Почетна » Поддржувачи » Донации


Paynet со своите терминали за брза наплата им овозможи на граѓаните побрза наплата на сметки и поедноставен начин за донирање

 Paynet преку своите терминали за брза наплата на сметки кои се поставени на клучни локации низ Македонија ќе ја поддржи работата и активностите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши со воведување на опција за донирање на финансиски средства преку своите терминали. Граѓаните кога ќе ја вршат својата наплата на сметки преку терминалите на Paynet, доколку им остане кусур, може кусурот да го добијат во вид на потврда за кусур, но и опција со кусурот да платат други услуги, односно ќе може да одберат донирање средства за работата и активностите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Благодарност до Paynet и до граѓаните кои ја поддржуваат нашата работа и залажби за поправеден и поубав свет за децата.

 

 

 

ТЕРМИНАЛ ЗА БРЗА НАПЛАТА - иновативен платежен терминал за ефикасна наплата на режиски сметки, како на пример, сметки за водовод и канализација, радиодифузна такса, за мобилна и фиксна телефонија, кабловска телевизија и интернет од операторот One и од Blizoo, како и за плаќање на јавни давачки – такси, казни и даноци.

 

ДОСТАПНОСТ - платежните терминали се достапни 24 часа и 365 дена во годината. Ќе бидат поставени на територијата на целата земја, за почеток во централните градски подрачја, а потоа и во руралните области.

 

Упатство за донирање

За повеќе информации кликнете тука.

www.Paynet.mk