Почетна » Информатори и публикации

Активности 1998

По повод подготовките на "Во одбрана на детските права" ПДАСМ беше повикана да учествува со свои видувања за човековите права. Во проектот учествуваат 48 земји. Нашите учесници се членови од Волонтерскиот центар: Димитар (18), Илина (16), Лиле (15), Ѓакуш (14), Вања (17) и Јуле (21). Првата верзија на книгата е готова и од организаторот добивме честитки за работните матаеријали. Неколку автори на најуспешните трудови ќе бидат повикани во Белата куќа во Вашингтон за да работат на конечната верзија на книгата.
ПДАСМ стана членка на Интернатионал Цлеарингхоусе он Цхилдрен анд Виоленце он тхе Сцреен. Тоа е познатиот НОРДИЦОМ - информативен центар за медиуми и медиумски истражувања, при универзитетот во Гетеборг. Инаку ПДАСМ е членка на повеќе меѓународни институции, и тоа: НГО Гроуп фор тхе Цонвентион он тхе Ригхтс оф тхе Цхилд - Генева; Цхилд Ригхтс Информатион Нетњорк - ЦРИН (Лондон); Натионал НГО  Цоалитионс фор Цхилдрен'с Ригхтс - Стокхолм; ЦРЦ (Генева); Енд Цхилд Проститутион ин Асиан Тоурисм - ЕЦПАТ (Таиланд & Сњеден); Дефенце фор Цхилдрен Интернатионал (ДЦИ)- Генева; Универсал Цхилдрен Суммит-Генева; Интернатионал Ассоциатион оф Едуцаторс фор Њорлд Пеаце-УСА, Интернатионал Парлиамент фор Сафетѕ анд Пеаце-Италѕ, Институт Мондиал дес Релатионе Цултуреллес&Институт де дроит Пратиљуе-Франце, Агенце дес Цитес Униес Поур ла Цооператион Норд Суд-Сњитзерланд.ФЕВРУАРИ 1998Комитетот на МОД (Меѓународна одбрана на децата - Дефенце фор Цхилдрен Интернатионал) при ПДАСМ, одговори на барање на родителите на децата од Центар Жупа. Во писмото потпишано од Претседателот на Комитетот Проф. Д-р Владимир Ортаковски се вели дека децата се спречени во остварувањето на правото на задолжително основно образование, без оглед дали е тоа на македонски или на турски мајчин јазик. Комитетот од добиените податоци заклучи дека ова кршење трае веќе пет години. Залагањата на Комитетот се да се најде брзо и соодветно решение за излез од наведената ситуација во интерес на правата на децата на основно образование што се содржани во член 28 од  Конвенцијата за правата на детето. Конкретните активности на Комитетот се состоеа во сугерирање да се изврши тестирање на децата од Центар Жупа кои сакаат да се школуваат на турски наставен јазик за да може да се утврди степенот на познавањето на турскиот јазик. Комитетот предложи работа на стручна комисија за тестирање која ќе биде формирана од Министерството за образование и физичка култура и која ќе биде набљудувана од претставник на одборот на родителите, претставници на НВО, вклучувајќи тука и претставник Комитетот на  МОД на РМ. Генералниот заклучок на Комитетот на МОД на РМ е процесот на образование на турски наставен јазик да се одвива во рамките на образовните институции.
