Почетна » Права на детето » МОИТЕ ПРАВА За деца од 13 до 18 год


МОИТЕ ПРАВА За деца од 13 до 18 години

На кого се однесува Конвенцијата

Член 1 и Член 2

Оваа Конвенција се однесува на секого до 18 години, кои се уште не се полнолетни. Таа се однесува на сите деца и млади без оглед на бојата на кожата, полот, јазикот, национално, етничко или социјално потекло, верата, политичките погледи, пречки во развој или други услови на живеење.

 

Дискриминација и силеџиство

Член 2

Деца и млади подложени на дискриминација или коишто се малтретирани заради нивната или семејната положба, дејност, погледи или верата имаат право на заштита.

 

Најдобриот инитерес на децата и младите

 Член 3

Кога судовите, социјалните структури и други одлучуваат за нешта што ги засегаат децата и младите, првенствено треба да внимаваат на тоа што е од најдобар интерес за децата и младите.

 

Како правата фунционираат

Член 4

Оние држави-потписнички што ја имаат ратификувано Конвенцијата треба да се грижат за тоа законите и правилата во таа земја да се совпаЃаат со Конвенцијата. Тие се задолжени да ги преземат сите соодвтени мерки за практичната примена на правата на детето.

 

Меѓународна помош

Член 4

Ако во некоја држава не постојат доволно средства да се задоволат барањата од Конвенцијата, таа држава ќе добива помош преку меЃународна соработка.

 

Одговорноста на родителите

Членови 5, 18, 26 и 27

И двата родитела имаат заедничка одговорност за воспитувањето и развојот на нивните деца. Најважно е тие да пред се мислат на најдоброто на своите деца.

Родителите исто така треба да им помогнат на своите деца да ги сфатат и да ги остварат овие права.

Земјата-потписничка мора да ги почитува и поддржува родителите и другите одговорни за децата и нивното воспитување.
Земјата-потписничка ќе стори се за да децата на оние родители што работат бидат соодветно згрижени, во согласност со правата што ги имаат на истото.
Земјата-потписничка исто така ќе се погрижи за тоа установите за згрижување на деца и млади да се развиваат во согласност со Конвенцијата.

 

Правото на живот

Член 6

Сите деца и млади имаат очигледно право на живот. Земјата-потписничка ќе стори се што е потребно да им го обезбеди тоа право да живеат, да раснат и да се развиваат.

 

Правото на име и националност

Членови 7 и 8

 Кога ќе се роди дете, тоа веднаш се регистрира. Тоа има право да добие име и националност. Колку што е возможно, детето треба да ги запознае своите родители, и да биде сакано и згрижувано од нив. Никој нема право да им го одзема идентитетот на децата и на младите.

 

Деца и родители

Членови 9, 10 и 11

Дете не смее да биде одделено од своите родители, освен ако тие не живеат разделено или - ако по темелно размислување - тоа се покаже како најдобро за детето.

Доколку децата и родителите живеат разделено, детето има право да ги гледа обата родитела достатно често за да оддржи личха врска со нив. Тоа важи и за случајот кога еден од родителите живее во друга земја од таа на детето.

Ако еден или двата родитела биле одделени од детето поради издржување затворска казна, депортација или смрт, детето има право да дознае што се случило со исчезнатиот родител.

Ниедно дете не смее да биде одведено или задржувано во странство, во спротивност на својата волја или таа на родителите.

 

Правото на слобода на изразување, на изнесување на мисли и изразување на верска припадност

Членови 12, 13 и 14

Деца и млади го поседуваат правото да ги изразат своите мислења, и да бидат сфатени сериозно во поглед на нешта кои ги засегаат.

Деца и млади го имаат правото на слободен говор. Тоа значи дека ти имаат право да бараат, примаати даваат информации и мисли од секаков вид. Го имаат правото да се изразуваат преку говор, пишување, цртање и пеење - или на секаков друг начин се додека тоа не вознемирува или навредува други луЃе. Мислите, совеста и верската припадност на деца и млади мора да бидат почитувани.

