Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.38


Учениците случајно се нашле на улица за Топи

По оваа информација министерството вчера испрати инспектори во училиштата.

Децата кои го чекаа албанскиот претседател Бамир Топи низ тетовските улици се изманипулирани и несреќно вметнати во политиката, реагираат од Детската амбасада „Меѓаши“. Општината, пак, поради оваа посета прогласи неработен ден во училиштата во Тетово, а од Министерството за образование тврдат дека за такво нешто немаат чуено.
- Собранието на Македонија ја има усвоено Декларацијата за заштита на правата на детето од политичка

манипулација и злоупотреба донесена во 1991 година. Дали Министерството за образование постапило по овие стандарди и дозволило учениците да ги напуштат училиштата или, пак, ова е одлука на директорите на училиштата треба да се провери. Доколку се утврди дека децата биле организирани од наставниците и директорите за организиран пречек на кој било политичар или лидер на политичка партија станува збор за политичка злоупотреба на деца - изјави Драги Змијанац од „Меѓаши“.
По оваа информација министерството вчера испрати инспектори во училиштата.
- Не можеме да кажеме дека денот бил неработен, иако знаеме дека на местото на настанот имало многу ученици. Ако е ова вистина, тогаш ние ќе бараме тој ден да се одработи - објаснија од Министерството за образование.
Во општина Тетово ги демантираат овие тврдења и велат дека децата случајно се нашле на улица.
- Ние никому не можеме да му наложиме тој ден да биде неработен, ниту пак сме организирале граѓани да доаѓаат. Знаеме дека имаше многу ученици, но тие спонтано дојдоа бидејќи тогаш им беше големиот одмор - вели Бардуз Заими, одговорен за односи со јавност во општина Тетово.
На завчерашната посета на претседателот на Албанија во градот под Шара, каде што тој беше прогласен за почесен доктор на науки на Државниот универзитет во Тетово, освен големиот број деца, присуствуваше и градоначалникот Сади