Почетна » СОС телефон » Вебсајт » Истражување за вебсајт


Овој документ е целосен извештај од истражувањето реализирано за Првата детска амасада МЕЃАШИ кое вклучува: преглед и анализа (деск-анализа) на некои од постојните веб страници на СОС линии во регионот и во светот; онлајн истражување на примерок на деца и млади на возраст од 11 до 18 години за навиките и преферираните начини на комуникација при барање совет, областите за кои имаат потреба од совет и поддршка, како и темите од нивни интерес; предлог концепт на содржини и комуникациски канали што ќе ги содржи идната веб-страница.

Ова истражување е дел од проектот „Да ги земеме правата во наши раце“, во партнерство со Save the Children Kosovo што е финансиски поддржан од Владата на Шведска.

Крајната придобивка на ова истражување е изработка на предлог концепт на содржини и комуникациски канали што ќе ги содржи идната веб страница, со цел модернизација на комуникацијата, дигитализација на СОС услугата преку дизајнирање посебна веб страница што ќе нуди повеќе онлајн можности за комуникација, како што се чет со психолог; ресурси за прашања поврзани со Ковид-19, менталното здравје, или други прашања важни за децата и младите во развој; блогови на различни теми; едукативни содржини за подигнување на свеста и унапредување на правата на детето и сл.

Подготовката, спроведувањето на истражувањето и пишувањето на извештајот како што беше превидено со планот се спроведе во периодот од 15. март до 31. април, 2021 година.

Истражувањето беше реализирано од страна на Проф.д-р Елеонора Серафимовска и Проф.д-р Маријана Марковиќ, Универзитет Св.Кирил и Методиј, ИСППИ, Психолошка Лабораторија

Повеќе...