Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.31


Информатор бр. 31


Доделено високо признание на основачот и Извршен Директор на првата Детската амбасада во светот Меѓаши, М-р Драги Змијанац-“Ангел на годината 2008”
По деветти пат, на 28 јануари 2008 година во Театарот „Dal Verme” во Милано, се оддржа манифестацијата “Ангелот на годината” во организација на Црвениот крст Италија-Регионален Комитет на Ломбардија и Етичкиот центар “Монета за мир”. На Извршниот Директор и основач на Детската амбасада Меѓаши, М-р Драги Змијанац, му беше доделена наградата “Ангелот на годината” за неговото долгогодишно интензивна активност во поддршката на децата и спроведувањето меѓународни проекти.

Првата Детска амбасада во светот - Меѓаши Република Македонија стана дел од големото семејство на European Children’s Network-EURONET
На 13 декември 2007 година Детската амбасада-Меѓаши стана дел од големото семејство на European Children’s Network-EURONET како Придружна членка.

Заедничка иницијатива за недискриминација „Еден до друг – различни, а еднакви“
На 9 декември 2007 година, во 2007 година Европска година за еднакви можности на сите, пред 10 декември, Меѓународен ден на човековите права, повеќе граѓански организации меѓу кои и Детската амбасада Меѓаши, одржаа прес конференција на која беше промовирана заедничката иницијатива за недискриминација „Еден до друг – различни, а еднакви“,

Извештај на Бесплатната правна служба за 2007 година
Во 2007 година правната служба на Детската амбасада реагирала во 63 случаи каде имало прекршување на детските права. При тоа во 38 случаи биле испратени барања, во 22 случаи претставки и во 3 случаи дадено е правно мислење и помош на странки.

Воведена институцијата- Претставник на Генералниот секретар на ОН за борба против насилството врз децата
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши информира дека Генералното Собрание на ООН во вторникот на 22.11.2007 година, донесе одлука да ја воведе институцијата Претставник на Генералниот секретар на ОН за борба против насилството врз децата чија задача е да укажува на сите облици на насилство врз децата и да бара нивно отстранување.

Реакција и осуда по повод случајот на сексуална злоупотреба на 8 годишното девојче
По повод последниот случај на сексуална злоупотреба на дете Првата детска амбасада во светот- Меѓаши повикува на најостра осуда и казна за "родителот" (на злоупотребеното девојче и нејзините брат и сестра) и за сторителите, за кривично дело сексуална злоупотреба на дете, трговија со малолетно лице и подведување за остварување финансиска добивка. 

Извештај за работата на - сос телефонот за деца и млади при Амбасадата МЕЃАШИ во Периодот од 01.01.2007 до 31.12.2007

SOS telefon za deca i mladi (0800 1 22 22) koj {to funkcionira vo ramkite na Prvata detskata ambasada vo svetot -Me|a{i e prv besplaten telefon za deca i mladi vo zemjava koj kontinuirano funkcionira ve}e 15 godini.

Дневен центар за деца на улица
Дневниот центар за деца на улица активно работеше и во изминатиот период (октомври 2007-јануари 2008). Од регистрираните 35 деца во центарот редовно доаѓаат 20 деца. Тие се на возраст 5-14 години и доаѓаат од т.н. Картон Маало во Ново Лисиче и Кланица во населба Аеродром. Во Дневниот центар добиваат ужинка, чиста облека, се бањаат и посетуваат работилници. 

Дали денес му кажавте на вашето дете колку го сакате?
Првата детска амбасада во светот-Меѓаши продолжува со минатогодишната кампања за повеќе љубов и внимание кон децата но сега со слоганот “Дали денес му кажавте на вашето дете колку го сакате?”

Регионална средба на НВО кои вршат мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на децата
Во периодот 10-12 јануари 2008 година во Милочер, Црна Гора се оддржа Регионална средба на НВО од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Косово.

Студиско патување во Словачка
Извршниот Директор на Детската амбасада Меѓаши, М-р Драги Змијанац, учествуваше на студиското патување во Словачка, кое беше спроведено од 4 до 10 ноември 2007 година, од ЦИРа во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество во Македонија, финансирано преку УСАИД.

Средба на Извршниот директор на Детската амбасада-Меѓаши, М-р Драги Змијанац со Министерот за одбрана, Лазар Еленовски
На 26 ноември Извршниот директор на Детската амбасада, М-р Драги Змијанац и Мирјана Шокаревска, Претседателка на Здружението за самохрани родители, имаа средба со Министерот за одбрана, Лазар Еленовски.

