Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.38

Децата од Детската амбасада „Меѓаши“ во посета на Министерството за финансииСкопје

Заменик министерот за финансии Недим Рамизи денеска во неговиот кабинет во Министерството за финансии прими деца членови на Детската амбасада „Меѓаши“.

Десеттина деца од различна националност и возраст го посетија заменик министерот и од него побараа да се заложи и преку министерството да и помогне на оваа млада популација.

Членовите од „Меѓаши“ во неколку наврати го потсетија заменик министерот дека многу деца во Република Македонија остануваат без образование, а посебно децата Роми.

Според нив Министерството за финансии може да го реши случајот и на децата да им помогне да завршат образование.

Дечињата свесни за тоа дека образованието е основа на секоја држава, побараа подобрување на условите во училиштата и рамномерно спроведување на програмите „Бесплатни учебници“ и „Компјутер за секое дете“.

На прашањето упатено од децата дали Министерството за финансии планира да ги зголеми средствата за школувања на деца кои се социјално загрозени, министерот рече дека за средствата кои досега се доделувале била извршена претходна проценка, но не ја исклучи можноста за зголемување на паричните примања.

Во врска со рекламите финансирани од Владата на Република Македонија „Животот е мојот филм“ децата загрижени за своите врсници бездомници до кои неможат да стигнат овие пораки прашаа дали ќе се одвојат финансии за уште еден проект кој ќе може да допре до сите граѓани.

Заменик министерот рече дека не е планиран таков проект, но дека идеи се секогаш добредојдени и дека пари од Буџетот за будење на свеста кај граѓаните и за заштита секогаш се одвојуваат./крај/бд