Почетна » Извештаи и истражувања » АНАЛИЗА НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО ГРАД СКОПЈЕ


АНАЛИЗА НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО ГРАД СКОПЈЕ


„ Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ во соработка со Центар за интеграција и поддршка на граѓани (SIEC) го спроведува проектот „Развивање на Стратегија за правата на детето на Град Скопје“, кој што е поддржан од Град Скопје, Програма за социјална, детска и здравствена заштита за 2022 година и Амбасадата на Република Словачка, кој ќе му овозможи на Град Скопје да го трасира патот кон создавање поправеден свет за секое дете!

 

Општата цел на проектот е да придонесе за унапредување на правата на децата во Град Скопје со посебно внимание на децата на улица, да овозможи целосна имплементација и промоција на Конвенцијата за правата на детето, со посебен осврт на стратешки горливиот проблем на градот: децата на улица. Проектот исто така има за цел да ја реализира визијата на Град Скопје како град по мерка на децата.

 

За да се постигне оваа цел, проектот предвиде базично истражување за примената на правата на детето на територијата на Град Скопје, кое ќе послужи како консултативен процес преку кој децата, граѓанските организации и институциите ќе ги споделат своите мислења и перцепции околу детските права и ќе претставува појдовна основа при развивањето на приоритетни мерки за подобрување на општата благосостојба на децата во наредните 5 години.

Прочитајте повеќе за наодите во извештајот во продолжение“