Почетна » ПРЕЦЕДЕ » ПРЕЦЕДЕ 2 » ПРЕЦЕДЕ Национална стратегија


Национална стратегија за застапување на ПРЕЦЕДЕ мрежата

 

1. Вовед во програмата на ПРЕЦЕДЕ мрежата

 

Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа (ПРЕЦЕДЕ) е регионална мрежа на граѓански организации од седум европски држави, чијашто програма има за цел е да го зајакне капацитетот на граѓанските организации во Балканскиот регион и Европа, и да го поддржи процесот на прифаќање, градење мир, помирување, почитување на различноста и градење единство преку едукација во раната детска возраст.

 

Преку оформената регионална мрежа на организациите на граѓанското општество од Балканот се работи директно со предучилишниот персонал и со децата од предучилишна возраст, со што се промовира прифаќање на другите и почитување на различностите. Се развија и мрежи на граѓанските организации на национално ниво кои промовираат прифаќање на другите и почитување на различностите преку образование во раното детство во земјите на западен Балкан и поврзување на мрежите на националните мрежи и ПРЕЦЕДЕ мрежата на граѓанските организации со Меѓународната мрежа за мали деца во конфликтни и постконфликтни земји.     

 

Носител и партнери во програмата се: Носител на програмата е невладината организација „Помош за децата“ од Србија (Pomoć deci - www.pomocdeci.org), а партнерски организации се: Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Република Македонија (www.childrensembassy.org.mк); Раните години, Белфаст, Северна Ирска (Early Years - the organization for young children, Northern Ireland - www.early-years.org); Партнери за деца, Албанија (Partnerë për Fëmijët  - www.partnereperfemijet.org); Центар за цивилни иницијативи, Хрватска (Centar za Civilne Inicijative - www.cci.hr); Децата пред се`, Црна Гора (Djeca prije svega - www.djecaps.me/index); Балкански сончогледи, Косово (Balkan Sunflowers Kosova  - www.balkansunflowers.org). 

 

цел документ PDF