Почетна » За Амбасадата » СТАТУТ на ПДАС Меѓаши


С Т А Т У Т
на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Член 1

ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, со седиште во Скопје е меѓународна, невладина, непартиска, непрофитна и хуманитарна организација за грижа, заштита и унапредување на правата на децата.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е основана од: Гордана Пирковска-Змијанац и Драги Змијанац во Скопје на 29.04.1992 година.

 

Член 2

Полниот назив на организацијата е: „Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ - Република Македонија, со седиште во Скопје “, а нејзиниот скратен назив е Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. Во понатамошниот текст ќе се користи скратеното име односно Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. 
Полниот назив на организацијата на англиски јазик е: “ First Children’s Embassy in the World Megjashi – Republic of Macedonia, based in  Skopje “ Скратен назив е First Children’s Embassy in the World Megjashi – Republic of Macedonia. 
Седиштето на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е во Скопје, ул. Коста Новаковиќ 22а 
Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е светско детско движење и има статус на граѓанско-правно лице и во рамките на тоа има свој печат и жиро сметка. Печатот содржи скратен назив на асоцијацијата на кирилица-македонски јазик (за домашна употреба) и латиница - англиски јазик (за надворешна употреба):
ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,  Скопје 

FIRST CHILDREN’S EMBASSY IN THE WORLD - MEGJASHI  REPUBLIC OF MACEDONIA, Skopje

 

Член 3

Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија  дејствува во согласност со Основниот акт на Првата детска земја на светот “Меѓаши“, со Статутот и Правилникот за работа на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. 

 

Член 4

Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, во Македонија и светот формира, застапува, штити и доделува статус на Детска земја на територии кои се подарени или заветени на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија за остварување на нејзините активности. Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија управува со детската земја врз основа на посебен документ - Основен акт.

 

Член 5

Основните програмски задачи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија произлегуваат од Конвенцијата за правата на детето донесена од Организацијата на Обединетите Нации и други меѓунардони документи кои се однесуваат на заштитата на правата на детето.

 

 

Член 6

Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија како невладина, непартиска и непрофитна асоцијација се занимава со едукативна, социјална, хуманитарна, еколошка, културно-рекреативна и дипломатска дејност.

 

 

МИСИЈА И ВИЗИЈА

Член 7

Мисија:

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование , развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува раличностите и еднаквите можности за сите.

 

Визија:

Поправеден свет за секое дете

 

 

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ И НАЧИНОТ НА НИВНО ОСТВАРУВАЊЕ

Член 8

Генерална цел на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е:

  • Заштита на правата на детето.

 

Цели на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија се:

  • заштита на правата на децата 
  • градење и зачувување на мирот 
  • заштита на децата од воени судири и други конфликти 
  • заштита од злоупотреба на децата за политички, економски, воени и сексуални цели, како и заштита од сите форми на злоупотреба на детскиот труд
  • заштита, помош и поддршка на деца и родители во кризни ситуации и во ризични ситуации, деца со инвалидитет, деца со низок социјален статус, деца на улица, улични деца, деца без родители и др.
  • подршка и зајакнување на НВОи и институции од областа на правата на детето
  • афирмирање и овозможување на креативна детска личност
  • давање на бесплатна правна помош во областа на заштитата на децата и нивните права
  • заштита на децата од загадувањето на воздухот, водата и почвата.


Дејности преку кои се остваруваат целите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија се:

  • застапување и лобирање за детските права
  • следење и имплементација на Конвенцијата за правата на детето и други меѓународни и национални акти кои се однесуваат на заштитата на правата на детето
  • набљудување и изготвување на извештаи за состојбата со детските права
  • соработка со соодветни институции и други организации од земјата и светот за заштитата на детските права
  • истражување, прибирање, обработка и презентација на податоци за состојбата со детските права
  • давање на основна психосоцијална помош и поддршка, психолошко советување и психотерапевтски услуги
  • давање и обезбедување на бесплатна правна помош 
  • активности за подигнување на јавната свест за детските права
  • едукативни, креативни и забавни активности за збогатување на детската личност преку неформално и формално обраование
  • превентивни активности за навремено спречување на повреда на децата и нивните права
  • и други активности потребни за заштита на децата и нивните права

 

 

ОРГАНИ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Член 9

Органи на Првата Детска Амбасада во Светот Меѓаши – Република Македонија се:

  • Собранието
  • Претседателот
  • Надзорниот одбор
  • Оперативниот директор
  • Советодавното тело
  • Оперативниот колегиум:

      - Програмски сектор

      - Проектен сектор

      - Сектор за истражување, развој и организациска оддржливост (ИРО)

      - Сектор за финансии и заеднички служби (ФЗС).

