Почетна » Активности » Изминати активности » ГПМ Активности

ЗАЕДНО ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ 2006 годинаСо цел да се даде придонес кон транспарентноста на работата на граѓанските организации, како придонес кон подобрување на ефективноста на граѓанскиот сектор, група граѓански организации, 8 членки на Граѓанската платформа на Македонија, одлучија доброволно по третпат да ги објават годишните извештаи, вклучувајќи ги финансиските извештаи  со независните ревизорски мислења по тие извештаи.

Објавувањето го прават доброволно, бидејќи немаат законска обврска, но сметаат дека имаат морална обврска пред јавноста да дадат отчет за своето работење. Најчесто тоа се практикува (а и е законска обврска) во деловниот сектор.
 
Дополнителна мотивација за продолжување на традицијата е поставување на повисоки стандарди пред себе си и пред другите. Овие стандарди неминовно ќе биде потребно да ги задоволиме и да ги подигнуваме на повисоко ниво во напорите за интеграција на нашата земја во Европската Унија.
 
Затоа ги повикуваме и другите граѓански организации, единиците на локалната самоуправа, јавните институции, државната власт, политичките партии и сите други субјекти да дадат свој придонес  во јакнењето на одговорноста и отчетноста пред граѓаните и да ги објавуваат годишните извештаи, финансиските извештаи и независните ревизорски мислења  по тие извештаи. 

Активноста “Заедно за транспарентност” ќе се реализира во јули и е дел од проектот “Поддршка на национален форум/платформа за граѓанско општество”, финансиран од ЕУ и раководен од ЕАР, а се спроведува со финансиско учество на сите вклучени организации.


Промоција на позитивни примериПрвата детска амбасада во светот упатува повик до сите граѓански асоцијации за пријавување позитивни примери од нивната пракса кои ќе послужат за подготовка на публикацијата “Промоција на позитивни примери”.

Публикацијата има за цел зголемување на видливоста на резултатите од работата на граѓанските организации преку публикување на нивните најуспешни активности. Во повикот може да конкурираат сите граѓански организации во Република Македонија кои имаат спроведено активности со кои сметаат дека постигнале значајни резултати во одредена област (во последните 15 години).

Активноста на промоција на позитивни примери е дел од програмата на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), која е финансиски поддржана од Европската агенција за реконструкција. Врз основа на овој повик работната група на Граѓанската платформа на Македонија ќе изврши селекција на позитицвните примери кои потоа ќе бидат уредени и публикувани.

Заинтересираните треба да испртат пријава, максимум на една страница, каде накратко треба да се даде опис на активноста. За повеќе информации обратете се кај Татјана Насевска на телефонот 02/2465-316 или на e-mail aдресата- info@childrensembassy.org.mk . Уредник на публикацијата е Горан Величковски. Публикацијата „Промоција на позитивни примери“ се очекува да се промовира во јули.