Почетна » Извештаи и истражувања » Истражувања » Истражување Меѓаши


Извештај со индикативни наоди од спроведено истражување

Истражување за ставовите и искуството на родителите/старателите за методите на организирање на образовниот процес на децата за учебната 2020/2021 година   (22.7.2020 – 5.8.2020)

Проект: “Let’s take the rights in our hands”

Наташа Павиќевиќ - Стојменовска

Скопје, август 2020 година

 

Во продолжение следи извештај кој претставува анализа на податоците добиени од квантитативното онлајн-истражување за ставовите и искуството на родителите/старателите за методите на организирање на образовниот процес на децата за учебната 2020/2021 година. Истражувањето е дел од проектот „Да ги земеме правата во наши раце“, реализиран од страна на нашата организација Прва детска амбасада во светот − Меѓаши.

Извештајот се состои од две поглавја: 1) Методологија за спроведување на квантитативното онлајн-истражување за ставовите и искуството на родителите/старателите за методите за организирање на образовниот процес на децата за учебната 2020/2021 година и  2) Анализа и индикативни наоди од Истражување за ставовите и искуството на родителите/старателите за методите за организирање на образовниот процес на децата за учебната 2020/2021 година. Во првото поглавје детално се прикажани фазите и спроведените активности од овој дел од истражувањето. Второто поглавје се состои од потпоглавја во кои се опфатени анализата и значајните индикативни наоди од истражувањето за општите и демографските карактеристики на испитаниците во истражувањето, за искуствата и ставовите на родителите/старателите од досегашната онлајн-настава или учењето на нивните деца од далечина и за ставовите и мислењата на родителите/старателите за методите и начините за организирање на образовниот процес на нивните деца за учебната 2020/2021 година.

Квантитативното онлајн-истражување за ставовите и искуството на родителите/старателите за методите за организирање на образовниот процес на децата за учебната 2020/2021 година даде резултати кои претставуваат еден вид глас и пораки од родителите на децата вклучени во основното и средното образование. Индикативните наоди претставуваат солидна насока за понатамошното планирање и спроведување на активности согласно престојните одлуки кои треба да ги донесат надлежните институции за методите и начините за отпочнување на новата учебна година.

Повеќе... PDF

 




 

Кратко резиме од спроведеното истражување во април 2016 од "TNS BRIMA Gallup Intl" нарачано од Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ и финансирано од "CIVICA mobilitas".

Квантитативно истражување за Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ Детската амбасада МЕЃАШИ  е на второ место спонтано споменат после Граѓанската асоцијација МОСТ Вкупната свесност за Детската амбасада МЕЃАШИ  (спонтана + потпомогната) изнесува 64% што значи дека околу две третини од испитаниците знаат за Детската амбасада МЕЃАШИ  Детската амбасада МЕЃАШИ  најмногу знаат во скопскиот, вардарскиот и пелагонискиот регион, а најмалку во полошкиот (48%)Севкупно спонтано  Детската амбасада МЕЃАШИ  се препознатливи по своите активности за детските права, заштита на деца против насилство, хуманитарна помош итнИспитаниците кои знаат за  Детската амбасада МЕЃАШИ  во висок процент имаат доверба во неа и нејзините активности (82%)Висока е свесноста за разните полиња на дејствувањето на Детската амбасада МЕЃАШИ  , а најмалку (околу 44%) од испитаниците кои знаат за Детската амбасада МЕЃАШИ  знаат дека  МЕЃАШИ  активно учествуваат во бегалската криза Застапеноста на Детската амбасада МЕЃАШИ  во медиумите  е мала  (само 8% сметаат дека се доволно застапени во медиумите)Севкупно околу 83% од испитаниците кои знаат за МЕЃАШИ  сметаат дека со своите активности имаат влијание во јавноста Околу две третини од испитаниците кои знаат за  Детската амбасада МЕЃАШИ  сметаат дека се независни од политички влијанијаПрофесионалноста, одговорноста и посветеноста на  МЕЃАШИ  е позитивно оценета (просечна оцена е 3.8 на мерна скала од 1-5 како во училишниот систем на оценувањеКако најсоодветни начини за донирање се наведуваат: донирање на облека, храна, уплата на ж-ро сметка за конкретна активност, касички за донација итнКомуникација на  Детската амбасада МЕЃАШИ  со граѓаните преку социјалните мрежи се оценува како добар начин на комуникација но и како недоволен (постарите испитаници во помал процент користат интернет и социјални мрежи)Околу една третина од сите испитаници не слушнале за    Детската амбасада МЕЃАШИ  и тие во повисок процент се од руралните средини и од етничките АлбанциИспитаниците кои не слушнале за Детската амбасада МЕЃАШИ  севкупно како приоритети на организациите за заштита и грижа на децата го истакнуваат залагањето за детските права, хуманитарните активности за сиромашните итнЕдна третина од сите испитаници сметаат дека активностите на овој тип НВО имаат реален ефект во подобрување на заштитата и грижата на децата

PDF 1.045kb