Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.38

Првата детска амбасада со нов извештај и нови проекти за подобар живот на децата во МакедонијаПрвата детска амбасата во светот Меѓаши преку нашата редакција информира за алтернативниот извештај, презентиран во февруари годинава во Женева. Масовно се кршат детските права, ќотекот царува во училиштата, ова е само дел од проблемите со кои се соочуваат секојдневно децата во Македонија. Пред Комитетот за правата на детето при Обединетите нации во Женева за состојбата со децата во нашата земја говореа Елена Димитриевска и Васка Бојаџи. Разменетите искуства и препораките на детската амбасада, сега ги подржува и Националната Комисија за правата на детето при Владата на Р.Македонија. Резултат на тоа, велат од Меѓаши е подржаната кампања ,,За насилството не треба да се молчи,, и јавната кампања за борба против злоупотребата на дроги ,,Животот е мој филм,, како и бесплатната СОС телефонска линија за деца и млади 0800 1 22 22 .Од Меѓаши информираат дека амбасадата како една од членките основачи на Коалицијата – Сите за правично судење заедно со Канцеларијата на оваа коалиција започната е и реализацијата на проектот за подршка на човекови права. Непречено со сите овие активности, од Меѓаши потврдуваат дека редовно се реализираат и средби, тренинзи, обуки и конференции. Велат дека во сите овие активности целта е да се подигне свеста кај граѓанството и да се намалат проблемите кој ги тиштат македонските деца. Да се намали насилството, злоупотребата на деца и да постигнеме резултати од кои најзадоволни ќе бидат децата. Меѓаши во својот извештај ја истакнува и соработката со институциите релевантни во областа, но и несебилната финансиска подршка од Европската Унија и УНИЦЕФ покажана години наназад па и сега во проектот ,,Градење култура на детското учество,,.