Почетна » Архива » 2009

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши во перидот од 1ви до 8ми Јуни 2009 година спроведе истражување меѓу ученици од петто до осмо одделение во 41 основно училиште во 7 градови во Македонија (Куманово, Скопје, Тетово, Кичево, Кавадарци, Прилеп и Струмица) и ученици од прва до трета година во 24 средни училишта во во 16 општини -6 града во Македонија (Куманово, Скопје, Тетово, Кавадарци, Прилеп и Струмица) . 

Одговор на Советот за радиодифузија на барањето за доставување снимка од емисијата „Момент на вистината“
Советот за радиодифузија на својата 20-та седница одржана на 9 октомври 2009 година, ја разгледуваше комуникациската анализа на епизодите од реалното ТВ-шоу „Момент на вистината“ што беа емитувани на 1 и 8 Октомври 2009 година.

Советот за радиодифузија на Република Македонија ќе покрене прекршочна постапка
Советот за радиодифузија на Република Македонија на својата 18-та седница одржана на 16.09.2009 година, донесе одлука да покрене прекршочна постапка против Трговското радиодифузно друштво "ТВ Сител" ДООЕЛ Скопје, поради прекршување на член 70, став 1од Законот за радиодифузна дејност

Реакција за сведоштвото на детето жртва на семејно насислство во Емисијата ’Нешто убаво„ на ТВ Сител емитувана на 28.08.2009
Првата детска амбасада во светот Меѓаши на јавување на новинарката Јулијана Кимовска од Нетпрес и нејзина дојава на нашиот СОС телефон за деца и млади 0800 12222 за сведоштвото што детето жртва на семејно насилство го соопшти пред јавноста, се обрати со барање до Советот за радиодифузија на Македонија.

Ниту една институција не сака да ги згрижи децата-зависници од хероин и од лепило

ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ ВЕ ИЗВЕСТУВА ДЕКА ВО ПЕРИОДОТ ОД 27. ЈУЛИ, ПОНЕДЕЛНИК ДО 31 ЈУЛИ, ПЕТОК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ЛЕТНИ РАБОТИЛНИЦИ ПО ЦИРКУС. ПРАВО НА УЧЕСТВО ИМААТ СИТЕ ДЕЦА ДО 16 ГОДИШНА ВОЗРАСТ

Во него може да прочитате: 17ти роденден на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Република Македонија; предлог иницијатива за реализација на заложбата за Детско амбасадорско столче во Генералното собрание на ООН; продолжува борбата против педофилијата и сексуалната злоупотреба врз децата ; обуки за судии и јавни обвинители и новинари за правата на детето со посебен акцент на заштита од сексуална злоупотреба и педофилија; светски ден на СОС детски линии и светски ден против злопупотреба на детскиот труд; Градење култура за детско учество; Глобална кампања за вклучување на сите деца во образованието; Детство без насилство; Дневен центар за деца на улица и многу други активности и содржини за директна помош и заштита на децата...

ТРЕНИНЗИ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО СО АКЦЕНТ НА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ОД СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА И ПЕДОФИЛИЈА
Во периодот од 26 до 28 Јуни и од 1 до 3 Јули 2009 Детската амбасада Меѓаши одржа два основни тренинзи од областа на правата на детето со посебен акцент на сексуалната злоупотреба и педофилијата.

ПОСЕТИ ОД ИТАЛИЈАНСКИТЕ ЕВРОПРАТЕНИЦИ И ITO SUPPORTING COMITY ОД ЈАПОНИЈА
Италијанскиот европаралментарец Alessandro Battilocchio и Претседателот на FIDEAS Dr. Giuliano Bartolomei во посета на Првата детска амбасада во светот Меѓаши

Меѓународен ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот

По повод 17 – ти мај – Меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот, Првата детска амбасада во светот Меѓаши ја информира јавноста за состојбата на нашиот бесплатен СОС телефонот за деца и млади 0800 12222 а воедно и потсетува за значењето кое го имаат линиите за помош на деца. 



