Факултативен протокол кон Конвенцијата за правата на децата кој се однесува на вклучување на децата во вооружени конфликти
Земјите членки на овој протокол, Охрабрени од преголемата подршка на Конвенцијата за правата на детето, која ја покажува широко распространетата определеност што постои за унапредување и заштита на правата за детето. Потврдувајќи дека правата на децата бараат посебна заштита и повикувајќи на постојано подобрување на положбата на децата без разлика, како и нивниот развој и едукација во услови на мир и безбедност.
Вознемирени од штетното и трајно влијание кое вооружените конфликти го имаат врз децата и долгорочните последици кои ги оставаат врз трајниот мир, безбедност и развој.
Осудувајќи кога децата се избираат за цели во ситуации на вооружен конфликт и директни напади врз објекти заштитени со меѓународното право, вклучувајќи ги и местата каде што општо се присутни голем број на деца, како што се училиштата и болниците. Забележувајќи дека усвојувањето на Римскиот статут за Меѓународниот кривичен суд, особено дека како воено кривично дело е предвидено и регрутирањето или стапувањето во војна служба на деца под 15 годишна возраст или нивно користење за активно учество во непријателствата во меѓународни и немеѓународни вооружени конфликти.
.....повеќе.....PDF |