 

Правото на зачленување во здруженија

Член 15

Деца и млади го поседуваат правото да основаат и да членуваат во здруженија, како и да учествуваат во мирни средби, се додека не ги навредуваат слободите и правата на другите.

 ПРАВИЛА:

1. Сакаме да се бориме за подобро окружување во училиштето.

2. Секој ќе учествува во донесувањето одлуки.

3. ќе се состануваме два пати месечно.

 

Правото на приватна сфера

Член 16

Ниедно дете или млад човек не смее да биде изложено на арбитрарни или незаконски дејствија во својот приватен живот, семеен живот или дома. Нивните писма и дневници се нивна сопственост. Тие не смеат да бидат подложени на напади на честа или угледот.

Деца и млади имаат право на законска заштита од такви дејства или напади.

 

Право на разновидност и информации

Член 17

 Земјата-потписничка мора да се погрижи за тоа децата и младите да се здобиваат со добри информации и материјали од дневниот печат, книги, радио и ТВ.
Земјата-потписничка ќе го охрабрува производството и дистрибуцијата на книги за децаи млади.
Деца и млади со мајчин јазик поинаков од службениот, ќе добиваат материјал на нивен јазик.

 

Малтретирање и злоупотреба

Членови 19, 34 и 39

Ниту родител ниту други возрасни немаат право да се однесуваат лошо кон деца и млади. Земјата- потписничка на секој начин мора да ги заштити децата и младите од малтретирање, експлоатација и злоупотреба. Таа ќе делува и кога родители не се грижаат за своите деца, или не можат да го сторат тоа.

 

Дом-семејства и посвојување

Членови 20 и 21

Кога толку лошо се однесуваат со деца и млади во нивните домови што тие страдаат, ќе им се даде можност да живеат на друго место каде ќе имаат добар живот. Деца и млади без семејства ја имаат можноста да бидат посвоени, ако тоа е во интерес на доброто на детето.

 

Деца и млади бегалци

Член 22

Деца и млади коишто биле присилени да ја напуштат својата земја - сами или со семејството - мора да добијат заштита и помош во новата земја. Сите нивни права мора да бидат почитувани. Оние деца и млади коишто биле присилени да ја напуштат својата земја без семејството, ќе добијат помош при пронаоѓање на своето семејство, за да пак бидат заедно, доколку е возможно тоа.

 

Пречки во развој и технички помагала

Член 23

Деца и млади со ментални или физички пречки во развој имаат право да живеат на начин што ќе им даде самодоверба и можност за активен живот во општеството. Тие ќе добиваат добри технички помагала и образование. Ако родителите не можат да го платат тоа, земјата-потписничка мора да им дава финансиска помош.

 

Право на здравје

Член 24

Деца и млади го имаат правото за највисоките стандарди што може да се постигнат во здравството. Исто така имаат право и на здравствени услуги. Секој има право на хранливо јадење и чиста вода за пиење.

Мора да се бориме против загадувањето на околината и опасностите и ризиците поврзани со истото. Децата и родителите мора да бидат информирани за оддржување на здравјето на децата и за нивната исхрана, за хигиена и чистота на животната средина, за предностите на доењето и за тоа како да се избегнуваат несреќи.

 

Сместување вон домот

Член 25

Деца и млади кои од властите се сместени во установи за згрижување или за третман имаат право на редовно разгледување на нивното згрижување и нивниот третман.

 

Правото на образование

Член 28

Деца и млади имаат право на бесплатно основно образование, образовно советување и професионално советување. Средно и високо образование исто така треба да им стојат на располагање. ќе се поттикнува редовно посетување на настава и завршување на образованието. Наставната дисциплина ќе се оддржува почитувајќи го човечкото достоинство на детето на начин во согласност со Конвенцијата.

