Почетна » Поддржувачи » Донации


Paynet со своите терминали за брза наплата им овозможи на граѓаните побрза наплата на сметки и поедноставен начин за донирање

 Paynet преку своите терминали за брза наплата на сметки кои се поставени на клучни локации низ Македонија ќе ја поддржи работата и активностите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши со воведување на опција за донирање на финансиски средства преку своите терминали. Граѓаните кога ќе ја вршат својата наплата на сметки преку терминалите на Paynet, доколку им остане кусур, може кусурот да го добијат во вид на потврда за кусур, но и опција со кусурот да платат други услуги, односно ќе може да одберат донирање средства за работата и активностите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Благодарност до Paynet и до граѓаните кои ја поддржуваат нашата работа и залажби за поправеден и поубав свет за децата.


Листа на подржувачи 2009
Добротворен прилог за Дневниот центар за деца на улица

Листа на досега обезбедени поддржувачи на кампањата за формирање на “Фонд за поддршка на деца и млади жртви на сексуална злоупотреба”
Граѓански организации, медиуми, институции

Фонд за поддршка на деца и млади жртви на сексуална злоупотреба
Загрижени од секојдневните вести и случаи на сексуална злоупотреба на деца и млади во Македонија, на 26 септември 2008 ЦИРа и Првата Детска Амбасада во Светот-Меѓаши започнaa Kампања за прибирање средства од страна од граѓаните и претријатијата за формирање на Фонд за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба во Македонија.

Предмет: Соопштение
Првата детска амбасада во светот Меѓаши предупредува дека со акцијата на Министерството за труд и социјална работа и Министерството за внатрешни работи со привремено сместување на децата на улица во Дневните центри нема да се реши проблемот со злоупотреба на детскиот труд (питачење, подведување, проституција, дрога и други најлоши форми на злоупотреба на детскиот труд....)