На 19.02.1998 во Првата Детска Амбасада на Светот - Меѓаши се одржа прес конференција по повод регистрирањето на се позачестени случки на физичко насилство над деца На прес конференцијата беа објавени: најновите податоци на С.О.С. телефонот за деца и млади кои го третираат проблемот на детето - жртва на физичко насилство ибеше прикажан 30 минутен филм снимен врз основа на вистинска случка на физичко насилство над дете жртва од страна на својата мајка. Снимениот материјал беше  автентичен и до тогаш не емитуван. Тоа е веќе познатиот случај З.С.ЗОШТО ГО ОБЕЛОДЕНИВМЕ И АКТУЕЛИЗИРАВМЕ СЛУЧАЈОТ СО ДЕТЕТО З.С.?Во случајот со З.С. не се преземени сите соодветни законодавни, административни, социјални и образовни мерки заради заштита на детето од физичко и психичко насилство. Имаме немарен однос на соседите, училиштето, полицијата, месната заедница и центарот за социјална заштита кон ова дете во селото Оморане-Велешко. Во овој случај имаме кршење на членот 19 од Конвенцијата за заштита на правата на детето. ПДАСМ врз основа на своите програмски задачи и определби како НВО за заштита на правата на детето, врз основа на податоците на С.О.С. телефонот за деца и млади, со помош на нашиот координатор од Велес г-ѓа Вера Цуракова и со подршка на медиумите го документира физичкото насилство над едно дете со едноставна намера да допре до граѓанската свест и совест. Жртвите, како и во овој случај, ретко пријавуваат насилство, владее немоќ,  и страв и тоа е причина повеќе оваа појава од "приватниот живот", појава скриена зад ѕидовите на домот најмногу да ги погодува децата. Децата не ги познаваат своите права. Незнаат кому треба да се обратат за помош, подршка и заштита. Трети лица одбегнуваат да пријават или пак се инфериорни, или се плашат, или незнаат кому да пријават. Училиштето, психолошко-педагошките служби во него, социјалните органи, полицијата се недоволно обучени и упатени за итна интервенција и заштита во случај на насилство над дете. Физичкото насилство над децата во семејството во најголем дел останува непознато, со помош на традицијата и законот. Токму затоа решивме граѓанската иницијатива да ги раздвижи колективни системи на детска заштита и подршка. Да поведат сметка за својата одговорност не само пред Владата  на РМ, туку и пред јавноста и граѓанинот.МАРТ 1998Хуманитарна помош. Нашиот почесен конзул г-динот . Њиллиам Францк СЦХАФФНЕР од Конзулатот на ПДАСМ во Антиб-Франција (во соработка со Конзулатот од Ваулџ-Ен-Велин-Франција), подари на Амбасадата 1,5 т. хуманитарна помош во храна, облека, школски прибор и лекови. Помошта беше распределена на деца членови на Амбасадата чии родители  се невработени или се под стечај, О.У. "Лазо Трповски" и колективниот член на Амбасадата специјалното училиште "Златан Сремац".
Од 3 до 5 март 1998. во Берлин-Германија  се одржа Првиот Европски Регионален Состанок на Национални Коалиции. Беа организирани повеќе работилници/групи за размена на искуства, информации и промовирање успешен пристап во имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето. Македонија на оваа прва средба на Националните коалиции од Европа  беше застапена со два члена од Секретаријатот на Македонската Национална Коалиција на невладини организации за заштита на правата на детето, и тоа: г-динот Коле Ангеловски, Амбасадор на ПДАСМ и г-динот Валерјан Моневски, член на НВО Пријатели на децата без родители. На оваа средба имаше претставување на повеќе работни групи: Употребата на Конвенцијата како легален инструмент и легалниот и политички статус на Конвенцијата на правата на детето (КПД) во различни земји; Мониторинг механизми како мерка на адвокатура на национално ниво; Лобирање и Соработка на НВО на европско ниво; Детското учество во промоција и заштита на своите права; Соработка со медиумите во промоција за правата на детето; Размена на информации со националните коалиции во Европа; Стратегија за развој на невладиниот сектор, невладините организации и имплементација на КПД во иднина;Организатор: Германската Национална Коалиција со седиште во Берлин. Патните трошоци и сместувањето за македонската делегација ги покри УНИЦЕФ.
