Почетна » Алтернативни извештаи » Детски алтернативен извештај_2020


АЛТЕРНАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ПРАВАТА НА ДЕЦАТА ВО МАКЕДОНИЈА – ОД ПЕРСПЕКТИВА НА ДЕЦАТА

Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија

ПРЕДГОВОР Извештајот пред вас е дело на тим од деца, на возраст од 12 до 17 години, кои ја прифатија поканата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши за учество во процесот на неговата подготовка. Овие ученици и нивните училишта беа дел од активностите на Детската амбасада Меѓаши во рамките на проектите Да ги земеме правата во наши раце, Зајакнување на способностите на децата за превенција од насилство и Програмата за мировно образование, преку кои се имаа стекнато со клучни познавања за детските права. Процесот на подготовка на извештајот беше организиран во две фази: фаза на истражување и фаза на пишување на извештајот. Во текот на фазата на истражување (мај-јули 2020 година) беше дизајниран и спроведен прашалник за состојбата со правата на децата, со што беа обезбедени сеопфатни податоци за повеќе аспекти од животот на децата во државата, проблемите со кои децата се соочуваат и работите кои тие сметаат дека треба да се подобрат. Прашалникот беше дисеминиран онлајн на македонски и албански јазик, а го пополнија 1 077 деца ширум државата на возраст од 12 до 17 години. Во дизајнирањето пилотирањето и спроведувањето на прашалникот учествуваа вкупно триесет ученици од 11 основни и средни училишта од Велес,1 Виница, 2 Гостивар, 3 Дебар4 и Скопје.5 Тринаесет ученици од оваа група одлучија да се вклучат во следната фаза – пишувањето на извештајот. Повеќе информации за истражувањето можете да најдете овде. Во втората фаза од процесот (јули − октомври 2020 година), беа одржувани континуирани онлајн средби и работилници со децата, со цел унапредување на нивните знаења за Конвенцијата за правата на детето и процесот на известување пред Комитетот за правата на детето при ООН.

Повеќе...