Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ реагира за одземањето на родителското право на семејството Кулески НЕДЕЛА, 14 МАРТ 2010 21:29 ЈУЛИЈАНПрвата детска амбасада во светот МЕЃАШИ досега повеќе пати регираше со барање Центрите за социјална работа прво да вршат надзор на родителското право, а потоа ако се утврди дека има несоодветно вршење на родителското право да го одземат истото, односно да започнат постапка за одземање. Доколку во случај со семејството Кулески имало увид и надзор врз вршење на родителското право се наметнува прашањето зошто претходно не е покрената постапка за одземање на истото туку се дејствува отпосле, односно од кога се случи несреќата.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши повеќе пати досега ја критикуваше неажурноста и неневремената интервенција за засилен надзор и увид во остварување на родителско право во семејства во ризик и дисфункционални семејства.

Центрите треба навреме и соодветно да ре а ги ра ат во превенција и заштита на децата. Одземањето на родителското право треба да се врши превентивно, а не дури кога ќе настанат тешки повреди и последици врз децата или смрт од насилсто брз децата од страна на родителите или од родителска негрижа. Центрите за социјална работа треба да се помобилни, поефективни  и континуирано да ја следат состојбата на можни злоупотреби и превенција на последици по животот над децата во семејства во ризик како и преземање содветни мерки со што превентивно би дејствувале. Тие можат да дадат најголем придонес во превенцијата од кршење на детските права бидејќи се во непосреден контакт со семејствата во кризна состојба. Треба да имаат засилен увид и да преземаат соодветни мерки за превентива и надзор во семејствата во ризик.

Одгледувањето, воспитувањето и подигнувањето на децата во прв ред е одговорност на родителите, но ако постои занемарување на грижата врз децата како резултат на соочување на семејствата со обезбедување на основен животен стандард, државата треба да преземе соодветни мерки. Не треба комплетно да се префрли грижата и одговорноста за децата врз родителите во семејствата во ризик. Социјалните работници требаа редовно да се на терен, да ги посетуваат овие семејства, да работат со нив во обезбедување сигурна средина за правилен животен раст и развој на децата во семејството, да му даваат помош итн.

Република Македонија е социјална држава и се очекува секаде каде што ќе затаи семејството во обезбедувањето на основните економски услови за нивните деца, да интервенира со свои механизми и инструменти за да им се овозможи на децата да ги остваруваат своите права кои им се загарантирани со Конвенцијата за правата на детето и со националните закони.

Потсетуваме на чл. 3, став 2 од оваа Конвенција во кој се вели: „Државите членки  се обврзуваат на детето да му обезбедат заштита и грижа неопходна за неговата благосостојба, земајќи ги предвид правата и обврските на неговите родители, законските старатели или на други поединци кои се правно одговорни за детето и за таа цел ги преземаат сите потребни законодавни мерки."

http://www.mxradio.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2315:2010-03-14-20-32-19&catid=83:makedonija&Itemid=200