Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.30

НАВИВАЧИТЕ НА BOLTON ДОНИРАА ЗА ДЕЦАТА ВО МАКЕДОНИЈАНа 20 септември се оддржа средба помеѓу претставници на Детската амбасада и навивачите на Bolton Wanderers, предводени од Lee Williams кои пристигнаа во Македонија за да го поддржат нивниот клуб во натпреварот со Работнички Кометал. Парите собрани од добротворната акција организирана од навивачите на Bolton, беа донирани на Првата детска амбасада во светот-Меѓаши за потребите на Дневниот центар за деца на улица. 
 
Навивачите на Bolton  организираа добротворна акција со продажба на маици при што беа изработени 200 маици испечатени во Македонија со натпис за претстојниот натпревар. Акцијата започна во средата, траеше до четвртокот, а се продадоа над 100 маици при што беа собрани 73 062,00 денари. Со оваа акција навивачите на Bolton сакаа да го подобрат угледот на англиските навивачи и да создадат добра атмосфера помеѓу македонските и англиските навивачи пред натпреварот.
 
Во организацијата на акцијата навивачите на Bolton добија голема помош и поддршка од љубителите на Македонскиот фудбал. Еден од организаторите на целата акција беше и Игор Наумовски, уредник на web страната www.MacedonianFootball.com.