Со цел ефективна примена на Законот за донации и спонзорства на јавните дејности како и можност за поддршка на активности на граѓанските организации кои се од јавен интерес, беа организирани консултативни состаноци во Тетово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Дебар и Струга. Воедно на состаноците беше презентиран Законот за донации и спонзорства на јавните дејности, неговата целосна имплементација, се дискутираше за прашања кои се од заеднички интерес, како и за важноста на развојот на филантропијата во Република Македонија.