Трговија со деца, насилство во училиштата и во семејството, злоупотреба на детскиот труд, живот на улица... Секоја година расте бројот на претставки и пријави за кршење на правата на децата. Надлежните институции и натаму тврдат дека децата не си ги знаат правата и оти голем број случаи остануваат неоткриени. Незнаењето, но и нецелосното спроведување на законите се причина децата да не бидат заштитени колку што треба. Со овие констатации е означен вчерашниот Меѓународен ден на детето.