Почетна » Мировно образование » Модули за мировно образовние за стедното образование


Модули за мировно образование во средното образование

Едукацијата со теми и содржини од мировното образование се реализира воМакедонија од раните ʼ90-ти. Тие се интензивираа за време на војните во другитеделови на поранешната СФРЈ и по конфликтот во Македонија во 2001 година.Според нашите сознанија, неколку илјади наставници и друг образовен кадар имаатучествувано барем на еднодневни, а многу често и на повеќедневни работилнициводени најпрво од експерти од САД, Европа, земјите од регионот, а потоа, сè повеќеи од самата Македонија.

Мировното образование е застапено во официјалниот курикулум во РС Македонија, восредното и основно образование, на различни начини. Овој материјал е уште еден чекорво унапредување на процесот на учење за мир, кој и досега се реализирал и непретендира да биде синтеза на сите досегашни напори. Тој е покана да се вклучат ситерелевантни чинители кои се грижат за оваа проблематика и имаат што да кажат.Наша желба е материјалот со понудените модули да се гледа како можен чекор напредкон воведување/реализирање на Мировното образование во наставните планови ипрограми или животот и работата на училиштата за средно образование. Повторуваме, без стотиците, па дури и илјадниците работилници спроведени вопоследните повеќе од триесетина години и напорите на сите вклучени, ни овој чекорнапред немаше да биде возможен. Би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои на кој било начин придонесоа запостоењето и развојот на Мировното образование, затоа што денес зборуваме и сезалагаме овие важни теми да продолжат да се развиваaт, прошируваaт и реализираат,да се вклучени и присутни во официјалните државни училишни курикулуми иинституции.

 

[ALB] Дизајн на модули за мировно образование (1)

[ROM] Дизајн на модули за мировно образование (1)

[MKD] Дизајн на модули за мировно образование (1)

[TUR] Дизајн на модули за мировно образование (1)

[ENG] Дизајн на модули за мировно образование (1)

[SRB] Дизајн на модули за мировно образование

[BOS] Дизајн на модули за мировно образование