Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37


Почина бебето на малолетната бегалка од Горно ЈаболчиштаПочина бебето на 15 годишната Самире Зејнелова која живее во вонбрачна заедница во велешко Горно Јаболчишта каде пред 3 месеци ја посети и Канал 5. Три дена старото новороденче среде ноќ почнало да се задушува.

Починало на пат кон болница. Не се знае дали бебето било здраво кога било отпуштено од велешката болница каде Зејнелова и се породила. Детали најавија за утре. Телото на бебето било предадено на обдукција. Според првичните резултатите - немало знаци на насилство. Сепак од судска медицина се чекаат конечните наоди.
Малолетничката наспроти волјата на родителите живее кај нејзиниот невенчан сопруг Халит Зекиров кој е на печалба во Италија , а дома го чека 6 месечна казна затвор за вонбрачниот живот со Самире. Судот и центарот за социјални грижи, поради ризичната бременост, но и волјата на Самире да живее кај Халит, не ја вратија дома кај родителите. Сега семејството вината ја гледа кај државата која зошто според нив затаила кога најмногу им била потребна.

Од центарот за социјални грижи во Велес велат дека ниту семејството ниту болницата не ги известиле дека Самире се породила. Планирале малолетничката да ја вратат или кај родителите или да ја однесат во мајчин дом. Пред нова година со полиција и брза помош се обиделе да ја извадат од Јаболчишта но пружала отпор и не ме сакале со сила да го земаат девојчето бремено во 9иот месец
Малолетната бегалка пред камерата на канал 5 уверуваше дека нема ја напушти куќата на Халит
За овој случај реагираа и народниот правобранител и детската амбасада Меѓаши.