Почетна » СОС телефон » СОС извештај 2018-2019


Извештај за работата на СОС телефонот за деца и млади во периодот од декември 2018 до ноември 2019 година 

 

„НЕМА ПОСВЕТА ВЕРБА О„КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ЖИВОТОТ И ПРАВАТА НА ДЕЦАТА, НЕ СМЕЕ ДА ПОСТОЈАТ ТИВКИ СВЕДОЦИ.“

Керол Белами, поранешна Извршна директорка на УНИЦЕФ 

 

„НЕМА ПОСВЕТА ВЕРБА ОД ОНАА ШТО СВЕТОТ ЈА ВЛОЖУВА ВО ДЕЦАТА. НЕ ПОСТОИ ПОВАЖНА ОБВРСКА ОД ТАА ДЕКА НИВНИТЕ ПРАВА СЕ ПОЧИТУВААТ, ДЕКА НИВНАТА ДОБРОСОСТОЈБА Е ЗАШТИТЕНА, ДЕКА НИВНИТЕ ЖИВОТИ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД СТРАВ И БЕДА И ДЕКА МОЖЕ ДА РАСТАТ ВО МИР.“ 

Кофи Анан, поранешен Генерален секретар на ООН

 

СОС телефонот за деца и млади функционира 26 години (од октомври 1993  година). Работата на СОС телефонот е цврсто заснована на принципите на Конвенцијата на ООН за правата на детето што ги истакнуваат правата на децата на приватност и заштита од повреда. Целта на СОС телефонот за деца и млади е да обезбеди форум за споделување информации и поддршка, помош при застапување и лобирање, промовирање на правата на детето и промоција на СОС линијата како медиум за помош на децата.  

СОС  телефонот за деца и млади, 02 2465-316, во текот на сите овие  години обезбедил некаков вид помош и/или совет на 20.847 пријавени случаи.   

Стручниот тим на СОС линијата го сочинуваат педагози, психолози, социјални работници и волонтери/волонтерки/ки од овие профили. Посебно место во работењето на СОС телефонот имаат волонтерите/волонтерките. Никој од стручниот тим во разговорите не даваат готови решенија на проблемите, туку разговараат за можни алтернативи за решавање на проблемот за кој ни се јавиле.   

Во текот на своето работење СОС телефонот за деца и млади има остварено соработка со повеќе чинители – надлежни институции, други невладини кои работат во полето на правата на детето или на некаков начин ги засегаат правата на детето, како и со индивидуални професионалци. Во зависност од видот на проблемот за кои ни се обраќаат јавувачите и во зависност од прекршувањето на правата на децата, паралелно службата постапува и со писмени обраќања до надлежните институции, ги следи постапките што ги преземаат овие институции во врска со случајот   и реагира доколку согледа дека не постапуваат во најдобар интерес на децата.   

Децата имаат потреба да зборуваат за своите права, злоупотреби, занемарувања, насилство, сиромаштија и експлоатација. Ние ги слушаме и кога сметаме дека е потребно ги изнесуваме податоците и приказните за животот на децата во јавноста преку промовирање на годишните извештаи од работата на СОС телефонот. Ги собираме, систематизираме и анализираме податоците добиени на СОС телефонот и ги изнесуваме во форма на годишен извештај. Овие анализи во извештаите ги користиме за информирање и влијание врз носителите на политиките и одлуките, а заедно со нашите соработници/соработнички се обидуваме да ги преобликуваме животите на децата кон подобро. 

 

PDF...