 

 

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Член 10

Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ја претставуваат и:
•  Почесни амбасадори, Почесни Вице Амбасадори, Почесни генерални конзули, Почесни конзули (за региони, држави и градови), Почесни вице конзули, постојани дипломатски претставници и Почесни членови на Колегиумот во земјата и странство
• Генерални конзулати, Конзулати и Конзуларни одделенија во светот
• Координатори во градовите во Македонија
• Канцеларии во светот
Колективни и поединечни членови (деца и возрасни)

 

Член 11

Генералниот Конзулат, Конзулатите и Конзуларните одделенија во светот и во Р. Македонија дејствуваат во согласност со Повелбата на ПРВАТА ДЕТСКА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ, Правилникот за работа и Статутот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Сите почесни амбасадори, почесни генерални конзули и конзули, постојни претставници и почесни членови на колегиумот дејствуваат во сооднос со Повелбата, програмските задачи и Статутот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.

 

 

ПРАВА И ОБВРСКИ НА СОБРАНИЕТО

Член 12

Највисок орган на Првата детска амбасада е Собранието составено од 21 член заедно со Претседателот.

Во Собранието се бираат активисти, хуманисти, истакнати научни и културни дејци, спортисти, јавни работници и луѓе запознаени со работата на Првата детска амбасада признати од средината, со мандат од 4 години, со тоа што мандатот може да се обнови во зависност од ангажманот и резултатите во Првата детска амбасада.

Член на Собранието има право да биде избран и да бира Претседател, Амбасадор и Вице Амбасадор на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.

Собранието може да работи ако присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број членови.

Собранието избира претседател на организацијата, кој истовремено е и претседавач на собранието. Претседателот се избира за мандат од четири години, со право на повторен реизбор.

Претседателот е законски застапник на организацијата тој ја претставува ПДАСМ во односите со трети лица а по негово овластување и оперативниот директор.
 
Работата на седниците на Собранието на здружението се уредува со Деловникот за работа на Собранието.

Член 13

Во составот на Собранието влегуваат  основачите.
Основачите имаат право на вето на одлуки кои ги донесува Собранието доколку сметаат дека истите се спротивни со мисијата, програмските задачи и цели на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Барање за свикување Колегиум може да поднесат и основачите.

 

Член 14

Собранието се состанува најмалку еднаш годишно. Седници на Собранието свикува и со нив претседава Претседателот на Здружението, кој е истовремено и Претседател на Собранието. При отсуство на претседателот, собрание свикува Амбасадаорот или во негово отсуство Вице амбасададорот, на барање на најмалку 3 членови или на барање на Оперативниот директор.

Членови од Оперативниот колегиум може да присуствува на состаноци на собранието само на покана на Оперативниот директор и тоа само за точки за кои се одговорни и треба да се даде отчет и да се реферира пред Собранието. По завршување со реферирањето и евентуалните прашања и одговори за делот за кој раководителот е одговорен, се напушта состанокот од страна на раководителот.

Оперативниот директор може да учествува на целата седница на Собранието но нема право на глас.

Член 15

 СОБРАНИЕ:

  • го бира и разрешува Оперативниот директор
  • ја следи и унапредува работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
  • носи финансиски и други извештаи
  • ги потврдува и одобрува одлуките донесени од Извршниот директор од важност за Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
  • наименува членови и почесни членови на Колегиумот,
  • разрешува членови или почесни членови кои не се придржуваат на Повелбата, Програмските задачи и Статутот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија или кои не се ангажираат за остварување на истите.
  • носи планови за работа како и годишната/тригодишната програма за работа на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија како и одобрува нејзини измени и дополнувања
  • Номинира деца конзули во градовите на Р. Македонија
  • Номинира деца амбасадори во другите дражави во состав на детскиот дипломатски кор
  • се грижи за унапредување на сите форми на финасирање на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
  • ги избира и разрешува членовите на Надзорниот одбор

 

Член 16

НАДЗОРЕН ОДБОР:

 

Од активисти, јавни личности или членови, Собранието бира три члена кои ќе го сочинуваат надзорниот одбор со мандат од четири години и право на повторен избор.