Земјите-потписнички на Конвенцијата ќе соработуваат за да им ја обезбедат можноста на деца и млади ширум целиот свет да посетуваат настава и да се здобијат со добро образование, во согласност со Конвенцијата.

 

Целите на образованието

 Член 29

Образованието на децата ќе се насочува кон

а) давање можност за развој на сопствен начин и во согласност со способностите,

б) пренесување почит за човечките права и слободи и за принципите на ОН,

в) развој на почит кон културниот идентитет, јазикот и културните вредности на оние ученици од поинакво потекло,

 г) подготвување на учениците за одговорен живот на возрасно лице во слободно општество во дух на разбирањето, мирот, толеранцијата, рамноправност на половите и пријателство меѓу сите народи,

д) пренесување на почит за животната средина на учениците.

 

Дискутирајте за:

а) правата на учениците

б) правата на наставниците

 

Правото на сопствена култура

Член 30

Деца и млади кои припаѓаат на одредено малцинство или домородечко население имаат право на сопствен културен живот. Тие исто така имаат право на сопствена вера и на употреба на нивниот јазик.

 

Правото на одмор и забава

Член 31

Сите деца и млади имаат право на одмор и забава, игра и рекреативни активности соодветни на нивната возраст. Тие го имаат правото на слободно учество во културниот и уметничкиот живот. Земјата-потписничка ќе ги почитува и афирмира правата на секого да учествува во културни и рекреативни активности. штетна работа и експлоатација

Членови 32, 34, 36

Деца или млади не смеат да бидат присилувани да обавуваат било-каква работа што го загрозува нивното здравје и развојот. Мора да постојат закони за ворасните граници за разни видови работа и вкупниот број на работните часови. Деца и млади ќе бидат заштитени од експлоатација преку проституција и преку прислиување да учествуваат во др. сексуални активности. Тие исто така ќе бидат заштитени од експлоатација преку порнографски дејствија или производсвто на порнографски материјали.

 

 Наркотични средства

Член 33 Земјата-потписничка ќе се обиде да ги заштити децата и младите од употреба на наркотици, по пат на соодветни мерки. Тие никогаш не смеат да бидат вклучени во производство или трговија на дроги.

 

Трговија со деца

Член 35

Земјата-потписничка ќе ги преземе сите мерки за да го спречи киданпирањето, продажбата или криумчарењето на деца во било-која форма.

 

Третман во судскиот систем за малолетници

Член 40

Деца и млади осомничени за кривично дело треба да бидат третирани со почит кон нивното човечко достоинство. Ова ќе се постигне на начин што ќе го зголеми нивното почитување на човечките права и слободите на другите. Исто така ќе добиваат помош при нивното повторно вклучување во општеството.

На секое дете му се загарантирани барем следниве нешта :

- да биде сметано за невино се додека вината не се докаже,

 - да не биде присилувано да сведочи или да ја признае вината,

 - да има право на независен адвокат за одбрана пред суд,

 - да има бесплатна помош од преведувач ако е потребно,

 - почитување на неговата приватна сфера во сите фази на постапката.

Земјата-потписничка исто така мора да одреди старосна граница испод која деца и млади не одговараат пред суд. Деца и млади кои направиле кривично дело ќе бидат советувани да се развиваат во насока поволна за нивното добро и за доброто на општеството.

 

Казнување и затвор

Член 37

Деца и млади не смеат да бидат изложени на мачење или однесување што ги понижува или казнува. На смртна казна или доживотен затвор не смеат да се осудат деца или млади помлади од 18 години.

Никому не смее да му биде воскратена слободата самоволно или незаконски. Притвор, апсење или затворски казни за деца треба да бидат согласни со законот. Тоа се крајни мерки и тие не смеат да траат повеќе од потребното.

Деца и млади што не се на слобода ќе бидат третирани со почит и човечност. Тие имаат право да оддржуваат контакт со семејството преку допишување и посети.

Секое дете или млад човек во притвор има право на правна и др. потребна помош за да може да излезе со својот случај на суд. Тие имаат и право на скорешна пресуда.

