ПРОГРАМСКИ ЗАДАЧИ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА НА СВЕТОТ Првата амбасада на децата на светот “Меѓаши” Македонија е меѓународна невладина, непартиска и непрофитна светска асоцијација и движење за грижа и заштита на правата на децата на децата, формирана на 29.04.1992 година во Скопје. Основачи се Гордана и Драги Змијанац.
Оваа светска асоцијација како Прва детска амбасада во светот на ПРВАТА ДЕТСКА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ “МЕЃАШИ” дејствува преку своите почесни Амбасадори, почесни Вице Амбасадори, почесни Генерални Конзули и Конзули, постојани дипломатски претставници и почесни членови на Колегиумот во земјата и странство и како и преку своите членови во Македонија.
Амбасадата ги соединува децата од Македонија со децата на светот и соработува со други меѓународни невладини организации чии активности се насочени кон заштита на детето.
Основни задачи на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА се реализацијата на Конвенцијата за правата на детето и Декларацијата на Обединетите Нации за правата на детето.
ПРВАТА ДЕТСКА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ “МЕЃАШИ” преку Првата детската амбасада во светот и нејзините Почесни членови особено ќе ги подржуваат следните задачи:
-прогласување одредени простори за детски територии (со посебен сатус верификуван, гарантиран и заштитен од ООН);
-остварување на научно-верификуваниот хуманитарно-еколошки-културен и рекреативен проект на Првата детската амбасада - “МОСТ” (Младоста Облагородува Секаква Територија);
-заштита на децата од националистички и шовинистички еуфории;
-заштита на децата од злоупотребата и искористување во економски, сексуални и политички цели;
-борба против злоупотреба на децата за економски цели;
-заштита на децата од воени судири;
-заштита на децата од конфликти на етничка, верска, расна, јазична, полова и друг нетрпеливост;
-неповредливост на детските територии и забрана за користење на детските објекти за ненаменски, а особено воени цели;
-сестрано застапување на интересите на децата од светот во ООН(реализација на заложбата за детска амбасадорска столица во Генералното Собрание-ООН)
-признавање на ПРВАТА ДЕТСКА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ “МЕЃАШИ”, како и други слободни детски земји формирани и заштитени од Првата детска амбасада во светот како слободни детски територии на најбројниот народ во светот - детскиот народ;
-финансирање и подршка на проекти од детскиот фонд на ООН;
-номинирање и доделување дипломатски пасоши на Почесни амбасадори, Почесни Генерални Конзули, Конзули, Постојани претставници и Почесни членови на Колегиумот на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА како заслужни граѓани од земјата и странство кои се борат за заштита на правата на децата во светот.
|
|