Надзорниот одбор има обврска:

  • да го следи спроведувањето на Статутот и програмата на организацијата, 
  • се грижи за работењето и имотот на организацијата, 
  • го контролира начинот на работењето на органот на управување,
  • ги потврдува и одобрува финасиските и други извештаи
  • ги потврдува и одобрува плановите и програмата за работа
  • поднесува извештај на Собранието најмалку еднаш годишно за финансиското и сметководственото работење, 
  • ја прегледува завршната сметка и други акти на организацијата
  • и врши други работи утврдени со закон и статут.

 

Членови на Надзорниот одбор:

  • не може да бидат претседателот на организацијата и оперативниот директор
  • учествуваат на седниците на Собранието без право на глас на покана на претседателот на организацијата.

Еден од членовите на Надзорниот одбор потребно е да има познавање од областа на финансиско, програмско и административно работење.

 

Надлежностите, начините, методите на работа и обврските на надзорниот одбор се дефинирани во деловникот за работа на надзорниот одбор.

 

Оперативниот директор е задолжен најмалку еднаш годишно да го информира Надзорниот одбор за работењето на извршната канцеларија.

 

Права и обврски на Претседателот

 Член 17

Претседателот раководи и воедно е одговорен за својата работа пред Собранието.

           Претседателот:

-        ги свикува седниците на Собранието 

-        ги потпишува актите на Собранието

-        ја застапува Првата детска амбасада во земјата и странство

-        Претседателот е законски застапник на Првата детска амбасада

-        Раководи со дипломатскиот сервис
-        Соработува со оперативниот директор, помага во остварувањето на целите на Амбасадата и во случај на оставка на Оперативниот директор, назначува вршител на должноста (ВД) Оперативен директор.

-        ги следи работата и угледот на Конзуларните одделенија, Канцелариите, Конзулатите и Генералните Конзулати како и работата и угледот на Членовите со дипломатски пасоши (сертификати).

-        ги потпишува дипломатските пасоши (сертификати)

-        ја застапува Првата детска амбасада во светот Меѓаши, лобира за прашања од важност за правата на детето, ја претставува и ја умрежува огранизацијата во земјата и странство, се залага за унапредување на финансиската одржливост до потенцијални поддржувачи.

 

Претседателот се избира за мандат од четири години, со право на повторен реизбор.

Претседателот ја претставува и застапува амбасадата и се грижи за спроведување на одлуките, заклучоците и другите акти на Собранието;

Функцијата претседател престанува:

-              на сопствено барање

-              со одлука на Собранието, донесена со 2/3 мнозинство гласови

-             по сила на закон

 

Права и обврски на Амбасадорот

 Член 18

Да ги повикува и води Седниците на Собранието во отсуство на Претседателот.

 

Права и обврски на Вице Амбасадорот

 Член 19

Да ги повикува и води Седниците на Собранието во отсуство на Претседателот и Амбасадорот.

 

Права и обврски на Оперативен директор

 Член 20

Оперативниот директор е овластен потписник и одговорно лице за работата на извршната канцеларија со мандат од најмногу 4 години и право на реизбор.
 
Оперативниот директор:

  • е одговорен за програмското и материјално-финансиско работење на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
  • е одговорен за реализација на статутарните, програмските и стратешките насоки и активности утврдени од страна на Собранието
  • е одговорен за изнаоѓање  финансии за реализација на програмските и проектни активности
  • се грижи за објективното и навремено информирање на јавноста, 
  • одговорен е за реализација и подготовка на специјални настани кои помагаат да се унапреди самофинансирањето
  • ја следи реализацијата и спроведувањето на Програмските задачи, Повелбата, Статутот и Правилникот за работа како и работата на одговорните лица на секој од секторите
  • дава мислење до Собранието за утврдено непочитување и кршење на актите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Реублика Македонија
  • донесува одлуки од важност за извршната канцеларија на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
  • одобрува реализација на проекти, надлежен е за координирање и супервизија на сите програми и проекти и склучува договор со донатори.
  • предлага номинација за почесни членови
  • подготвува предлог проекти и програми во соработка со раководителите во Оперативниот колегиум
  • ги подготвува седниците на Надзорен одбор
  • се грижи за реализирање на активностите, проектите и именува раководители на програми, проекти, сектор за истражување, развој и организациска оддржливост (ИРО) и сектор за финансии и заеднички служби (ФЗС)
  • Оперативниот директор донесува одлуки за вработување и престанок на ангажмани на вработени во извршната канцеларија.
  • Оперативниот директор го известува Собранието за преземените активности;
  • Оперативниот директор се грижи за претставувањето на организацијата во јавноста и работи на подобрување на имиџот на организацијата во јавноста и кај донаторската заедница заедно со претседателот;

 

Функцијата на оперативниот директор престанува:

- на сопствено барање;

- со одлука на Собранието.