Дипломатски Кор на Првата детска амбасада во светот Меѓаши
Нови дипломати на Првата детска амбасада во светот Меѓаши - Репулика Македонија
Им посакуваме добредојде на новите дипломати во семејството на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и успешна понатамошна работа за помош на децата во Македонија и во светот.

Промоција на Законот за донации и спонзорства на јавните дејности
Со цел ефективна примена на Законот за донации и спонзорства на јавните дејности како и можност за поддршка на активности на граѓанските организации кои се од јавен интерес, беа организирани консултативни состаноци во Тетово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Дебар, Струга, Прилеп, Битола и Скопје.

Работни средби помеѓу граѓанските организации и деловниот сектор
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, во соработка со Центарот за институционален развој – ЦИРа, ја спроведуваше активноста “Соработка со деловниот секторот“, чија главна цел беше поефективна кооперација помеѓу граѓанскиот и бизнис секторот. 

Промоции на изданија во рамките на проектот “Поддршка на националниот граѓански форум/платформа”
Промоција на позитивни примери на граѓанското опшетство во Македонија

6-ти НВО Саем
Во периодот 16-17 ноември во Скопје се оддржа шестиот НВО Саем.

Детето-сведок која бара посебна грижа
Во периодот ноември - февруари продолжија активностите поврзани со проектот “Детето-сведок која бара посебна грижа”. Се направи адаптацијата на постерот “Почитуван суде, се плашам” и брошурата “Јас одам во суд” и се очекува во март да бидат испечатени. Постерот и брошурата ќе бидат дистрибуирани до судовите и полициските станици бидејќи се наменети токму за професионалците кои работат со деца сведоци.

Тренинг за професионалци-судии кои интервjуираат деца сведоци
Во периодот 8-10 февруари 2008 година во Охрид, Првата детска амбасада во светот-Меѓаши организираше тренинг на тема “Злоупотреба на деца –специфики на интервју, препознавање и пристап во судската пракса ”.

Учество на Саеми и Базари
IWA Базарот (01.12.2007 год.)

Продажба на новогодишни честитки
Три години по ред Првата детска амбасада во светот-меѓаши изработува новогодишни честитки. Оваа година новогодишните честитки беа во седум мотиви од кои првите четири мотиви беа дупли и чинеа 25,00 денари со вклучено плико, а пак останатите три мотиви беа единечни и чиена 10,00 денари без плико.

Соработка на Меѓаши и Генел продолжува- за секој купен Канон производ, 1 Евро за активностите на Меѓаши
Трговското друштво за производство, услуги и промет “ГЕНЕЛ Филип”ДОЕЛ Скопје и Првата детска амбасада во светот – Меѓаши во јули потпишаа договор за донација од јавен интерес. Оваа компанија почнувајќи од септември 2007 година донира средства за работата на СОС телефонот за деца и млади и бесплатни правни совети во висина од 1 ЕВРО во денарска противредност од секој купен производ на КАНОН од страна на ГЕНЕЛ Филип дооел.

Собирање средства од домашни извори за поддршка на Дневниот центар за деца на улица
Детската амбасада има поставено касички за донација од страна на граѓаните низ цела Македонија. Најново е тоа што има нови 20 касички кои што се обезбедени преку проектот „Собирање средства за работа на Дневниот центар за деца на улица“ во соработка со ЦИРа, финансиран од USAID.

Дедо Mраз додели новогодишни пакетчиња на 484 деца
Донација на новогодишни пакетчиња (369) во партнерство со Македонски Телекомуникации

Навивачите на Bolton повторно донираа за децата од Македонија
Добротворната акција која навивачите на Bolton Wanderers ја организираа во септември кога престојуваа во Македонија за натпреварот со Работнички, продолжи и во Англија.

Донација на чоколади од Витаминка
А.Д. Витаминка од Прилеп ја поддржа промоцијата на Детската амбасада Меѓаши за време на 6-от Саем за НВО преку донација на 10 000 чоколади. На чоколадите имаше одрезок на кој покрај информациите за Витаминака, стоеше логото на Детската амбасада како и бесплатниот телефонски број за деца и млади 0800 1 2222.

Добротворна акција на Action Park
За време на НВО Саемот која се оддржа од16-17 ноември 2007 Детската амбасада Меѓаши во соработка со Action Park организираше добротворна акција за децата од Детските работилници и од Дневниот центар за деца на улица кои земаа учество во програмата на НВО Саемот.

Oбезбеден 6.121 шампон за децата сместени во детски домови и други институции
Првата детска амбасада во светот- Меѓаши во партнерство со Nelt ST Procter and Gamble на 14 февруари (четврток) организираше акција за дарување 6.121 шампон. Шампоните беа дарувани нa:


Бушавко бр. 31

Преземи
PDF 691 KB