Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37


Информатор бр. 37


ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА МАЛАТА АНГЕЛА Социјалните центри задоцнето дејствуваат
Одземањето на родителското право треба да се врши превентивно, а не дури кога ќе настанат тешки повреди и последици врз децата.

Децата ги снемува кога грижата исчезнува
По последните случаи на исчезнати деца, а во недостиг на прецизни информации од надлежните, граѓаните и родителите се се' позагрижени за безбедноста на своите деца

„Меѓаши“ контра одлуката на прилепските социјални работници Останати вести
Доколку прилепскиот Центар за социјални работи (ЦСР) совесно си ја вршел работата и имал увид и надзор во случајот на семејството Кулески, зошто досега не им било одземено родителското право, туку веднаш по трагедијата е почната постапката, прашуваат од првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ 

Децата заложници на родителскиот инает
Центрите за социјална работа во бракоразводната постапка треба да го земаат предвид правото на мислење на детето, со кој родител сака да живее и со кој остварил емоционална стабилна врска, препорачуваат од Националната коалиција за правата на детето

Почина бебето на малолетната бегалка од Горно Јаболчишта
Почина бебето на 15 годишната Самире Зејнелова која живее во вонбрачна заедница во велешко Горно Јаболчишта каде пред 3 месеци ја посети и Канал 5. Три дена старото новороденче среде ноќ почнало да се задушува.

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ реагира за одземањето на родителското право на семејството Кулески НЕДЕЛА, 14 МАРТ 2010 21:29 ЈУЛИЈАН
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ досега повеќе пати регираше со барање Центрите за социјална работа прво да вршат надзор на родителското право, а потоа ако се утврди дека има несоодветно вршење на родителското право да го одземат истото, односно да започнат постапка за одземање. Доколку во случај со семејството Кулески имало увид и надзор врз вршење на родителското право се наметнува прашањето зошто претходно не е покрената постапка за одземање на истото туку се дејствува отпосле, односно од кога се случи несреќата.

Се губат меѓу семејството и системот
Здруженијата и организациите за заштита на децата ги обвинуваат институциите на системот за неспособност, а социолозите толкуваат дека преку овие случаи се манифестира во кои крајности може да отидат работите кога луѓето, во случајот родителите, се немоќни пред забите на сиромаштијата

Реакција до Здружение на новинари на Република Македонија за повреда на приватноста на дете со објавен напис во печатен медиум
Во средината на месец Фебруари 2010, во просторииите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши со молба се обрати загрижен родител.

По две деца во педофилските канџи секоја недела Пораснал бројот на пријави за сексуално малтретирање на деца од страна на родители или блиски роднини лани, покажуваат испитувањата
Испитувањата покажуваатдека две до три децанеделно се жртви насексуално злоупотребување и педофилија во Македонија,а овој алармантен податоке дополнително зачинет со застрашувачкиот тренд минатата година. Тогаш се откриени зголемен број случаи на родосквернавење на деца од родители или од блиски роднини.

Презентирани Алтернативните извештаи за состојбата со правата на децата во Република Македонија пред Комитетот за правата на детето при Обединети Нации во Женева на 3 февруари
Во периодот од 1-4 Февруари 2010, Делегација на Националната коалиција за правата на децата претставувана од Кети Јандријеска Јованова – Хелсиншки комитет за човекови права во Република Македонија, Катерина Конеска – Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Светлана Мулкуеен - Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Васка Бојаџи – дете претставник од организацијата Порта од Струмица и Елена Димитриевска – дете претставник од организацијата Лоја од Тетово, беа во Женева, Швајцарија, да го претстават Алтернативниот извештај за состојбата со правата на децата во Република Македонија пред Комитетот за правата на децата при Обединетите нации.

Елена Димитриевска и Васка Бојаџи имаа посебна средба со членовите на Комитетот за правата на детето при Обединетите нации
Васка Бојаџи и Елена Димитриевска беа избрани од страна на самите деца да бидат претставници од Коалицијата и да го претставуваат Детскиот алтернативен извештај пред членовите на Комитетот за правата на децата во Женева. 

Детскиот Алтернативен извештај за состојбата со правата на децата во Република Македонија

 

подготвен од децата вклучени во проектот „Градење култура на детско учество“

МАСОВНО СЕ КРШАТ ДЕТСКИТЕ ПРАВА
Скопје, 21 јануари (МИА) - Една петина од децата во Македонија се изложени на семејно насилство, а кај 2,3 отсто од нив тоа се случува секојдневно. Половина од децата тврдат дека во нивното училиште има насилство. Две третини од нив се изјасниле дека постои насилство на улица, а една петтина од нив тврдат дека тоа се случува секојдневно. Три четвртини од децата не ги знаат своите права, а една третина од нив тврдат дека професорите, односно наставниците не ги почитуваат нивните права.

СПОРЕД ПОДАТОЦИТЕ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ „МЕЃАШИ“
Ќотекот царува во училиштата

Националната комисија за правата на детето во Република Македонија ги зема во предвид дел од препораките на Националната коалиција за правата на детето
Во периодот од 23 Декември 2008 до 1 Декември 2009 година од страна на Националната коалиција за правата на детето (коалиција составена од 21 невладина организација и 2 невладини коалиции) се изработија 4 Алтернативни извештаи.

