Да ги заштитиме децата од сексуална злоупотреба
Водич за родители и наставници
ШТО Е СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА?
Секој сексуален контакт со детето(допирање и милување на несоодветни места), полов однос со детето, подведување на проституција, покажување на интимните делови од телото пред детето.
СЕКСУАЛНАТА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦАТА ПРЕТСТАВУВА
НАЈСУРОВО КРШЕЊЕ НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО
Во Македонија секоја година 1000 лица стануваат жртви на разновидни полови напади. Најчесто жртви се деца на возраст од 11 до 18 години. Извршители на овие тешки кривични дела најчесто се татковците, роднините, пријателите или соседите(вогловно познати на децата) велат од МВР. Половите напади врз деца и малолетници се околу две третини од вкупниот број сексуални деликти во Македонија, велат полициските анализи.
Секое дете може да биде потенцијална жртва и многу лесно може да западне во раце на злоставувачи.
Не дозволувајте Вашите деца, Вашите ученици да бидат сексуално злоставени, има начини како да им помогнете.
ПРАВО НА ДЕТЕТО Е ДА БИДЕ ЗАШТИТЕНО
ПРЕВЕНЦИЈАТА Е НАЈЕФИКАСНИОТ ОБЛИК НА БОРБА ПРОТИВ ЗЛОСТАВУВАЊЕ НА ДЕЦА
Традиционалните стратегии на превенција од злоставување на децата поаѓаат од уверувањето дека предупредувањето на децата дури и застрашувањето за тоа што смеат а што не смеат да направат, како и судското гонење на извршителот, се ефикасна заштита.
Иако потребни, тие сепак не претставуваат вистинска превенција бидејќи не ги прават децата ниту посигурни нити помалку ранливи. На пр. не ги штитат од злоставувачите кои им се познати.
ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ поаѓа од превенциските стратегии кои произлегуваат од детските способности, а не од ограничувањето на детските активности и очекувања дека родителите можат во секој момент да бидат покрај своите деца и да ги надгледуваат. Тој почива на ставот дека децата треба да се поучат што можат сами да сторат ако се најдат во опасна ситуација и со кого за тоа можат да разговараат.
Сексуалната злоупотреба е особено трауматична за детето, оставајќи далекусежни последици врз севкупниот развој, од кои како специфични се издвојуваат:
в Нарушување во психосексуалниот развој
в Хиперсексуализирано однесување
в Сексуална инхибиција
ЗАПОМНЕТЕ!
· Меѓу 80% и 90% од сексуалните злоупотреби ги прават луѓе кои на децата им се познати и блиски
· Меѓу нив има и сосема одговорни граѓани, невпечатливи по своето однесување и со уредно функционирање во многу области од своето живеење
Сите деца се ранливи во однос на злоупотребата без оглед на возраста, каде живеат и со кого.
Причини за ова има многу, некои од нив се следниве:
О Децата се немоќни и зависни
О Им веруваат на возрасните и ги слушаат, бидејќи така ги учиме
О Децата по природа се љубопитни во однос на нивните тела
О Недоволно или воопшто не се информирани за својата сексуалност и своите права
КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕМЕ ДЕЦАТА ЖРТВИ НА СЕКСУАЛНА ЗЛУПОТРЕБА!!!!!
Специфични знаци непостојат, но има неспецифични знаци чие забележување може да го сврти вниманието кон можна сексуална злоупотреба.
ФИЗИЧКИ ЗНАЦИ:
· чести полаки на телесни тегоби: главоболки,болки во грбот или во целото тело
· чести уринарни инфекции
· но често отсуствуваат било какви физички знаци
ЗНАЦИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО:
· депресија
· самоубиствени идеи
· сексуално однесување и познавање за сексот над очекуваното за возраста
· видливо сексуално самозадоволување
· постојано бегање од училиште или од дома
· злоупотреба на алкохол или дроги
· ненадејни избегнувања на одредени познати возрасни или на одредени места
· попуштање во успехот на училиште
ДЕЦАТА - ЖРТВИ:
О Се многу чувствителни во однос на тоа како возрасните го изразуваат шокот, сомневањето, гадењето од слушнатото. Може да станат агресивни да изразуваат срам или повеќе да не сакаат да зборуваат.
О Може да опишат изразити телесни или сексуални детали, кои што поголемиот дел деца не можат да ги опишат. Тоа го поттикнува кај нас мислењето дека станува збор за фантазија, но децата, особено помалите, немаат искуство, ниту фонд на зборови да измислат таква приказна.
