Одговор на Советот за радиодифузија на барањето за доставување снимка од емисијата „Момент на вистината“Советот за радиодифузија на својата 20-та седница одржана на 9 октомври 2009 година, ја разгледуваше комуникациската анализа на епизодите од реалното ТВ-шоу „Момент на вистината“ што беа емитувани на 1 и 8 Октомври 2009 година. По облик и по содржина, ваквиот телевизиски формат претставува пример на деградирање на основното хумано самочувство, на етиката и на елементарната општествена логика на медиумската комуникација, воопшто. Воедно, анализата покажа дека споменатите епизоди се проблематични и од кривичен аспект, како што е јавното признавање на учесниците на лихварство и сексуални односи со малолетнички. Советот и укажа на ТВ А1 дека е должна да го усогласи своето медиумско поведение со одредбите содржани во членовите 68 и 70 од Законот за радиодифузната дејност. Покрај концептот, со законските одредби треба да бидат усогласени и промотивните најави за емисијата „Момент на вистината“. Во спротивно, Советот ќе преземе мерки пропишани со Законот за радиодифузната дејност.
|
|