Почетна » Мировно образование » komparativna-analiza


PDF



Анализа на истражувањата спроведени во 5 училишта во Скопје во рамките на проектот Мировно образование(2011 - 2012)

ПРЕДГОВОР


Гордана Пирковска Змијанац, Албулена Карага и Себастиан ШвајцерПрва детска амбасада во светот МЕЃАШИ - Програма за Мировно образование 2011-2013
Истражувањето кое го имате в раце има историја. Да почнеме од 2011. кога Првата детска амбасада во светот – Меѓаши започна со спроведување активности за промоција на Мировното образование, Мирот и Ненасилството како основни вредности во воспитно-образовниот систем во Република Македонија. Активностите беа овозможени благодарение на континуираната поддршка на партнерската организација KURVE Wustrow од Германија со која имаме 20 годишна соработка- како и на финансиската подршка на Германското федерално министерство за економска соработка и развој. 


Во период од две години беа спроведени 5 обуки за ненасилна трансформација на конфликти и мировно образование, во кои беа вклучени 12 професори/ки од три средни училишта (СУГС "Никола Карев", СГУЦ "Здравко Цветковскиi" и СМУГС "Д-р Панче Караѓозов") и 6 младинци/ки како мировни едукатори/ки.  Обучените професори/ки и мировните едукатори/ки по првата обука во август/септември 2011, започнаа со оформување на мировни клубови во училиштата и со спроведување активности  со кои младите се сензибилизира и активираа да заземат активна улога во ненасилна трансформација на конфликти во нивните школи и околина каде живеат и се движат. 
На тренинзите и работилниците во училиштата, помеѓу другото, се обработуваа следниве теми: ненасилна комуникација, насилство и ненасилство,  разбирање на конфликтите, тимска работа, идентитети,  улога на родовите во општеството,  креативна разработка на конфликти, соочување со минатото, училиштата и мировното образование, планови за работа на младинските клубови, и подготовка на работилници за неформално образование. Што се однесува до методологијата на работа, се држевме на итерактивниот и партиципативниот метод и тоа преку работа во мали групи, индивидуална работа, играње улоги, планирани дискусии, и теортески инпут од страна на тренерите за дадените теми. 
Во рамките на проектот меѓу учениците од трите училишта беа организирани и други активности како на пр. фудбалски натпревар, Танц театар,  Форум театар и дебати. Со ваков тип на креативни методи целевме да развиеме мировен активизам помеѓу учениците од различни етнички и религиозни заедници. 
Овој пилот проект помогна да го насочиме вниманието на професорите/ките, мировните едукатори/ки, и учениците/ките за различните форми на насилство, дискриминацијата и неправдата и да ги охрабриме да заземат активна улога во заедницата и во нивната најблиска опшествена средина, да негуваат мир, да ја  зајакнат опшествената одговорност и да го промовираат ненасилство. 
Работењето на полето на градењето на мирот е повеќенасочен и повеќедимензионален процес кој бара спроведување организациски промени и во нашите организациски структури. Затоа, во рамките на овој проект започна и спроведување на процес на зајакнување на капацитетите на Детската амбасада МЕЃАШИ во кој се редефинираа плановите, приоритетите и целите, а беа дополнети програмите и активностите, насоките и стратегиите за следните 3 години. 
За да добиеме појасна слика за ефектите од активностите спороведени во мировните клубови како и влијанието на  другите фактори од опкружувањето, важно ни беше да го добиеме мислењето на учениците. Еве, пред нас ја имаме компаративната анализа базирана на податоците добиени од прашалниците во Ноември и Декември 2011 и 2012. Истата претставува ресурс за понатамошните активности во училиштата поврзани со градењето на Мирот и Мировното образование.
На крајот, упатуваме голема благодарност до училиштата кои беа вклучени во истражувањето: СУГС „Никола Карев“, СГГУ „Здравко Цветковски“, СУГС „Орце Николов“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ и СУГС  „Арсеније Јовковски“. Голема благодарност и до БРИМА Галуп и волонтерите/ките на Меѓаши за нивната помош. 

 

повеќе...