Реакција на се позачестените случаи на родосквернавење и сексуaлно злоставување на децата во Македонија како и несоодветен третман со децата жртви на инцест и педофилија
- Кој ги силува децата во Македонија – дали во борбата против педофилијата забораваме низ какви трауми поминуваат децата жртви? - зошто некои од децата жртви на родосквернавење ги менуваат своите изјави? - дали децата жртви се оставени на милост и немилост од страна на институциите на државата?

НОВ СЛУЧАЈ НА ПЕДОФИЛИЈА ВО ПРИЛЕП Очув со месеци ја силувал малолетната посвоена ќерка Петнаесетгодишно девојче од Прилеп цели четири месеци било силувано од својот очув. Мајката на тинејџерката, која е болна од карцином, пред неколку дена дознала за кошмарот низ кој поминува нејзината ќерка, но веднаш не го пријавиле сопругот в полиција плашејќи се да не останат на улица, објави прилепската полиција.

ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ „СОНУВАЈ МИРНО“
На 29 април 2009, со почеток од 21:00 часот во дискотеката Hard Rock, ЦИРа и Првата Детска Амбасада во Светот Меѓаши организираат Хуманитарен концерт „Сонувај Мирно“. Концертот се организира во рамките на Кампањата за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба. На концертот ке настапуваат: Елена Петреска, Иле Спасев, Мартин Србиновски, Марјан Стојановски, Зоран Џорлев, Игор Митровиќ, Браво Бенд, Силви Бенд, Влатко Лозановски, Дани, Џемини, Мартина, Ристо Самарчиев, Дони, Боби – Beetbox, Маја Саздановска, Влатко Илиевски, Ева, Тони Зен,Јован Јованов ,Александара Пилева, Next Time, Александар Масевски, Елвир Меќич, Даниел Стојмановски, Бени Шакири, Тања Б.,Деана Николовска, Андријана Јаневска, Биба Додева Водителка на концертот ќе биде Лила Филиповска Цена на влезница за концертот изнесува 150 денари.

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНАТА НЕДЕЛА ЗА АКЦИЈА-ГЛОБАЛНА КАМАЊА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ 2009
Главниот настан во Скопје по повод КАМПАЊАТА се одржа на 22 април во 12 часот на Градскиот плоштад во Скопје со МАРШ за образование.

Големата книга
Oваа година во ГОЛЕМАТА КНИГА своите приказни ги споделија: Нелсон Мандела, Кралицата Ранија од Јордан (Почесна претседателка на Глобалната кампања за образование- Неделата на акција 2009), Алис Вокер, Дакота Блу Ричардс, Пауло Коелјо, Маргариет Рурс, Ерик Валтерс, Марла Стјуард Конрад, Девли Кумар, Лена Дивани, Франк Б. Едвардс и многу други. Нивните приказни се прикачени во оваа порака.

Јавни личности поддржувачи
Секоја година Глобалната кампања за Едукација добива поддршка од голем број на индивидуалци и организации од целиот свет, во продолжение се само некои од многуте кои ја дадоа својата поддршка.

Институциите затечени од случајот на силуваните сестрички
Грозоморниот случај со двете малолетни девојчиња што три месеци биле жртви на сексуалната настраност на својот татко, како да ги затече надлежните институции, па вчера неубедливо се оградува од одговорноста за инцидентот. Првата детска амбасада „Меѓаши“ вината за целиот случај ја побара во скопскиот центар за социјални работи (ЦСР) преку кој одело згрижувањето на двете девојчиња во интернатот во скопското село Љубанци.

Во него може да прочитате: продолжува борбата против педофилијата и сексуалната злоупотреба врз децата; дуплоповисоки казни за педофилите; кампања за одговорно родителство; реакции за физичко и психичко насилство врз децата; Детската амбасада Меѓаши со најголема доверба кај граѓаните,.....