Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37

Европски ден за побезбеден интернет10 Февруари 2010 год. се одржа Форум за безбедност на децата на интернет во организација на Microsoft во Македонија. Целта на овој настан беше да се привлече вниманието на пошироката јавност кон важноста на безбедноста на децата на интернет и да ја подигне свеста за улогата на наставниците, родителите и заедницата во врска со оваа тема.

Ангелина Чалакоска, Координатор на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 присуствуваше како претставник од Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Главно беа презентирани ризиците на кои се изложени младите на интернет, заедно со практичните совети за заштита на децата на интернет и беа претставени технолошките алатки што ќе помогнат во намалувањето на изложеноста на децата на несоодветна содржина и потенцијални ризици. Имаше презентација од Дирекцијата за заштита на лични податоци и од Министерството за Внатрешни Работи-оддел за компјутерски криминал со цел нагласување на државните иницијативи и активности во насока на создавање на побезбедна средина за работа на компјутер за децата во нашата земја.

За време на настанот, во друга просторија, од страна на ученици од основни училишта беше тестирана и оценета „играта за учење“ која е наменета за деца до 14 години. Оваа игра е со едукативен карактер за превентивно делување во заштитата од користење на интернетот.

Беа поделени и материјали со насоки и образовни содржини кои наставниците ќе можат да ги користат за учење и настава во училиштата. На родителите исто така им беа поделени прирачници за безбедноста на семејството и родителскиот надзот при пристапот наинтернет.

            На форумот присуствуваше и г-динот Никола Тодоров Министер за образование на Република Македонија. Неговото присуство на овој форум беше со цел потпишување на меморандум (договор) за разбирање за проектот „Партнери во учењето“, помеѓу Министерството за образование и Microsoft. Оваа програма е иницијатива на Microsoft во 120 земји, а Македонија е 113 земја партнер во програмата. Истата опфаќа кампања за подигање на јавната свест за ризиците, презентација на алатки за намалување на ризиците и обуки на наставниот кадар и едукација на родителите.