КАМПАЊА ,,ЗА НАСИЛСТВОТО НЕ ТРЕБА ДА СЕ МОЛЧИ‘‘
Првата детска амбасада во светот Меѓаши започна кампања со мото „За насилството не треба да се молчи“. Целта на оваа кампања е информирање на јавноста за проблемите со насилството на кое се изложени децата во Македонија.

Детската амбасада Меѓаши беше повикана од Советот за радиодифузија на консултативна средба за јавната кампања за борба против злоупотреба на дроги „Животото е мојот филм“ поддржана од Владата
Ангелина Чалакоска психолог и координатор на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 присуствуваше како претставник од Првата детска амбасада во светот Меѓаши на консултативен состанок со претставници на повеќе организации свикан од страна на Советот за радиодифузија. по повод јавната кампања за борба против злоупотреба на дроги „Животото е мојот филм“ поддржана од Владата. Целта на овој состанок беше консултација околу категоризацијата на овие спотови, односно одредување на терминот на нивно прикажување поради содржината на истите и потенцијалното негативно влијание кое може да го имаат врз малолетната публика.

Извештај за работата на СОС телефонот за деца и млади за периодот од јануари до март 2010
СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 при Првата детска амбасада во светот Меѓаши активно работеше и во првотот тромесечие од 2010 година. Во периодод од месец јануари до месец март, регистрирани беа 70тина пријави од страна на граѓаните.

Бесплатна правна служба – Претставки до Народен правобранител, Центри за социјална работа, полициски станици и други институции
Во периодот од 01.01.2010 до 31.03.2010 бесплатната правна служба имаше неколку случаи од кои дел беа проследени до соодветните органи, а дел беа третирани советодавно. Најголем дел од случаите на кои работеше правната служба се случаи пријавени на СОС телефонот како и случаи кои граѓаните на своја сопствена иницијатива дошле и ги пријавиле во просториите на детска амбасада. Исто така и медиумите ги користиме како извор на информации за некои случаи на кршење на детските права. 

Дневен центар за деца кои не одат на училиште
Дневниот центар за деца кои не одат на училиште и понатаму продолжува да функционира во рамките на Првата детска амбасада во светот Меѓаши со поддршка од бизнис секторот, граѓаните и волонтерите.

Прва национална конференција за детско учество

 

  

Првата детска амбасада во светот Меѓаши организираше Прва национална конференција за детско учество, во вторник, 16 Март 2010 година во Младинскиот културен центар, кино Фросина, со почеток во 11:30 часот. Конференцијата беше дел од проектот Градење култура на детско учество, финансиран од Европската Унија, а кофинансиран од УНИЦЕФ.

Прва национална конференција за детето
Социјалната дискриминација, правото на образование и борбата за правата на децата беа главните теми на конференцијата 

Н.Е. Франческо Ивалди е номиниран за почесен вице конзул во Џенова како дел од Дипломатскиот кор на Детската амбасада Меѓаши

Роза Василевска и Реџеп Раими се добитници на специјален сертификат за волонтерство од МКЦ Битола
Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) по повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, распиша јавен повик за волонтерски награди за 2009 година. Повикот беше упатен до сите граѓански здруженија да предложат кандидати за златен, сребрен и бронзен сертификат за волонтерски ангажман за 2009 година.

„Проект за поддршка на човековите права“
Првата детска амбасада во светот Меѓаши како една од членките основачи на Коалицијата „Сите за правично судење“ заедно со Канцеларијата на оваа коалиција започна да го реализира „Проектот за поддршка на човековите права“. 

Активности на амбасадата Меѓаши за новогодишните и божиќните празници
Првата детска амбасада во светот Меѓаши во просториите на амбасадата организираше забава со подароци за децата со присуство на Дедо Мраз. Новогодишни пакетчиња и играчки добија децата кои го посетуваат Дневниот центар за деца кои не одат на училиште при Амбасадата Меѓаши и децата кои како внатрешно раселени беа згриежни до 2006та во Прифатилиштето за деца во кризна состојба при Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Амбасадата подели играчки и за децата од Хуманитарната организација „Мир“ од Скопје.

Деца од ОУ „Коле Неделковски“ во Скопје се запознаа со детските права на работилница во Детската амбасада Меѓаши
Првата детска амбасада во светот Меѓаши беше посетена од учениците од 4 б одделение од основното училиште „Коле Неделковски“ во Скопје. Во текот на посетата тие беа учесници на работилница за детските права.

Европски ден за побезбеден интернет
Европски ден за побезбеден интернет

Средба на министерот Неждет Мустафа со детската амбасада МЕГАШИ и УНИЦЕФ
На ден 27.01.2010 (Среда) министерот без ресор Неждет Мустафа – Национален координатор на Декадата за вклучување на Ромите и Стратегијата за Роми се сретна со шефот на канцеларијата на УНИЦЕФ Шелдон Јет и Катерина Коневска од детската амбасада МЕГАШИ.


Бушавко бр. 37

Преземи
PDF 594 KB