Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.38

Детска порнографија во компјутер на норвешкиот амбасадор во ОБСЕМакедонија Во стан во една од овие згради во вонбрачна заедница со Македонка, живеел норвешкиот советник на амбасадорот на ОБСЕ.

Тука е пронајден и компјутерот во кој беа откриени порнографските материјали. Иако полицијата се уште не го потврдува случајот, сепак Сител дознава дека покрај фотографии со провокативни пози на малолетници, во компјутерот биле откриени и видео материјали со експлицитни сексуални содржини.

Истрагата треба да покаже дали само во станот, или и на други локации, политичкиот советник во Мисијата на ОБСЕ, ги фотографирал и сексуално злоупотребувал малолетниците.

За случајот, анономен повик добиле и во Детската амбасада Меѓаши. Нивните сознанија велат дека станува забор за деца од различен пол, кој Норвежанецот ги заведува.

Во Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска немаа повеќе информации од вчерашниот став. Очекуваат реакција на полицијата, а потоа ќе го анализарале случајот.

Политичкиот советник на амбасадорот е надвор од Македонија.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/detska-pornografija-vo-kompjuter-na-norveshkiot-ambasador-vo-obse