Почетна » За Амбасадата » 30 години Меѓаши


По повод родендеднот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши

Со задоволоство ве покануваме на

Гала донаторска аукција

„ДА ГИ ВРАТИМЕ ДЕТСКИТЕ НАСМЕВКИ ВО МОДА“

Прва детска амбасада во светот Меѓаши организира Гала вечер на 28.04.2022 со почеток во 20.00 часот во Рагуза 360 со цел одбележување на 30 годишниот jубилеj 1992-2022.

Овој настан вклучува и продажна аукција на производи и услуги а прибраните средства од аукцијата и настанот ќе бидат наменети за работата на AloBushavko / СОС линија за деца и млади 070390632, претходно познат како СОС телефон за деца и млади.

Настанот и аукцијата се организираат во соработка со многу компании. На самиот настан се очекуваат повеќе од 300 гости кои ќе може да ја проследат програмата со презентација на достигнувањата на Меѓаши во изминатите 30 години како и презентација на краток филм и монографија и дел од гостите ќе учествуваат на јавната и тивка аукција. По официјалниот дел и аукција следи неформално дружење и забава проследена со музичка програма со ДиЏеј.

 

Цена на билетот е 1000 денари.

Контакт и резервации:
iro@childrensembassy.org.mk
или
02/2465316 и 071399079



Детска амбасада МЕЃАШИ

30 години

„Сите идеали на светот се побезначајни од солзите на едно дете!“ - Достоевски

Децата се посебен народ. Децата не се национални и верски војсководци. Тие се еден народ, кој никогаш не извел револуција или контрареволуција, ниту пак повел војна. Децата не се ни класно ни национално прашање: децата се прашање над сите прашања. Тие се народ кој најмногу страда во воените судири и човековите трагедии. Децата се само деца

(цитат од Повелбата на Првата детска амбасада во светот)

PDF - 10.423 KB

 




First Children's Embassy Megjashi

30 years

“All the ideals in the world are less significant than the tears of a child!” - Dostoevsky

Children are a special nation. Children are not national or religious leaders. They are a nation that has never initiated a revolution or a counter-revolution, nor has it ever waged war. Children are neither a class nor a national issue: children are an issue above and beyond all issues. They are the people who suffer the most in military conflicts and human tragedies. Children are just children. “All the ideals of the world are less significant than the tears of a child.” (a quote from the Charter of the First Children’s Embassy in the World)

PDF - 10.211 KB



МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022

(кратака верзија)

МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022 (скратена верзија) | PDF (scribd.com)



ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ 30 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022 – 30  ГОДИНИ БОРБА ЗА ПОПРАВЕДЕН СВЕТ ЗА ДЕЦАТА 1992-2022 (долга верзија)