион Агаинст Цхилд Лабоур започна кампања за ратификација и примена на Конвенцијата бр.182 и Препораката бр.190. Во март 2000г. во посета на ПДАСМ беа мрс.Ралуца Сламнесцу и мр.Георге Валентин Роман, од Саве тхе цхилдрен Романија како организација координатор на Глобал Марш за Југоисточна Европа. Во тој период ПДАСМ организираше "Глобална Кампања за Едукација". За да ја зајакне кампањата, во април од Индија дојде и претедателот на Глобал Марш, г-дин Каилаш Сатјарти. Во Октомври 2000. во Милано се одржа Состанок на националните координатори на Европските земји, на кој учествуваше Гордана Пирковска Змијанац. 5.14. Од 04. до 07.04.2000г. во Охрид во организација на Асоцијацијата на Млади Европски Медијатори (Ассоциатион Еуропеене де Јеунес Медијатеурс) се одржа обука за медијација на кој учествуваше Ана Јанковска, раководител на една од работилниците по англиски јазик. Во јуни 2000г. во Маврово во организација на Асоцијацијата на Млади Европски Медијатори (Ассоциатион Еуропеене де Јеунес Медијатеурс) се одржа 7 дневна обука за медијација на кој учествуваа Даниел Стојановски (волонтер во правната служба на ПДАСМ) и Илија Дојчиновски (волонтер на ЅОЅ телефонот). 5.15.Во периодот од 25.02. до 06.03.2000 во Кисељак , Босна и Херцеговина се одржа тренинг за ненасилно разрешување на конфликти, во организација на Центарот за ненасилна акција од Сараево. На оваа обука земаа учество Ана Битољану и Јасмина Тодоровска од Скопје и Наташа Ристеска од Охрид, волонтери на ПДАСМ, вклучени во проектот Едукација за човековите вредности. Од 21.04. до 02.05.2000 во Сараево се одржа тренинг за ненасилно разрешување на конфликти. На оваа обука учествуваше Авни Азири, волонтер во ПДАСМ, раководител на една од работилниците по англиски јазик. Во организација на ЦНА од Сараево во јуни 2000. започна програмата за понатамошно образување за ненасилно разрешување на конфликтите. Преку доле наведените фази, нашите волонтерки Ана, Јасмина и Наташа добија сертификат за Тренери за ненасилно разрешување конфликти. Оваа обука се одвиваше во 5 фази. Во декември 2000. ПДАСМ во партенерство со Центарот за ненсаилна акција од Сарево, организираше дводневна обука на своите волонтери на тема "Вовед во основите на ненасилната трансформација на конфликтите", со обучувачи од ЦНА Сараево. На обуката учествуваа следниве волонтери од ЅОЅ службата: Стојкоска Марија, Илија Дојчиновски, Велјановска Даниела, Ѓокиќ Лидија, Гашоска Надица, Ристовска Александра и Рената Јаневска. Волонтери од другите служби: Маја Даниловска, Петар Димитров, Ваљон Ќерими, Суде Топољани, Борче Стојановски и Снежана Јовановска. 5.16.Во Април и во Јуни 2000 во организација на УНИЦЕФ се одржа обука за тренери за детски права. Од ПДАСМ учествуваа волонтерите: Илчо Бундалевски, Билјана Пејоска и Никола Киселинов Боздоганов - координатор на канцеларијата на ПДАСМ во Охрид. 5.17.Од 6-12 август 2000, во Хановер - Германија, се одржа Европска младинска конференција, во организација на Фондација за правата на идните генерации од Германија, на која учествуваа следниве волонтери на ПДАСМ: Ивица Аницин (дете член на ПДАСМ), Љупка Николовска - технички секретар на ПДАСМ, Билјана Пејовска - раководител на проектот-групата за оваа конференција, Валентина Чурлиновска - волонтер на ЅОЅ телефонот, Ирена Миланова - волонтер во проектот Едукација за човековите вредности, Спасе Димовски и Татјана Бундалевска - волонтери во работата со децата бегалци; |