Алтернативен извештај за состојбата со правата на децата во Македонија подготвен од невладините организации
Македонска национална коалиција за правата на детето
Скопје, декември 2020 година
ПРЕДГОВОР
На самиот почеток, за потсетување, Конвенцијата за правата на детето (КПД) беше усвоена од Генералното собрание на ОН на 20.11.1989, стапи на сила на 2.9.1990, а Македонија ја ратификува во 1993 година. Пред вас е Алтернативниот извештај на невладините организации за спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето во Македонија во периодот од 2010 до првата половина на 2020 година. Извештајот е подготвен од неформалната коалиција – Македонска национална коалиција за правата на детето, Коалиција на невладини организации за правата на детето, како и неколку организации кои сè уште не се дел од Коалицијата. Коалицијата е основана и координирана од страна на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, а во неа освен граѓански организации, членуваат и неформални групи.
Во 2010 година, по разгледувањето на вториот периодичен извештај, Комитетот на Обединетите нации за правата на детето ги објави Заклучните согледувања за државата, во кои укажа на сè што е потребно да се преземе за да се унапредат правата на децата во Македонија. По добивањето на заклучните согледувања, Детската амбасада Меѓаши заедно со дел од организациите − членки на Коалицијата, го следеше степенот на примената на препораките од Комитетот, а во текот на 2020 година спроведе онлајн-истражување во кое учество зедоа повеќе од 30 организации и доби податоци кои помогнаа во добивањето на објективна слика за состојбата со правата на детето во Македонија.
Она што го сметаме за посебно важно е дека децата и младите беа активно вклучени во подготовката и спроведувањето на онлајн-истражување од децата за децата, како и во подготовката на посебен Детски алтернативен извештај за состојбата со правата на детето.
Важно е да се истакне дека овој Алтернативен извештај е резултат на повеќегодишните напори на организациите, членки на Коалицијата, во следење на примената на Конвенцијата за правата на детето во Македонија. Освен извештаите кои беа направени претходните години, во овој извештај се вклучени и дополнителни податоци од истражувањата, клучни информации од невладините организации за области во кои државниот извештај не дава доволно податоци за области кои не се опфатени или области кои се опфатени, но според мислењето на невладините организации не во целост точни, како и предлози и сугестии за унапредување на состојбата. Извештајот дава пресек на состојбата со примената на препораките на Комитетот, 10 години по нивното усвојување.
Гордана Пирковска-Змијанац
Прва детска амбасада во светот Меѓаши
ЛИСТА НА ОРГАНИЗАЦИИ Овој извештај ги отсликува мислењата и ставовите на организациите кои придонесоа за овој извештај. Сепак, не нужно претставува консензус помеѓу организациите во сите погледи или пак детално ги прикажува ставовите на секоја организација. Им благодариме на следните организации и неформални инцијативи кои придонесоа за извештајот:
Асоцијација за демократска иницијатива - АДИ
Асоцијација за правата на деца и младинци со посебни потреби „Ластовица“
Граѓанска иницијатива за Заедничко и одговорно родителство по развод
Движење за чист воздух
Движењето мајкa и дете
Здружение „Емоционално здраво детство“
Здружение за заштита на правата на детето
Здружение за психолошки, дефектолошки и логопедски услуги „Центар Савант“
Здружение „МИР“ −Скопје
Здружение на граѓани за поддршка на маргинализирани групи „Ромски ресурсен центар“ Скопје
Здружение на граѓани за промовирање и зачувување на културните и духовните вредности – Легис, Скопје
Здружение на граѓани РУБИКОН – Скопје
Здружение на родители на деца со ретки невролошки болести (Ретт Синдром, Вилијамс синдром и др.) КОКИЧИЊА − Скопје
Здружение ОД НАС ЗА НАС − Скопје
Здружение Сплотени срца − Штип
ИМПЕТУС - Центар за интернет, развој и добро управување
Клик Акција
Коалиција МАРГИНИ
Коалиција на младински организации СЕГА*
Коалиција „Сите за правично судење“
Македонско здружение на млади правници
Мировна акција / Aksioni Paqësor / Peace Action
Национална алијанса за ретки болести на Р. Македонија - НАРБМ
Отворена Порта-Ла Страда Македонија*
Полио Плус –движење против хендикеп
Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби
Фондација за образовни и културни иницијативи "чекор по чекор"- Македонија
ХЕРА-Асоцијација за здравствена едукација и истражување
Црвен крст на град Скопје
Центар за интеркултурен дијалог
Центар за семејно и детско згрижување - КМОП Скопје
Центар за човекови права АМОС Битола