Првата детска амбасада во светот Меѓаши (ПДАСМ) во периодот од 01.05.2013 до 31.11.2014 го спроведува проектот насловен „Дневен центар за деца кои не одат во училиште“, Европски волонтерски сервис, кој е финансиски поддржан под програмата „Млади во акција“ преку Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.
Ова е заеднички проект помеѓу Детската амбасада Меѓаши и невладината организација „Театер Аркен“ од Шведска каде Меѓаши е организација-домаќин, а Театер Аркен организација испраќач на две волонтерки од Шведска во Република Македонија.
Волонтерките Лиса Гонквист и Суси Олсон во текот на своето волонтирање помагаат во активностите на Првата детска амбсада во светот Меѓаши особено во активностите на Дневниот центар за деца кои не се вклучени во редовен образовен процес. Тие се дел од тимот на локални волонтери кои на децата-Роми што не одат на училиште, а се на возраст од 3 до 12 години им обезбедуваат и организираат образовни и рекреативни активности со помош и поддршка на координаторот на Дневниот центар.
Волонтерките со децата од Дневниот центар преку, игра, музика и креативни работилници ќе се обидат да ги едуцираат овие деца да ја потикнат нивната имагинација и креативност. Иако волонтерките зборуваат на јазик кој децата не го разбираат сепак преку најразличните активности кои секојдневно ќе се спороведуваат ќе имаат можност креативно да се изразат и да ги подобрат своите личносни потенцијали. Насмевката на децата, дружењето и желбата за доаѓање во Дневниот центар е доказ дека не постои јазична, културна и социјална бариера. Најважно е кога тие се чувствува прифатени и разбрани.
Освен во активностите на Дневниот центар Лиса и Суси се вклучени и во организирање на
мали образовни активности надвор од активностите во дневниот центар и се помош и поддршка на одделот за одржливост и промоција на ПДАСМ.
Со спроведувањето на погоре споменатите активности се очекува да се постигнат следниве цели на ЕВС проектот:
- Да се подобри образовната програма на Дневниот центар со нови идеи кои ќе дојдат од млади и динамични меѓународни волонтери
- Да ги поттикне децата од Ромска популација, кои го посетуваат Дневниот центар, да развијат позитивен и оптимистички поглед на нивната иднина, благодарение на креативните и образовните активностите кои се спроведуваат во центарот
- Да се промовира активно учество, волонтерство и општествена одговорност на локално ниво
Повеќе за искуството на волонтерите можете да прочитата од нивните текстови кои се во продолжение
My experience in European Voluntary Service PDF 184kb Living in Macedonia PDF 180kb
Овој проект е финансиран со поддршка на Европската комисија.
Овој документ ги рефлектира само гледиштата на авторот и Комисјата неможе да понесе одговорност за било која употреба на информациите содржани во него.
This project has been funded with support from the European Commission.
This publication [communication] reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.