- по сила на закон

 

Предлог за разрешување на оперативниот директор може да поднесат:

- претседателот на организацијата или

- најмалку четири члена на Собранието

 

Оперативниот директор учествува на седниците на Собранието без право на глас.

 

Права и обврски на Оперативен колегиум

Член 21

Оперативен орган  на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е Оперативниот колегиум.

Оперативниот колегиум го сочинуваат:

  • Оперативниот директор
  • Оперативниот колегиум:

      - Програмски сектор

      - Проектен сектор

      - Сектор за истражување, развој и организациска оддржливост (ИРО)

      - Сектор за финансии и заеднички служби (ФЗС).

 

Оперативниот колегиум:

  • се состанува најмалку еднаш месечно
  • се состанува по барање на оперативниот директор или во негово отсуство програмскиот раководител, проектниот раководител, раковидителот на ИРО секторот или раководителот на ФЗС секторот
  • е надлежен да ги спроведува одлуките на  Собранието и Оперативниот директор.
  • своите права и обврски ги исполнува преку следење на деловникот и правилниците за работа на Извршната канцеларија.

 

Член 22

Во рамките на  секторите на Првата детска амбасата во светот Меѓаши – Република Македонија се формираат стручни служби/области.

Со стручните служби/области раководат секторските раководители или проектни/програмски или стручни  координатори.

Структурата и начинот на ангажирање на волонтери и други лица во стручните служби се уредува со посебен правилник.

 

ЧЛЕНСТВО

Член 23

Член на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија може да биде државјанин на Р.Македонија и странски државјанин кој ги прифаќа основните документи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.

Статусот на член се потврдува со врачување на дипломатски пасош или членска карта од Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.

 

Член 24

Членството во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е почесно, колективно и индивидуално.

 

Член 25

Почесното членство го утврдува Собранието.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија номинира почесни членови од земјата и странство за особен придонес во афирмација на идејата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија и лица кои се грижат за заштита и спроведување на правата на децата во земјата каде што работат и живеат.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија именува и номинира почесни Амбасадори, почесни генерални конзули, почесни Козули за региони и држави и Вице конзули, постојани претставници и почесни членови на Собранието. 

Почесното членство во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија трае 4 (четири) години со можност за реизбор.

 

Дипломатскиот кор и доделувањето дипломатски пасоши е регулирано со посебен правилник.

 

Член 26

Колективни членови можат да бидат граѓански организации, претпријатија, заводи и други организации кои даваат посебен придонес за заштита на правата на децата, кои се грижат за нивната рекреативна, социјална, едукативна и културна активност. 
Колективното членство се потврдува со врачување Одлука за колективен член.
Колективниот член уплаќа годишна членарина во висина утврдена од страна на Оперативниот колегиум за тековната година.

Член 27

Индивидуален член може да биде секое дете до 18 години, со давање потпишана изјава за согласност на неговиот застапник за зачленување во организацијата во согласност со закон, кое ги прифаќа и се придржува на Повелбата, Програмските задачи на Првата детска земја во светот Меѓаши и Првата детска амбасата во светот Меѓаши – Република Македонија. 
Секој член потполнува пристапница за зачленување во амбасадата каде ги наведува своите афинитети за ангажман во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. 
Членството кај децата членови се потврдува со уплата на годишна членарина утврдена од страна на Извршниот колегиум и со заверена членска карта со впишан регистерски број, слика на членската карта и печат од Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Член на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија може да биде и лице над 18 години доколку ги прифаќа се придржува на основните документи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. Членството кај возрасните членови се потврдува со врачување на пристапница со регистерски број и врачување на членска карта на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Децата чии родители примаат социјална помош, децата бегалци и децата без родители се ослободени од членарина.

