Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37


Деца од ОУ „Коле Неделковски“ во Скопје се запознаа со детските права на работилница во Детската амбасада МеѓашиПрвата детска амбасада во светот Меѓаши беше посетена од учениците од 4 б одделение од основното училиште „Коле Неделковски“ во Скопје. Во текот на посетата тие беа учесници на работилница за детските права.

 Еден од начините на кој децата се запознаа со своите права на оваа работилница е со помош на сликички каде тие сами ја објаснуваат сликичката и согледуваат некое нивно право кое го имаат, желба, потреба или обврска потикнати од тоа што го гледаат на самата сликичка. Нашата идеја е децата сами активно да се вклучат во дискусиите за своите права, обврски, желби и потреби. Тие со помош на волонтерите сами го потикнуваат своето мислење за тоа кои се нивните права, кои се нивни обврски, што се потреби, а што желби.

Улогата на волонтерите е да му овозможат на секое дете простор и време  за размислување со цел децата да се мотивираат и да го искажат своето мислење на различен начин. Сакаме со еден покреативен пристап да допреме до децата и да ги поттикнеме самоиницијативно почесто да размислуваат за своите права.

Во текот на оваа работилница покрај тоа што се дискутираше за нивните права, децата добија и општи информации за Детската амбасада, за бесплатниот СОС телефон 0800 1 2222 и за Конвенцијата за правата на детето. Потоа ја посетија просторијата каде што се наоѓа СОС телефонот со цел да добијат подобра визуелизација за тоа како изгледа еден телефон каде што можат да се јават. Со тоа сакаме децата да почувствуваат дека на овој телефон може да се јави секое дете кое некогаш има потреба да разговара со некој, а не само кога е повредено некое негово детско право.

Волонтери: Ивана Иванова и Наде Мисоска