Во организација на Европскиот конзорциум од 18 до 22 март во Брисел се одржа Европскиот форум за деца и млади. На Форумот учествуваа над 200 деца од  државите во Европската унија и државите од Источна и Централна Европа (Македонија, Литванија и Русија). Од Македонија како петчлена делегација земаа учество 3 деца вклучени во проектот: Марјан Мушевски од О.У. "Лазо Трповски" 8 одд., Александра Дуровска од О.У. "Страшо Пинџур" 7 одд. и Даниел Киров од О.У. "Ѓорѓија Пулевски' 8 одд. и Проф. Д-р Мариа Доневска и Светлана Трбојевиќ.Работата на Форумот се одвиваше во три работни групи:партиципација во општествениот живот; партиципација во семејниот живот ипартиципација во училишниот животДискусиите беа фокусирани на искуствата на децата од земјите учеснички на Форумот вклучени во меѓународниот проект "Едукација за подобрување на односите меѓу децата и возрасните". Во една од Сесиите беа вклучени и членовите на Европскиот парламент. Македонската делегација учествуваше на покана на Меѓународното детско католичко биро од Швајцарија. Ова Биро ги покри трошоците на нашата делегација. 
На 21.03.1998. се навршија четири години од работата на Детските  работилници при ПДАСМ: англиска, германска, италијанска, литературна, математичка, раб. за правата на децата и др.АПРИЛ '98На Стокхолмската конференција Студентс фор а Сустаинабле Еуропе  што се одржа од 1-4 април учествуваше Наташа Додевска наш член од Волонтерскиот Центар.
Започна реализацијата на проектот "Вашите пет минути за хуманост" како резултат на соработката меѓу ПДАСМ и ТВ 96. Секој петок во 20 часот ќе се емитува репортажа за одредена фамилија на која и е потребна помош. Во првата емисија беше прикажан животот и проблемите на семејството Петровиќ од нас. Волково. Родителите се невработени, имаат три деца од кои едното е ментално ретардирано, живеат во исклучително тешки услови, без водовод. Веднаш по репортажата нив ги посетија претставници од водоводното претпријатие и деновиве спроведувањето е во тек.    
Комитетот на МОД при ПДАСМ како конкретна активност во областа на кршењето на правата на децата во семејството го третираше проблемот на деца по развод на бракот и при постоење на правосилна судска одлука што не може да се изврши бидејќи децата се однесени во друга држава од страна на нивната мајка без согласност на родителот на кој се доверени. По однос на овој случај ставот на Комитетот е да се стапи во контакт со соодветната организација за помош на деца во другата држава и од истата да се побара помош за можно решавање на проблемот. Ваквиот став објективно е наметнат од фактот на непостоење на конвенција за признавање на странски судски одлуки. Од кривично правната област Комитетот ја разгледуваше пријавата за замена на новородено дете во Гинеколошко-акушерската клиника при Медицинскиот факултет во Скопје. Предлогот на комитетот е да се побара известување за резултатите од постапката што се води пред надлежните државни органи поточно од надлежното Основно јавно обвинителство. Во оваа смисла се зазема мислење дека може со овој случај да се запознае МВР. 
Од 15-19 Април, Амбасадорот на ПДАСМ г-дин Коле Ангеловски имаше работна средба и посета на  покана на Конзулатот на ПДАСМ во Ваулџ-Ен-Велин Франција. На средбата беа договорени поединостите околу идните заеднички проекти меѓу амбасадата и конзулатот, како и можностите за поефикасен институционален развој на конзулатот на ПДАСМ во Франција. Трошоците ги покри Конзулатот.
На 29.04.1998. шестгодишнина од работата на Првата детска амбасада на Светот - Меѓаши, Македонија; по тој повод ќе биде организирана изложба "Скопје хуман - дипломатски град", во соработка со г-дин Красимир Трајков од Филателистичкото друштво од Скопје. Ќе бидат изложени жиговите /печатите на сите  Амбасади и дипломатско-конзуларни претставништва во Скопје и разгледници и марки за Скопје како град на хуманоста.


Информатори и публикации