Почетна » Права на детето » МОИТЕ ПРАВА За деца од 9 до 12 годин


Здраво! Ова се Твоите права. Тие се исти за секое дете во целиот свет. Читајте, научете ги и зборувајте за нив на училиште, во секциите и со Ваите другарчиња. 
МОИТЕПРАВА За деца од 9 до 12 години

Втората книшка е за оние коишто веќе одат на училиште. 
 

1.    Конвенцијата на ОН за правата на детето се однесува на деца и млади до 18 години, ширум светот.

2.    Семејството е многу значајно за развојот и доброто на детето.

3.    Твоите родители ја имаат првичната одговорност      за твоето воспитување и твојата безбедност.

4.    Владата ја има одговорноста да стори се што може да обезбеди почитување на правата на детето.

5.    Владата исто така им помага на другите држави да се постигне почитување на Конвенцијата за правата на детето.

6.    Секое дете има право на име и националност.

7.    Сите деца се еднакво вредни како луѓе.

8.    Не смеете да бидете дискриминирани поради изгледот, боја на кожата, полот, јазикот, верата, Вашите мислења, итн.

9.    Оние коишто одлучуваат за нештата што влијаат на децата, треба пред се да ги имаат на ум интересите и доброто на децата.

10.    Сите деца го имаат правото да го изразат своето мислење. Вашите мислења мора да бидат почитувани при донесување на сите одлуки што се однесуваат на Вас - дома или на училиште - а ги донесуваат  властите или судовите.

11.    Сите деца го имаат правото да одат на училиште и да научат се што е важно, како на пример дека човековите права треба да се почитуваат, дека истото важи и за други култури.

12.    Важно е децата да ги развиваат свиоте таленти, и да бидат охрабрувани на училиште.

13.    Кога сте болни, имате право на помош и на грижа што Ви е потребна.

14.    Секое дете има право на добар живот. Ако сте со пречки во развојот, имате право на дополнителна поддршка и помош.

15.    Дете коешто било принудено да ја напушти својата земја ги има истите права како сите други деца во својата нова земја.

16.    Ако сте сами, добивате посебна заштита и поддршка.

17.    Доколку е можно, ќе бидете повторно соединети со Вашето семејство.

18.    Погледите и верувањата на секое дете се заштитени. Ако припаЃате кон малцинство, имате право на свој јазик, своја култура и своја вера.

19.    Сите деца имаат право на игра и на живот во добра и здрава околина.

20.    Сите деца имаат право да примаат информации од разни делови на светот преку ТВ, радио, печатот и преку книги. Информациите не смеат да бидат штетни за децата. Се разбира дека имате право и Вие да информирате.

21.    Секое дете има право на своја приватна сфера. Поради тоа, никој нема право да ги чита Вашите писма или дневници без Ваша дозвола.

22.    Сите деца имаат право да живеат заедно со свиоте родители - дури и кога мајката и таткото не живеат заедно. И дваицата родители имаат          заеднички одговорности. Родителите имаат право на поддршка и помош.

23.    Ниедно дете не смее да биде малтретирано, експлоатирано или запоставувано. Ниедно дете не смее да биде присилено да обавува работа штетна за него. Ниедно дете не смее да биде злоупотребувано.

24.    Ако Ве малтретираат, ќе добиете заштита и помош.

25.    Сите деца имаат право да бидат информирани и да ги дознаат своите права. 

 
Ова се Твоите права, една книшка за Конвенцијата за Правата на Детето на ОН. Конвенцијата важи за сите деца и млади, ширум светот, до 18 години. 
 

Конвенцијата за Правата на Детето се состои од сите права на децата. Сите деца во светот ја имаат истата вредност како луЃе, и истите права.

Една Конвенција на ООН (Обединетите Нации) е договор меЃу разни држави. Кога една земја ќе се согласи со една Конвенција, таа ветува да ги исполни сите барања во неа. Едно такво барање, еден услов, во една Конвенција се вика член. 

 
Повеќето земји во светот се согласија со Конвенцијата за Правата на Детето на ОН. Владите на овие земји ветија дека ќе ги исполнат сите барања на Конвенцијата. 

 
Конвенцијата за Правата на Детето се состои од 54 члена. Заедно со деца и млади луѓе ние избравме некои од овие членови за оваа книшка. 

 
Важно е да ги знаете своите права. Исто така е важно со другите да зборувате за Конвенцијата, за да сите деца и млади ги знаат своите права. 

 
Кога ќе ја прочитате книшкава, може сами да погледнете дали во стварност е така во Вашите училишта, дома или кај другите деца. Така може да влијаете врз оние што донесуваат одлуки и врз политичарите.

 
ТИ  ТРЕБА  ЛИ  НЕКОЈ  ЗА РАЗГОВОР?

Ако сакаш  да зборуваш со некого за Твои работи,  јави се на: 0800 1 22 22
 (бесплатна линија) 

        Прва детска амбасада во светот -Меѓаши

 
Доколку сакаш да дознаеш повеќе за нас, и можеби да станеш наш член, слободно јави се кај нас. Нашиот телефонски број е 02/2465 316.

 
На 20. ноември 1989 г. Обединетите Нации усвоија Конвенција за правата на децата и младите - Конвенцијата на ОН за правата на детето. Таа ги содржи сите права што ги имаат децата и младите ширум светот. 

 
·     Правото на изразување и на учество во донесување одлуки!

·     Најдоброто во интересот на детето е секогаш меродавно!

·     Сите деца ја имаат истата вредност како човечки суштества!

·     Децата имаат права!

·     Правото на приватна сфера!

·     Сите деца имаат право да бидат информирани за своите права!



Права на детето