 

Член 28

Членот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ги има следниве права и обврски:

  • да учествува во остварувањето на програмските цели и задачи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија;
  • да бира и да биде биран во органите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија;
  • да се обраќа на органите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија заради заштита на своите права:
  • да дава предлози и покренува и спроведува иницијативи за подобрување на работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија;
  • да биде информиран за сите прашања во врска со дејствувањето на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија;
  • со своето однесување да придонесува за угледот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија во местото на учење, работа и живеење.

 

Член 29

Почесниот, колективниот или индивидуалниот член престанува да биде член на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ако постапува спротивно основните документи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, како и  во случај кога не се ангажира во спроведувањето на основните документи, програмските задачи и определби на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Одлука за тоа донесува  Претседателот или Собранието.
При исклучување од Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија дипломатскиот пасош и членската карта задолжително се враќаат.

 

 

ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
Член 30

Програмските задачи и активностите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија  се финансираат од сопствени извори по пат на проекти, спонзорства, донаторство, доброволни прилози на граѓани, членарина и на други начини предвидени со Закон.

 

Член 31

Финансирањето од сопствени извори го остварува по пат на донации, економски активности или специјални настани како на пример спортски манифестации и концерти, аукции на слики, лицитација на вредни предмети, издавачка дејност, членарина и друго. 

Финансиските средства се употребуваат за остварување на целите на организацијата утврдени со Статутот и Програмата.

 

ПРЕТСТАВУВАЊЕ
 
Член 32

Првата детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија во земјата и странство ја претставуваат: Претседателот, Амбасадорот, Вице Амбасадорот, Детето Амбасадор, Оперативниот директор.

Во одредени случаи Првата детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија може да ја претставуваат и лица овластени од Претседателот и Оперативниот директор.

 

ОСТВАРУВАЊЕ НА ЈАВНОСТ И ОТЧЕТНОСТ ВО РАБОТАТА

Член 33 

Работата на Првата детска амбсада во светот Меѓаши – Република Македонија е јавна.
За сите активности што ги презема Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија јавноста ќе биде информирана преку печатените и електронските медиуми со писмени информации и соопштенија, прес  конференци, одбележување на годишнини од центрите и стручните служби кои работат во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, одбележување на годишнините на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија и одбележување на позначајните светски детски манифестации во Македонија и светот.

Единствени овластени лица за информирање се: Претседателот, Амбасадорот, Оперативниот директор и членовите на оперативниот колегиум кои имаат обврска за овие активности да го информираат Собранието. Во одредени случаи со одобрение на Претседателот и Оперативниот директор јавноста може да ја информираат и други лица

 

Судир на интереси

Член 34

За дефинирање на поимот на судир на интереси како и за настанати ситуации кои ќе произлезат од работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, а при кои може да дојде до судир на интереси ќе се применат одредбите од позитивното законодавство на Република Македонија. 

 

 

ДРУГИ ОДРЕДБИ

 Член 35

За реализација на програмите и активностите се регрутираат волонтери кои се обучуваат и ангажираат во реализација на истите. Волонтер во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија може да биде секое лице кое ги прифаќа основните документи на Амбасадата и кое со своето работење ќе придонесува за остварување на програмските задачи и цели на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.

 

Член 36

Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија издава дипломатски пасоши на  дипломатскиот кор на Амбасадата, како и на Амбасадорот, Претседателот и на основачите.

 

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
 
Член 37

За измените и дополнувањата на Статутот како и за статусните промени одлучува Колегиумот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.

 

Член 38

Одлуката за престанок на работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ја донесува Собранието.
Оваа одлука Собранието може да ја донесе во одредени случаи: ако за тоа одлучат две третини од членовите на Собранието, ако се намали бројот на членовите под бројот определен за оснивање и ако нема средства за одржување на тековното работење на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Пред укинување на работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија се продава оној дел од подвижниот и неподвижниот имот во висина на долгот што Амбасадата го има, доколку го има, сторено во нејзината работа спрема доверителите, неисплатените фактури, хонорари, позајмици и слично.
Средствата што Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ги стекнала и имотот при претсатнок на работа може да се подарат на други хуманитарни или невладини организации или поинаку како што ќе решат  со одлука Собранието  или основачите на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.

 

 

 


Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
  
   м-р Драги Змијанац                          
   Претседател и основач