Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.38

МЕЃАШИ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СОС-ТЕЛЕФОНИ ЗА ПОМОШ НА ДЕЦАДа не се прекршуваат детските права

Првата детска амбасада во светот Меѓаши е дел од меѓународната мрежа "CHI - Child Helpline International", која ги обединува СОС-сервисите за помош на деца од земји ширум целиот свет веќе четврта година по ред, го обележува светскиот ден на СОС-телефоните за помош и поддршка на децата во светот. Преку одбележувањето на овој ден СОС-линиите за помош на деца ширум светот ставаат посебен акцент на услугите кои тие ги обезбедуваат за децата на кои им е потребна грижа и заштита. Исто така се потенцира важноста и значењето на функционирањето на
 СОС-телефоните, бидејќи тие претставуваат значаен механизам на поврзување со децата, што овозможува гласот на секое дете да биде слушнат.
СОС-телефонот за деца и млади 0800 1 2222 од неговото постоење и до денес регистрирани се над 17 784 пријави на проблеми. Поголемиот дел од јавувачите беа деца и адолесценти и најчест мотив за јавување се меѓуполовите односи. Овој тренд полека почна да се менува низ годините. Бројот на јавувања се намалуваше, а за сметка на тоа се зголемуваше бројот на пријави од страна на возрасните загрижени за децата, кои пријавуваа сериозни прекршувања на детските права.
- Почнаа да се зголемуваат пријавите на сексуална злоупотреба, семејно насилство и пријави на насилство во училиштата. За жал, резултатите од последните години на работа на СОС-службата покажуваат дека всушност децата се незаштитени и често изложени на насилство и злоупотреба од страна на возрасните. Минатата 2009-та година беа регистрирани вкупно 377 пријави и во најголем процент беа пријави на различни облици на насилство. Постојат повеќе причини зошто децата се јавуваат, но во последните години најфреквентни се повиците
 на загрижени родители, потоа и на очевидци кои сведочеле на настани за кои сметале дека е потребно да не известат и да реагираат - велат од Меѓаши.
Тие информираат дека генералниот заклучок кој се добива од досегашната работа на СОС-телефонот е дека децата-жртви на насилство и злоупотреба истото многу ретко го пријавуваат. Поради овие резултати Првата детска амбасада во светот Меѓаши започна кампања под мотото "За насилството не треба да се молчи". Главната цел на оваа кампања е охрабрување пред се на децата, но исто така и на возрасните загрижени за децата, да го пријавуваат насилството и злоупотребата на СОС-телефонот за деца и млади