Почетна » Поддржувачи » Донации


Фонд за поддршка на деца и млади жртви на сексуална злоупотреба


Загрижени од секојдневните вести и случаи на сексуална злоупотреба на деца и млади во Македонија, на 26 септември 2008 ЦИРа и Првата Детска Амбасада во Светот-Меѓаши започнaa Kампања за прибирање средства од страна од граѓаните и претријатијата за формирање на Фонд за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба во Македонија.

Иницијативата е поддржана од јавни личности, медиуми и здруженија на граѓани од РМ (видете ја листата на поддржувачи во прилог)

 Целта на кампањата е собирање на средства за поддршка на децата и младите жртви на сексуално насилство и нивните семејства како и спроведување на активности за надминување на последиците од сексуалната злоупотреба: правна помош, психо-социјална работа со жртвите, помош и поддршка на жртвите за интегрирање во заедницатa, спроведување на информативни и едукативни кампањи за превенција на сексуална злоупотреба на децата и младите и др. (повеќе за тоа за што и како ќе бидат распределени средствата од фондот, на www.cira.org.mk).

Ве покануваме да дадете ваш придонес во креирањето на Фондот за поддршка на децата и младите-жртви на сексуална злоупотреба преку:
 
1.      Донирање на 100 мкд со јавување на еден од телефоните (ве молиме вртете на телефонот на вашиот мобилен оператор) :

Вип:                077 143-404

Т-мобиле:     070 143-404

Космофон:   075 143-404
 
2.      Донирање на финансиски средства на следната жиро сметка:

ЦИРа Скопје: 300000002760559

Комерцијална Банка АД Скопје

Со назнака: за Фонд за поддршка на деца и млади жртви на сексуална злоупотреба.
 
3.      Организирање иницијативи во вашата организација/институција/компанија или тим секој вработен да донира даден износ (по сопствено наоѓање) од неговата плата на месечно ниво во Фондот. (Некои компании ги поттикнуваат своите вработени да донираат повеќе со понуда за дуплирање на вкупниот износ што на месечно ниво ќе биде собран од вработените). Доколку постои интерес членови на ЦИРа ќе направат презентација пред вработените и менаџментот за тоа како може да се организира наједноставно оваа акција.
 
4.      Донирање или спонзорство на производи и/или услуги од вас, вашата организација или компанија:

Услуги за помош на децата и младите (правна помош, стручна психолошка помош, итн);
Производи за помош на децата (играчки, облека, обувки, учебници итн). итн.
 
5.      Волонтирање за поддршка на камањата и/или организирањето на настаните за прибирање средства (отворено студио со звезди и хумантирен концерт) кои ќе се одржат на 19 ноември 2008
 
Ве покануваме активно да се вклучите во оваа кампања која ќе трае до крајот на ноември 2008. Ве молиме повикајте ги членовите на вашите семејства, вашите пријатели, колеги и деловни партнери да ја поддржат оваа граѓанска иницијатива и да дадат свој придонес за успешно справување со сексуалната злоупотреба на децата и младите. Испратете го овој e-mail до нив или разговарјте со нив за поддршка. Доколку имате било каква идеја која ќе придонесе кон успешно спроведување на кампањата, слободно предложете ја! Секоја иницијатива е добредојдена!!!
 
Постојат и други можности за да поддршка на иницијативата за креирање фонд за поддршка на децата и младите жртви на сексуална злоупотреба, со кои ќе може да се запознаете на интернет страницата на ЦИРа : www.cira.org.mk  
 
За сите ваши прашања и идеи поврзани со донирањето во фондот, слободно контактирајте не во ЦИРа или Меѓаши на долунаведените контакти. ЦИРа како организација која работи на промоција на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (ЗДСЈД), ви нуди поддршка за спроведување на процедурата за користење на даночните поттикнувања.
 
На секои 2 недели ЦИРа и Меѓаши ќе објавуваат информации поврзани со собраните средства, ревидираната листа на подрржувачи, како и активностите кои ќе се превземаат понатаму, на интернет страниците www.cira.org.mk, и www.childrensembassy.org.mk, со соопштенија за јавност и преку електронска пошта (доколку не сакате понатаму да примате информации поврзани со оваа кампања, слободно испратете ни барање за бришење од е-маил листата на ЦИРа за овој Фонд).
 
Станете и Вие активен поддржувач на кампањата и кажете СТОП за сексуалната злоупотреба на децата и младите. 
 
Ви благодариме на вашата грижа за децата и младите - жртви на сексуална злоупотреба во Македонија. 
 
Донирајте во Фондот за нивна поддршка! 

 
Срдечен поздрав,

Зоран Стојковски
Извршен директор
Центар за институционален развој-ЦИРа
 

Драги Змијанац
Извршен директор
Прва детска амбасада во светот-Меѓаши
 
Контакти :

ЦИРа: тел. 02-3114855 лок. 105 ; моб. 071-248-209; e-mail: zorans@cira.org.mk и cira@cira.org.mk

Меѓаши: тел.02-2465 316; моб:070/075 255-372; e-mail: dzmijanac@childrensembassy.org.mk и info@childrensembassy.org.mk