 

Учество во војна и заштита за време на војна

Член 38

Во случај на вооружен судир деца и млади треба да бидат заштитени на најдобриот можен начин. Земјата-потписничка треба да се погрижи за тоа во војна да не директно учествуваат деца помлади од 15 години. При мобилизација на млади кои немаат 18 години, приоритет имаат најстарите.

 

Иформирање и толкување на Конвенцијата

Член 42

Конвенцијата треба да биде изложена и објаснета на начин разбирлив за деца, млади и возрасни. Земјата-потписничка ја има одговорноста Конвенцијата и нејзиното значење да им станат познати на што повеќе луѓе.

 

Ова се Твоите права, една книшка за Конвенцијата за Правата на Детето на ОН.

Конвенцијата важи за сите деца и млади, ширум светот, до 18 години. Конвенцијата за Правата на Детето се состои од сите права на децата.

Сите деца во светот ја имаат истата вредност како луѓе, и истите права. Една Конвенција на ОН (Обединетите Нации) е договор меѓу разни држави.

Кога една земја ќе се согласи со една Конвенција, таа ветува да ги исполни сите барања во неа. Едно такво барање, еден услов, во една Конвенција се вика член.

Повеќето земји во светот се согласија со Конвенцијата за Правата на Детето на ОН. Владите на овие земји ветија дека ќе ги исполнат сите барања на Конвенцијата.

Конвенцијата за Правата на Детето се состои од 54 члена. Заедно со деца и млади луѓе ние избравме некои од овие членови за оваа книшка. Важно е да ги знаете своите права.

Исто така е важно со другите да зборувате за Конвенцијата, за да сите деца и млади ги знаат своите права. Кога ќе ја прочитате книшкава, може сами да видите дали во стварност е така во Вашите училишта, дома или кај другите деца.

 Така може да влијаете врз оние што донесуваат одлуки и врз политичарите.

 

ТИ ТРЕБА ЛИ НЕКОЈ ЗА РАЗГОВОР?

Ако сакаш да зборуваш со некого за Твои работи, јави се на:

СОС телефон за деца и млади 0800 1 22 22 (бесплатна линија)

 

Доколку сакаш да дознаеш повеќе за нас, и можеби да станеш наш член, слободно јави се кај нас.

Прва детска амбасада на светот - Меѓаши

ул.Коста Новаковиќ 22а, 1000 Скопје

тел 02/ 2465 316, тел/факс 02/2463 900

 

На 20. ноември 1989 г. Обединетите Нации усвоија Конвенција за правата на децата и младите - Конвенцијата на ОН за правата на детето. Таа ги содржи сите права што ги имаат децата и младите ширум светот.

· Правото на изразување и на учество во донесување одлуки!
· Најдоброто во интересот на детето е секогаш меродавно!
· Сите деца ја миаат истата вредност како човечки суштества!
· Децата имаат права!
· Правото на приватна сфера!
· Сите деца имаат право да бидат информирани за своите права!

Ова се некои од правата во Конвенцијата. Дали сакате да дознаете повеќе? Отворете ја книшката и читајте за Вашите права. Ако сакате да дознаете повеќе затоа како се спроведува Конвенцијата, Иницијалниот извештај на Македонија се добива
НА ЛИНКОТ МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА КОАЛИЦАЈА НА НВО.

Ова се некои од правата во Конвенцијата. Дали сакате да дознаете повеќе? Отворете ја книшката и читајте за Вашите права. Ако сакате да го добиете целиот текст на Конвенцијата, клинкнете на линкот КОНВЕНЦИЈА.

 Ако сакате да дознаете повеќе затоа како се спроведува Конвенцијата прочитајте на линкот Македонска национална коалиција на НВО.

Името ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА и знакот и маскотата Бушавко се заштитени во Заводот за заштита на индустриска сопственост при Министерството за развој на Македонија под жиг број0067, 0068 и 0069.



Права на детето