О Преплашени се. Можеби очекуваат дека заради исповедта да им се случи нешто страшно, но немаат претстава за вистинските последици, вклучувајќи ги продолжените судски постапки.
О Може да се најдат под притисок, да негираат се или да не ја прифатат соработката ако:
· станат свесни дека сторителот (кому предходно му верувале) би можел да оди во затвор,
· дека постои можност семејството да се распадне,
· за да се заштитат од евентуални малтретирања дома.
Што треба Вие како родители/наставници да знаете при откривањето на сексуалната злоупотреба
О Можеби сме првите и дури единствените кои ќе дознаат за сексуалниот напад врз детето.
О Со тоа што ќе признаеме дека тоа се случува во општеството, ќе се зголеми одговрноста кон децата и нивната заштита.
О На сите деца мора да им се овозможи и гарантира дека ако им се случи нешто такво ќе има некој кој ќе им верува.
О Мораме да знаеме дека пријавените случаи на сексуална злоупотреба на децата го прекинуваат маѓепсаниот круг на насилство и помагаат за спречување на понатамошната виктимизација.
РОДИТЕЛИТЕ И УЧИЛИШТЕТО ЗАЕДНО ВО НАСТОЈУВАЊЕ СЕКОЕ ДЕТЕ ДА БИДЕ СИГУРНО И ЗАШТИТЕНО
На што треба да ги научиме децата :
- јасно и гласно да му кажат не на оној/онаа кој/а се обидува да ги загрози.
- во опасност да побегнат на најблиско сигурно место
- да побараат помош од возрасни лица, во кои имаат доверба
- да бидат секогаш на сигурна одалеченост кога разговараат со непознати лица
- никогаш да не прифаќаат подароци, ветување, понуди за услуга која од нив бара влегување во автомобил или стан на непозната личност.
- јасно да разликуваат добри и лоши тајни
- ако непознато лице ги фати, да се обидат да го збунат со удирање во осетливи делови на телото (препони, потколеница, горниот дел од стопалата) да му ја тргнат раката од уста со силно повлекување за малиот прст во спротивен правец.
- ако позната возрасна личност ги плаши и збунува со своите барања, особено ако бара тоа да остане "наша мала тајна", за тоа никако не смеат да молчат, туку мораат да им кажат на возрасни на кои им веруваат и да им зборуваат за тоа се додека тие тоа не почнат да го сфаќаат сериозно.
ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ!
ДЕТЕТО МОРА ДА ЗНАЕ ДЕКА ЌЕ МУ ВЕРУВАТЕ И ЌЕ МУ ПОМОГНЕТЕ.
МОЖЕМЕ И ДОЛЖНИ СМЕ, ЌЕ УСПЕЕМЕ АКО ДЕЈСТВУВАМЕ УСОГЛАСЕНО !
ДЕЦАТА ИМААТ ПРАВО НА ИНФОРМАЦИИ, ВЕШТИНИ И СТРАТЕГИИ СО КОИ МОЖАТ ДА СТЕКНАТ КОНТРОЛА НАД СВОИТЕ ЖИВОТИ И ДА СТАНАТ И ОСТАНАТ
СИГУРНИ, СИЛНИ И СЛОБОДНИ!
ДОКОЛКУ ВИ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ ЈАВЕТЕ СЕ ВО
ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ НА БЕСПЛАТНИОТ СОС ТЕЛЕФОН ЗА ДЕЦА И МЛАДИ 070 390632 или 02/2465316
Првата детската амбасада во светот МЕЃАШИ е меѓународна невладина организација чија најважна цел е заштита на правата на детето. Во случај да го повикате нашиот СОС телефон за деца и млади ( 070390632 / 2465316 ), ви нудиме:
- психосоцијална помош
- контакт информации со надлежни органи и институции
- помош во оставрувањето на контактите со државните и други институции (доколку тоа го побарате)
- разговорот е бесплатен
- тајноста е гарантирана
Секој вид злоставување деца е кривично дело кое се казнува според кривичниот законик на Република Македонија.
Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија
Ул. Коста Новаковиќ бр.22
Тел. 02 2 465-316
е-маил: info@childrensembassy.org.mk
www.childrensembassy.org.mk
Водичот го подготви Првата детска амбасада во светот Меѓаши
Рецензија, Проф. Д-р Антони Новотни
PDF - Целосна верзија на публикацијата
|