Услови за конкурирање за
Компании или поедници кои дизајнираат, развиваат и реализираат вебсајтови
I. Општи информации
Првата детска амбасада во светот Меѓаши (Меѓаши) е невладина, непартиска и непрофитна организација чија мисија е заштита на децата и нивните права. Мандатот на Меѓаши е заштита и одбрана на детските права преку што се стреми кон остварување на својата визија за „Поправеден свет за секое дете“. Овој мандат е отелотворен во секоја активност, програма или проект што Меѓаши го спроведува, во секоја иницијатива за застапување на правата на децата и во секоја услуга што организацијата ја обезбедува.
III. Цел
Главната задача на ангажманот е дизајн, изработка и имплементација на јавен, широко достапен вебсајт, што ќе нуди и опциии за директна комуникација (чет, форум и блог), како и сопствен веб портал и систем за управување со содржини (a custom-made web portal and content management system) за Линијата за помош на деца и млади на Меѓаши. Вебсајтот ќе ги интегрира постојните апликации на Линијата за помош (СМС, ФБ и вибер) и ќе треба да се интегрира со софтверот АСЕЛО по целосната изработка на страницата, како и други области.
IV. Задачи, одговорности и временски рокови
Главната задача на ангажманот е дизајн, изработка и имплементација на јавен, широко достапен вебсајт, што ќе нуди и опциии за директна комуникација преку чет и систем за управување со содржини (content management system) за Линијата за помош на деца и млади на Меѓаши.
- Задачи/Барања
Изработка на систем за управување содржини - Создавање или дефинирање систем/платформа за управување со содржината (content management system/platform) што ќе дозволи нетехнички персонал од Меѓаши да ажурира веднаш содржини на вебсајтот на определени страници од сајтот. Поконкретно:
- Поставувањето документи и медуимски содржини на вебсајтот преку CMS мора да биде неограничено како и да може да се пребарува на најпознатите пребарувачи.
- Креирање нови страници на вебсајтот – администраторот на вебсајтот мора да биде во можност да става / дизајнира содржини на таа страница (пасуси и слики што се користат на веб страницата) со минимално познавање само на HTML,JavaScript & CSS. Исто така, додавањето на новосоздадените страници во главното мени со категории и подкатегории треба да биде едноставна задача преку додавање, ажурирање и зачувување.
- CMS мора да има можност да создава корисници и групи на корисници и да назначи кој какви овластувања има. Сите промени направени со употреба на CMS од овластените корисници мора да бидат најавени во веб апликацијата.
- Повеќејазичен: интерфејсот и содржината на вебсајтот ќе бидат на три јазика (македонски, албански и англиски), затоа CMS на вебсајтот мора да му овозможи на администраторот да прикачува секаков вид на податоци и содржина на трите јазика.
- Компатибилност со различни прелистувачи (Cross browser compatibility): предложената веб апликација мора да може да работи на сите видови веб прелистувачи подеднакво (Edge, Firefox, Chrome, Safari и Opera).
- Можност за користење на CMS делот за ажурирање на вебсајтот преку мобилен уред.
- Пребарувач на вебсајтот: целата содржина на сајтот мора да биде индексирана и да може да се пребарува, а резултатот што се враќа мора да ги потенцира клучните зборови и да ги отстрани дуплираните резултати, мора да биде достапна напредна можност за пребарување за да се создаде подобар механизам за пребарување
- Галерија: вебсајтот треба да има готови алатки за создавање галерија со фотографии или видео галерија.
- Видеа: Да има можност за директно повлекување видеа од YouTube однсоно со пишување URL или други страници наместо да се обидуваме да ги преземеме и ставиме на сајтот, што предизвикува проблеми.
- Можност за вметнување на HTML код во страниците на CMS.
- Можност да се додава, модифицира, или избрише една или повеќе страници без никакво нарушување/паѓање на сајтот.
- Можност за додавање банери или слики што може да се кликнат на која било страна од почетната страница на сајтот.
- Какви било нови технички решенија се добредојдени.
Флексибилност во додавање текст, подигнати датотеки, надворешни линкови и слики на сите страници
КРИТЕРИУМИ ЗА КОМПАНИЈАТА/ВЕБ ДИЗАЈНЕРИ ПОЕДИНЕЦИ И СТРУЧНИ ПОЗНАВАЊА:
Добро етаблиран/а високо квалификуван/а искусен/на поединец или компанија, кој/а има искуство во изработка на веб портали и решенија за менаџмент/управување со содржини според потреби, интеграција на податоци и АPI, како и експертиза со успешни примери во однос на:
- Успешно дизајнирани вебсајтови
- Корисничко искуство и тестирање на употребливоста/функционалноста
- Архитектура на информации (information architecture)
- Подобар опсег на е-услуги (better e-services reach)
- Проширување на капацитетот на услугата преку интернет (онлајн услуги)
- Проширување на опсегот на повеќе платформи
- Изработка и поставување на вебсајт
- Хостирање на вебсајт
- Стратегија на содржина (content strategy)
- Интеграција на податоците со моменталните апликации и платформи
- Респонзивен дизајн
Искуство со граѓански орагнизации или хуманитарен контекст ќе се смета за предност.
Повеќе...